Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
1Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
31.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
АвтомобилизамМерцедес го претстави најголемото оружје против Тесла(ФОТО)Мерцедес веќе лансира неколку електрични модели, оставајќи ги најголемите за на крај.Првиот во низата новини доаѓа следната година. Претпоставувате, станува збор за електрични камиони. „Најобичниот“ е e-Actros, кој треба да се најде во продажба во средината на следната година, нудејќи домет од околу 200 км, и е идеален за локален сообраќај во приградските населби. Многу поинтересен е футуристичкиот eActros LongHaul, камион способен да вози околу 500 км без запирање. Сè уште е во фаза на развој, а првите примероци за комерцијална употреба се очекуваат во 2024 година. Да потсетиме, Semi на Tesla има подолг домет (800 км), а на пазарот треба да пристигне следната година. Конечно доаѓаме до камионот GenH2. Благодарение на водородните и горивните ќелии, овој камион може да вози над 1000 км без да застане со два резервоари со вкупен капацитет од 80 кг водород. Секој електричен мотор обезбедува околу 330 kW максимална моќност, и вртежен момент до 2.071 Nm. Во Мерцедес велат дека може да одговара на перформансите на најмодерните дизели. Првите комерцијални тестови започнуваат во 2023 година, а тие ќе бидат пуштени во продажба по 2025 година. На пример, XCIENT Fuel Cell на Hyundai како прв камион со водороден погон од голема серија веќе има домет од 1.000 км.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаЈанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местотоГолем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот. Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити купува голем бразилски талент Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара. Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем. Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
ЖивотКосопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција Милијардерот Џед Јорк, косопственик на „Лидс“ и „Сан Франциско Фортинерс“, е уапсен минатиот викенд во Охајо поради плаќање за проституција.Според судските документи до кои во понеделникот дојде „Калифорнија пост“ (The California Post), Јорк стапил во контакт со жената преку веб-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари во замена за сексуални услуги. Согласно договорот, тој се упатил кон кампот за мобилни куќи „Вит Хил“ (Weat Hill), каде што бил уапсен. Обвинителството го преиначило првичниот обвинителски акт за вршење проституција во поблаго обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил обвинет и за поседување оружје. Според американските медиуми, Јорк бил осуден на еден ден затвор за секоја точка од обвинението, при што казните се извршувале истовремено. Тој бил пуштен на слобода откако платил кауција од 5.000 долари, како и парични казни од 150 долари за недолично однесување и 1.000 долари за поседување огнено оружје. Јорк е мнозински сопственик на НФЛ-франшизата „Сан Франциско Фортинајтерс“ (San Francisco Fortnighters), а поседува и сопственички удели во фудбалските клубови „Лидс“ и „Глазгов Ренџерс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter