3Светската јавност во исчекување на говорот на Трамп – Иран и Украина се очекува да бидат доминантни теми
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
АвтомобилизамМерцедес нуди голем попуст на електричните модели Интересна вест доаѓа од Мерцедес.Mercedes-EQ започнува стимулативна кампања за купување електрични патнички возила. Откако ширум светот одекна веста дека Mercedes значително ги намали цените на своите два најпосакувани модели на кинескиот пазар, слични вести доаѓаат и за европските клиенти. Имено, Мерцедес информираат дека воведуваат т.н EQ стимулации за купување на електрични возила од серијата EQ. Висината на стимулацијата е дури 7963,37 евра, а важи за целата палета на EQ, без разлика дали се работи за возило од залиха или со нарачка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да се извинат за седумте изгубени години во земјоделиетоСДС нуди предлози со кои дополнително би се осакатиле македонските земјоделци. Наместо измислени предлози и политички лекции, СДС и Венко Филипче прво треба да застанат пред земјоделците и да им се извинат за она што го направија во седумте години власт. Да се извинат што седум години го уназадуваа македонското земјоделство. Да се извинат што оставаа неисплатени субвенции и долгови кон земјоделците, пари кои оваа Влада мораше да ги исплаќа и да ги расчистува. Да се извинат што ги крадеа земјоделците. Да се извинат и за економските политики со кои дополнително го оптоваруваа стопанството, меѓу кои и солидарниот данок што го воведоа. Наместо денес да глумат загрижени за земјоделците и за стандардот на граѓаните, треба да одговорат за сопствените одлуки додека беа на власт. А Венко Филипче, треба да даде одговори и за случајот со набавката на кинеските вакцини и за јавно објавените сомнежи и обвинувања поврзани со посредници и провизии. Наместо денес да дели лекции, јавноста заслужува прецизни одговори за постапките и одлуките од тој период. И конечно, наместо СДС денес да кажува како требало да се води земјоделието, нека погледне што покажуваат резултатите. 2024 и 2025 година се години на силен раст на извозот на земјоделски производи, со резултати што се издвојуваат во споредба со извозните остварувања во изминатите 15 години. Во 2025 година извозот на земјоделски производи достигна 416,7 милиони евра, односно околу 85 милиони евра повеќе од 2024 година. Тоа се бројки. Тоа се резултати. СДС прво нека се извини за седумте изгубени години во земјоделието, за неисплатените субвенции и за политиките со кои го оптоваруваше стопанството, а потоа нека им дели совети на земјоделците. Земјоделците не живеат од соопштенија – живеат од својот труд, од сигурен пласман, од навремена поддршка и од резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари: Јавните политики мора да се темелат на знаење и фактиМинистерот за правда Јетон Шасивари денеска учествуваше на тркалезната маса „Унапредување на истражувачко-аналитичката функција во политичките партии – правни и компаративни искуства“.Шасивари истакна дека партиските истражувачко-аналитички центри (ПИАЦ) имаат важна улога во унапредувањето на квалитетот на политиките, јавната дебата и демократските процеси. „ПИАЦ треба да бидат места каде што политиката се соочува со фактите, а податоците и анализите се користат за одлуките да бидат подобри“, порача Шасивари. Тој нагласи дека со користењето јавни средства за финансирање на ПИАЦ доаѓа и јавна одговорност, особено во однос на квалитетот на истражувањата, анализите и препораките што произлегуваат од нив. ,,Јавните средства мора да произведуваат јавна вредност.Тие средства се наменети за истражување, анализа, развој на политики и градење стручни капацитети.Затоа е потребно да имаме не само правила за тоа како се трошат средствата, туку и култура на одговорност за тоа што произведуваат тие средства. Кои истражувања се направени? Кои анализи се подготвени? Кои политики се евалуирани? Кои препораки произлегле од нив? Како се користеле податоците? Каков придонес имале овие центри во развојот на политиките? Тоа се прашањата кои треба да ги поставуваме.Не за да ја ограничиме политичката работа, туку за да ја направиме посериозна, поквалитетна и поодговорна,”нагласи Шасивари. Министерот ја истакна и важноста на меѓупартиската соработка во областа на истражувањето и знаењето. „Можеме да не се согласуваме околу решенијата, но можеме да се согласиме дека решенијата треба да се темелат на точни податоци и сериозна анализа“, истакна Шасивари. Како Министерство за правда, наша одговорност е да обезбедиме јасна и функционална правна рамка. Министерство за правдаТагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
СветСветската јавност во исчекување на говорот на Трамп – Иран и Украина се очекува да бидат доминантни темиВниманието на светската јавност е во насочено кон американскиот претседател Доналд Трамп.Вниманието на светската јавност е во насочено кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да се обрати пред Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во момент на длабоки геополитички тензии и глобална енергетска криза. Војните на блискиот исток и во Украина се очекува да имаат доминантно место во говорот на американскиот претседател, а според медиумските извештаи, тој ќе се осврне и на темите поврзани со договорот со гренланд, вештачката интелегенција и за иднината на Обединетите Нации, тело кое во изминатиот период Трамп жестоко го критикуваше. Според најавите од Белата Куќа, Трамп фокусот ќе го стави на лидерството на САД, на бројните предизвици со кои се соочиле како земја и на тоа дека светот е во подобра состојба отколку претходно.. Во однос Иран, седум месеци по почетокот на војната, Трамп се очекува да нагласи дека конфликтот бил неопходен за да се спречи нуклеарната закана од техеран, а војната во Украина, да ја лоцира како една од клучните причини за актуелната нафтена криза. Токму затоа, тој се очекува на денешната средба со зеленски да изврши притисок врз украинскиот колега да ги прекине нападите врз руските рафинерии за гориво. Трамп вчера изјави дека русија за жал ја загубила контролата врз својата индустрија за дизел-гориво. Оваа смешна и бескрајна војна со украина мора да заврши, напиша тој на социјалните мрежи.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29