Мерцедес претстави нов ,луксузен модел за кинескиот пазар (ФОТО)

Кина полека се враќа во живот, а тоа се потврдува со зголемената активност во автомобилската индустрија.

Додека фабриките во Европа се хибернирани, повеќето од нив во Кина не престанаа со работа. Дури и Мерцедес е активен на пазарот, воведувајќи го изданието на Мајбах S450 4Matic, кој работи со 3,0 твин-турбо бензински мотор, во комбинација со електро систем од 48V. Максимално има моќ  од 373 КС и 500 Nm обртен момент.

Според CarNewsChina, ова е колекционерското издание, во кое има голем број додатоци како што е сосема нов преден дел, 20-инчни рамки и посебна нијанса на кафеава боја. Надворешноста е само одраз на  луксузот внатре со кожа и скапоцено дрво. Цената започнува од 1.458.800 јуани, што е околу 192.000 евра.

притисни ентер