Меморандум за соработка во спортот меѓу Македонија и Црна Гора - Канал 5

Меморандум за соработка во спортот меѓу Македонија и Црна Гора

Македонија и Црна Гора потпишаа Меморандум за соработка во областа на спортот.

Меморандум за соработка во спортот меѓу Македонија и Црна Гора

Министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, денеска во Подгорица потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете земји во областа на спортот.

Со овој меморандум се продлабочува соработката меѓу двете земји и се истакнува заедничката заложба за поврзување на земјите од регионот преку спортот. Приоритет е размената на експертиза во: институционалната соработа, во областа на науката и технологијата применета во спортот, спортската медицина, борбата против негативните појави во спортот, организација на спортски настани, организирање на обука на спортски специјалисти, програми за поддршка на спортот за лица со попреченост, спорт за сите, спортската инфраструктура, спортскиот туризам како и во спортот во образовните институции.

-Со Министерството за спорт и млади на Црна Гора и со министерот Драгослав Шќекиќ имаме една соработка која е повеќе од политичка. Мислам дека тргнавме и во еден друг правец, станавме пријатели надвор од оваа политичка димензија и чест ни е што сме денеска гости во Подгорица – истакна министерот Борко Ристовски.

Тој нагласи дека Меморандумот за разбирање во областа на спортот меѓу Македонија и Црна Гора е резултат на заедничката заложба на двете земји да го вратат регионалниот спортски дух и меѓусебната поврзаност на земјите од регионот.

-Од оваа соработка ќе имаме многу придобивки.Тука не е само оној спортскиот дел, овој договор испраќа и многу други пораки, пораки кои значат дека ние иако сме различни држави, сепак сме израснати во тој дух на заедништво и треба да негуваме меѓусебна почит, нашите народи да бидат уште поблиски. Во склоп на оваа воспоставена соработка почнуваме и пилот проект со организирање на регионални турнири кој ќе стартува од Македонија. Без разлика што ова натпреварување нема да биде официјално туку регионално, сепак ќе испратиме силна порака дека ние како држави имаме капацитет да се обединиме и да направиме нешто повеќе. Пред сѐ тоа да биде промоција на нашите држави, промоција на спортот и порака дека сите ние во регионот треба да се држиме заедно и да си помагаме едни со други – истакна Ристовски.

Министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ изрази огромно задоволство од постигнатиот договор, воспоставувањето на цврста соработа меѓу двете земји во областа на спортот и развојот на поширока регионална поврзаност.

-Изразувам огромно задоволство што денеска во посета на Црна Гора е мојот пријател и пријател на Црна Гора, министерот за спорт Борко Ристовски и што имавме можност да разговараме за идната соработка и за развојот на спортот во Црна Гора и во Северна Македонија. Нашата намера беше да го повториме она што некогаш се одвиваше во поголем капацитет и тоа дополнително да го унапредиме, да додадеме и некои нови услови за соработка, но и да покажеме дека ние земјите од Балканот преку спортот можеме да придонесеме за поврзување на сите нивоа и дека спортот е најголемиот промотер на позитивните процеси. Во таа насока ќе дадеме сѐ од себе – рече Шќекиќ.

Црногорскиот министер за спорт и млади ја промовираше и идејата за воспоставување на регионални лиги во одбојка и ракомет во кои првично би настапувале екипи од Македонија, Црна Гора, Србија и во најава, Босна и Херцеговина, како и одржување на регионални турнири во овие спортови.

-Денеска имавме можност да разговараме за организирање на регионален турнир кој би бил претходница на идната регионална лига. Кога е во прашање ракометот, во овој момент учеството го потврдија Северна Македонија, Црна Гора и Србија, очекуваме да се приклучи и Босна и Херцеговина. Во одбојка веќе е извесно одржувањето на тој регионален турнир на кој ќе бидат овие четири екипи. Во Црна Гора ќе биде организиран турнирот во одбојка, а во Северна Македонија турнирот во ракомет. На турнирот ќе учествуваат по една машка и по една женска екипа од секоја земја. И пред оваа средба ние имавме средби и со другите колеги министри и изразивме големо задоволство од овој проект. Сакаме да покажеме дека преку спортот може да направиме многу големи работи, како за унапредување на спортот, така и за поврзување на нашиот регион – истакна министерот Драгослав Шќекиќ.

Со Меморандумот се предвидува и поттикнување на соработка меѓу двете земји во областа на спортот и во рамките на меѓународните организации со цел размена на информации и спроведување на заеднички активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“

Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. 

Ким Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“

Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател.

Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“.

Таа секој ден ги вози на училиште

И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа.

Таа се грижи за јавното експонирање на децата

Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди.

Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализирани

Училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.

Хаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализирани

Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани.

„Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“.

Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите.

Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.

Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство.

„Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот.

Протести низ Франција

Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови.

Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000.

Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите.

Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и син

Татко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.

Пукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и син

Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница.

Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата

Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група.

По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста.

Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје.

Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност

Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице.

Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата.

Мотивот сè уште непознат

Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж.

По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер