Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023
2Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023
АвтомобилизамМерцедес со помош на корејска иновација ќе им стави крај на пијаните возачи Mercedes-Benz е заинтересиран за нова технологија која ќе стави крај на возачите под дејство на алкохол.Станува збор за технологија на корејската компанија PiQuant која развива уреди и решенија за мерење на концентрацијата на алкохол во крвта – со допир на прст. Технологијата на PiQuant може да се користи за да се спречи возење во пијана состојба со спречување на автомобилот да се запали или со префрлување на режим на автономно возење кога пијан возач ќе го притисне копчето за палење со прстот. Според BusinessKorea, новата технологија која наскоро би можела да го најде своето место во моделите на Mercedes се заснова на спектроскопија, а само еден допир на копчето за палење на автомобилот ќе биде доволен за откривање на алкохол во крвта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во СкопјеДелегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката. По повод големиот државен и национален празник 2ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Александар Трајановски, заедно со членката на Извршниот одбор Симона Цветановски и советничката во Советот на Скопје, Кети Штерјова, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто во Скопје. За многу години Илинден! Да живее Македонија! Скопје, 02.08.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ноле како вистински капетан заплови со јахтата од 5 милиони евра Најтрофејниот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да одмори во Црна Гора по „работното лето“, во текот на кое стигна до полуфиналето на ВимблдонНајтрофејниот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да одмори во Црна Гора по „работното лето“, во текот на кое стигна до полуфиналето на Вимблдон, а потоа имаше и бројни медиумски активности пред финалето на Светското првенство во фудбал, на кое присуствуваше како ВИП-гост во Њујорк. Екипа на српски „телеграф“ го улови Ноле зад кормилото на својата јахта вреда 5 милиони евра. Како вистински капетан Новак марината во Портоново, во местото Кумбор во Бока Которска, Црна Гора заплови со семејството по крајбрежјето. Во овој дела на Јадран, во близина на комплексот „Портонови“ –Новак Ѓоковиќ поседува луксузен апартман. https://www.instagram.com/reel/Dbd7HlvyXnT/Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРајна и Дунав пресушуваат. Европа се соочува со економски удар од 126 милијарди евраЕвропа се соочува со суша од големи размери по неколкумесечни слаби врнежи, високи летни температури и втор екстремен топлотен бран во рок од само еден месец. Според проценките на експертите, економската штета предизвикана од сушите и горештините во Европа би можела да достигне и до 126 милијарди евра годишно до 2029 година, пренесува ХРТ. Последиците се видливи низ целиот континент. Во периодот од април до јуни, на огромни површини од Европа – кои се протегаат од Португалија до јужна Финска – се регистрирани врнежи под просекот за овој период од годината. Ова, во комбинација со последователните топлотни бранови, ја засили сушата и доведе до невообичаено ниски водостои на реките, особено на Дунав и Рајна. Влијанието ги надминува рамките на големите речни системи; и алпските езера останаа без вода. Езерото Брене (Lac des Brenets), сместено на швајцарско-француската граница, речиси пресуши и е непроодно за пловни објекти веќе повеќе од една недела. „Загрижен сум; ова се катастрофи какви што не можевме ни да замислиме. Очекувавме многу работи, но не и суши што се појавуваат една по друга во толку краток интервал. Тоа тешко нè погодува бидејќи едноставно сме беспомошни пред ваквите климатски промени“, изјави Иван Дуриг од Ле Брене, Швајцарија. Поради сушата, Франција стравува од најслабата жетва на пченка во последните 50 години, додека Шпанија го ограничи пристапот на земјоделците до вода за наводнување. Холандија минатата недела воведе посебни мерки поради недостигот на вода, а на седум грчки острови беше прогласена вонредна состојба. Екстремно ниското ниво на водата го попречи и транспортот на стока по реката Рајна, принудувајќи ги германските фабрики да го намалат производството. Некои економисти предупредуваат дека прекините во транспортот би можеле да го намалат германскиот економски раст за 0,2 процентни поени. Бидејќи Рајна ги поврзува индустриските центри на Швајцарија, Германија и Холандија со Ротердам – најголемото пристаниште во Европа – проблемите во речниот транспорт брзо влијаат врз голем дел од европската економија. Биологот Торстен Ренебарт од Институтот за истражување на езера во Келн ја објасни состојбата на Рајна: „Вообичаено, водостојот е низок во зима, а висок во лето, бидејќи реката се полни со вода од Алпите. Кон крајот на пролетта или почетокот на летото, снегот на Алпите се топи и тогаш обично имаме голем прилив на вода. Сепак, минатата зима имаше многу малку снег, а сега нема вода.“ Научната мрежа „World Weather Attribution“ во своите анализи наведува дека климатските промени не биле причина за значителниот недостиг на врнежи во Европа во периодот од април до јуни. Сепак, научниците објаснуваат дека високите температури и сè почестите топлотни бранови стануваат главниот двигател на сушата. Имено, порастот на температурите ја зголемува способноста на атмосферата да ја извлекува влагата од почвата, реките, езерата и акумулациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook