Мерцедес прв во историјата добива тиркизни светла, објаснија и зошто служат (ФОТО) - Канал 5

Мерцедес прв во историјата добива тиркизни светла, објаснија и зошто служат (ФОТО)

„Мерцедес“ стана првиот производител на автомобили во светот кој доби дозвола да користи специјални, тиркизни светла на своите идни модели.

Мерцедес прв во историјата добива тиркизни светла, објаснија и зошто служат (ФОТО)

Тиркизот исполнува два важни критериуми кои беа клучни за изборот на бојата - освен што нуди разлика од постојните светлосни решенија на другите автомобили, обезбедено е и дистанцирање од сообраќајните сигнали на патиштата како што се семафорите или јавното осветлување.

Сепак, иновативното решение нема да се користи на сите автомобили од германската марка.

Само автоматизираните автомобили што возат по патишта без возач ќе бидат опремени со тиркизни светла. Кога светлата се вклучени, другите учесници во сообраќајот ќе знаат дека автомобилот е на „автопилот“.

Во однос на законската дозвола за употреба на тиркизот, мразот го скршиле Калифорнија и Невада во САД.

- Со развојот на автоматизирани светла, „Мерцедес“ повторно поставува нови стандарди во автомобилската индустрија. Ние сме првиот производител на автомобили во светот кој доби вакви одобренија во САД, поточно во Калифорнија и Невада. Колку повеќе автоматизирани возила излегуваат на патиштата, толку поважна станува комуникацијата и интеракцијата помеѓу возилото и околината - изјави Маркус Шефер, член на одборот на директори на „Мерцедес“.

Германската компанија наведува дека „Мерцедес“ сака да ја стандардизира тиркизната боја како средство за препознавање на автоматизираното возење, со намера глобално прифаќање на новата технологија. Во моментов, никаде во светот нема законска рамка, па Калифорнија и Невада донесоа многу важна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се влошува состојбата со пожарите во Грција

Опасноста од шумските пожари во поголем дел од западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција.

Се влошува состојбата со пожарите во Грција

Опасноста од шумските пожари во поголем дел од западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција, каде што силните ветрови ги разгореа пламените јазици, a избувна нов пожар на западниот остров Кефалонија.

За Грција, опасноста потсетува на трагедијата од 2018 година, кога во пожарот во крајбрежното место Мати, во близина на Атина, загинаа 104 луѓе. Тоа беше најсмртоносниот шумски пожар во Европа во овој век.

Стотици пожарникари трет ден по ред во неделата се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар што уништи десетици куќи западно од Атина, додека, пак, новиот пожар на Кефалонија предизвика низа наредби за евакуација,

Двајца се уапсени поради сомнение дека од небрежност го предизвикале пожарот западно од атина и против нив ќе бидат поднесени кривични обвиненија.

Силните и непредвидливи ветрови и натаму ја отежнуваат работата на пожарникарите, додека властите се во состојба на висока готовност поради можноста од избувнување нови пожари во поширокиот регион на Атина. За оваа област, како и за островот Евија, во неделата е прогласена опасност од пожари од четврта категорија на скала од пет степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски од Мечкин Камен: Демографијата е нашата нова борба за Македонија

Генерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и саможртвата, генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава, а генерацијата од 1991 ја потврди самостојноста.

Милошоски од Мечкин Камен: Демографијата е нашата нова борба за Македонија

„Генерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и саможртвата, генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава, а генерацијата од 1991 ја потврди самостојноста. Нашата задача е оваа слободна Македонија денес, да има кој да ја наследи утре“, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во илинденското обраќање на Мечкин Камен.

Осврнувајќи се на жртвата на Питу Гули, Никола Карев и Илинденците, Милошоски истакна дека демографијата е новата борба на денешната генерација и прашање што бара долгорочна национална одговорност. Тоа е заедничка обврска кон идните поколенија и македонската држава.

Потпретседателот истакна дека Крушево, симбол на борбата за слобода и државност, денес има неколкукратно помалку првачиња отколку во минатите децении, а со истиот предизвик се соочува целата држава.

„Што ќе вредат спомениците ако нема детски раце што ќе положат цвеќе пред нив? Колку ќе вреди македонскиот јазик ако нема кој да го говори? Ќе вредат ли училиштата ако во нив нема детски џагор?“, запраша Милошоски.

Според него, современата борба за Македонија не се води со пушка и Црешово топче, туку преку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца.

„Демографијата не е само статистика. Таа е бебешкиот плач, родителските солзи радосници, полните училишта и семејствата што со надеж гледаат кон иднината. Демографијата е прашање на личен приоритет, семејна среќа и национален опстанок“, истакна потпретседателот.

Милошоски нагласи дека Македонија мора да биде над политичките поделби.

„Партиите доаѓаат и си одат. Владите се менуваат. Татковината останува. Можеме да спориме за патот, но не смееме да го изгубиме правецот. Може да имаме различни политички ставови. Тоа не е слабост — Тоа е демократија.

Но, постојат работи што мора да стојат над нашите поделби. Македонија е првата меѓу нив. Бидејќи националното единство не е отсуство на разлики.

Националното единство е присуство на заедничка одговорност за државата!”

Потпретседателот додаде дека на младите треба да им се остави земја каде што ќе основаат семејства и ќе ги растат своите деца.

„Слободата ја наследивме од предците. Иднината ја должиме на потомците. Македонија треба да им ја предадеме како жива татковина – со деца, полни училишта и млади што творат овде“, порача Милошоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови нападнаа 600 километри во Русија – во пламен база со стратешки бомбардери

Украинските сили ноќеска ја нападнаа руската воздухопловна база во Енгелс и рафинерија за нафта во Саратовската област, потврди генералштабот на Украина по претходните информации од каналите што ги следат воените дејства.

Украински дронови нападнаа 600 километри во Русија – во пламен база со стратешки бомбардери

Украинската војска соопшти дека погодила „цел“ во руската воздухопловна база Енгелс, при што избувнал пожар, но не прецизираше што точно било погодено. во базата се стационирани стратешките бомбардери ТУ-95мс и ТУ-160, кои Москва ги користи за ракетни напади врз Украина.

Пожар наводно избувнал и во рафинерија во блискиот руски град Саратов, откако објектот бил погоден со украински беспилотни летала. генералштабот соопшти дека украинските сили го погодиле и складиштето за нафта „Људиновскаја“ во калушката област.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги потврди нападите во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер