Меркел: Ситуацијата е многу сериозна,вирусот неконтролирано се шири

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус во Германија е сè уште многу сериозна, иако новите случаи на инфекција не растат со голема брзина, рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа ова го изјави по вчерашниот состанок со федералните премиери, по што ја одложи одлуката за натамошно засилување на мерките за 25 ноември.

Меркел рече дека повеќе би сакала да се донеле построги мерки на вчерашниот состанок на федералната влада со покраинските лидери, истакнувајќи дека е многу загрижена за неконтролираното ширење на вирусот на некои места во земјата, вклучително и Берлин.

„Бројот на нови инфекции веќе не расте експоненцијално, но сепак е многу голем. Затоа, треба да ги намалиме контактите, да ги намалиме контактите, да ги намалиме контактите“, повтори канцеларката неколку пати на деловниот состанок организиран од Зидојче цајтунг.

Според институтот Роберт Кох, Германија денеска има 14.419 нови случаи на инфекција, додека уште 267 пациенти поврзани со ковид- 19 починале.

Бројот на дневни инфекции е помал од минатата недела, но бројот на смртни случаи е зголемен.

Според германската канцеларка, околу 30-40 проценти од германското население припаѓа на ризичната група, вклучително и старите лица и оние со понежно здравје.

„Ставањето под контрола на епидемијата е најдобро решение и за економијата“, рече Меркел.

Германија на 2 ноември воведе ограничено затворање за да го спречи вториот бран на епидемијата на коронавирус. Баровите и рестораните се затворени, но училиштата и продавниците останале отворени.

Меркел предложи дополнителни мерки кои вклучуваат задолжително носење маски во училиштата и намалување на должината на часот, повикувајќи ги граѓаните и учениците да ги ограничат контактите на едно домаќинство или пријател.

Канцеларката повтори дека седумдневната инциденца мора да падне под 50 на 100.000 жители пред да се донесе одлука за ублажување на мерките. Германија во моментов има 141 случај на 100.000 жители, покажуваат најновите податоци на Институтот.

Состанокот меѓу германската федерална влада и федералните држави завршил вчера без конкретни одредби за нови мерки против коронавирусот, но учесниците апелираа до граѓаните да ги намалат социјалните контакти на минимум.

Пахор: Се подготвувам многу за функцијата специјален пратеник за дијалог Белград - Приштина

 Се подготвувам многу внимателно за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина.

-Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се освежи или заживее дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој моментално е во застој. Смета дека Словенија, како и тој, имаат статус на „еден чесен посредник“.

Пахор рече дека за можната функција се подготвува „многу внимателно и одговорно“ и додаде дека многу му значи поддршката што ја ужива во Словенија.

За време на меѓународната конференција за Западен Балкан минатиот месец, поранешниот претседател на Словенија повторно изрази желба да ја преземе оваа позиција, а беше поддржан и од премиерот Роберт Голоб.

Пахор неодамна објави дека работи на нацртот за продолжување на дијалогот и координацијата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ и земјите од Квинта, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина го именува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но конечната одлука ја носат лидерите на ЕУ.

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по завршувањето на неговиот мандат на крајот на август ќе биде именуван за амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

притисни ентер