Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година
ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
1Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година
2ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
3Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
1 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
СветМерц го повика Зеленски да ги задржи украинските мажи во земјата, каде што се потребниГерманскиот канцелар Фридрих Мерц го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се погрижи младите мажи од Украина да не доаѓаат во Германија во голем број како бегалци, велејќи дека тие се „потребни“ во Украина.За време на телефонскиот разговор, Мерц разговарал со Зеленски и за енергетскиот скандал што ја зафати украинската влада, објави Ројтерс. Мерц, исто така, рече дека германската влада планира да ги прилагоди бенефициите што им се даваат на украинските бегалци, така што „стимулациите за работа ќе ги надминат стимулациите за останување во системот за социјална помош“. Земјите од Европската Унија регистрираа 79.205 украински бегалци во септември, што е најголем месечен број од август 2023 година, според Евростат. Зголемувањето на бројот на бегалци дојде откако Украина одлучи во август 2025 година да им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години слободно да ја преминуваат границата. Повеќе од 1,2 милиони украински бегалци, или 28,3 проценти од вкупниот број бегалци во ЕУ, моментално се сместени во Германија, соопшти Евростат.Тагови: Володимир Зеленски Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМинистерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 годинаМинистерство за култура и туризам информира дека Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година.Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда, под условите определени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство. Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2026 година. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам. Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последициОсновното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски”.Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024 година, на Одделот за интерни болести во болницата, несовесно лекувале 40-годишна пациентка, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба кое резултирало со смртен исход. Пациентката се јавила во болницата по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнение за воспаление на вените – тромбофлебитис. Но, по почетниот преглед на интерното одделение, без целосна анамнеза и детални анализи, и била поставена дијагноза – ревматоиден артритис и била дадена терапија, по што била пуштена дома. Како резултат на тоа, не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба, со што била пропуштена реална можност за навремено откривање и лекување на тромботичниот процес кај оштетената, за спречување или ограничување на напредувањето на тој процес, како и на последователното влошување на нејзината здравствена состојба. На 01.06.2024 година пациентката со силни болки во стомакот и влошена општа состојба повторно се јавила на преглед во болницата. Иако тогаш била хоспитализирана, во следните четири дена, и покрај абнормалните вредности на лабораториските и биохемиските анализи, ниту еден од дежурните лекари не презел дополнителни дијагностички испитувања со цел да се испитаат причините и да се одреди соодветна терапија. Затоа здравствената состојба на оштетената продолжила значително да се влошува. Попладнето на 04.06.2024 година, таа побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба. При итно извршениот хируршки зафат и била констатирана тромбоза на горната и долната мезентерична артерија со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Таа состојба веќе била неоперабилна и на 05.06.2024 година оштетената починала, стои во соопштението од Обвинителството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Фудбал Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензијаНеславен крај на една огромна кариера – на Кристијано Роналдо му се заканува суспензија, навивачите предизвикаа хаос на аеродром.Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ги напушти репрезентативните подготовките и во текот на ноќта пристигна во Мадрид, а според дисциплинскиот правилник на Фудбалскиот сојуз на Португалија, му се заканува суспензија во траење од еден до шест месеци, како и парична казна. 🚨 IMAGEN @elchiringuitotv | CRISTIANO YA ESTÁ EN MADRID 🚨 👀 Llega tras abandonar la expedición de Portugal. https://t.co/eJhKuEigFn — El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 1, 2026 Роналдо го напуштил аеродромот „Барахас“ околу 2:40 часот по локално време, по лет од Копенхаген кој траел приближно три часа. Неговото излегување од аеродромот привлече голем број навивачи, а во еден момент неколкумина од нив ја пробиле безбедносната зона во обид да ја видат португалската ѕвезда. Заминувањето на 41-годишниот напаѓач на Ал Наср може да повлече сериозни дисциплински последици. Според Дисциплинскиот правилник на Португалската фудбалска федерација (FPF), играч кој е уредно повикан во националниот тим, а неоправдано ќе го напушти или нема да присуствува на тренинзи, натпревари или активности на репрезентацијата, може да биде казнет со суспензија во траење од еден до шест месеци. Cristiano Ronaldo leaves the stadium and heads to the Portugal team hotel, where he will wait for his private jet back to Madrid. https://t.co/rnNLXyTVA8 — Al Nassr Zone (@TheNassrZone) September 30, 2026 За професионалните фудбалери е предвидена и дополнителна парична казна од пет до десет пресметковни единици, што во овој случај изнесува приближно 500 до 1.000 евра. Во членот 160 од правилникот исто така се наведува дека отсуството или напуштањето на репрезентативните активности може да доведе до автоматска превентивна суспензија на играчот. Инаку се започна пред дуелот во Осло меѓу Норвешка и Португалија. Тензиите станаа очигледни по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка во Осло. Роналдо беше стартер во победата од 1:0 над Велс во првото коло од групата А4 во Лигата на нации, но следниот натпревар против Норвешка го започна од клупата за резерви. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не настапи. По завршувањето на натпреварот, португалскиот капитен незадоволен се упати кон соблекувалната и не остана со соиграчите за време на поздравот со навивачите. Ситуацијата дополнително ескалираше следниот ден. Роналдо се ограничи на вежбање во теретаната на хотелот каде што престојуваше репрезентацијата, иако се појави на местото каде што се одржуваа тренинзите.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook