Мерцедес врши достава на автомобилите до дома - Канал 5

Мерцедес врши достава на автомобилите до дома

И Мерцедес е меѓу производителите кои поттикнуваат купување без контакт.

Мерцедес врши достава на автомобилите до дома

Со цел да се популаризира онлајн купувањето и со тоа да се ублажат негативните ефекти на пандемијата, Мерцедес реши да ја збогати и популаризира својата услуга за онлајн шопинг. Услугата беше лансирана од Мерцедес уште во 2016 година и модернизирана на крајот на минатата година.

Се испостави дека е паметен деловен потег бидејќи системот оваа година привлече над 400.000 посетители, според германскиот магазин „Мотормобилс“.

Она што го прави специјално купувањето преку интернет е тоа што може да се наведе новиот Мерцедес до последен детал без да се излезе од дома. И најдобро од сè, автомобилот „Мерцедес Бенц“ ќе биде доставен до посакуваната адреса без дополнителни трошоци.

Во Мерцедес се оптимисти, така што проценуваат дека до 2025 година четвртина од продажбата ќе се врши преку интернет.

Не постои грижа за здравјето, бидејќи сите испорачани автомобили минуваат низ фаза на дезинфекција, дозна британскиот WhatCar. Исто така, британските купувачи на автомобили можат да изберат дали нивниот автомобил ќе биде натоварен на камион или сакаат да им го довезе возач. Во втората опција, возачот мора да носи заштитна облека и пред да ја напушти кабината, мора да ги дезинфицира сите површини што ги допрел, вклучително и клучот на автомобилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Православната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Филипче синоќа беше во Лешок.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер