Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштата - Канал 5

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштата

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека наскоро до владата ќе предложи мерка со који ќе се ограничи бројот на странски ученици во училишните одделенија и ќе се забрани носењето бурки и никаби во училиштата.

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштата

Мелони ова го соопштила пред младинската организација на нејзината партија „Италијански браќа“, додавајќи и дека со мерката исто така ќе стане задолжително изучувањето на италијанскиот јазик за родителите на странските ученици кои имаат „сериозни тешкотии при интеграцијата во училишниот систем“.

– За нас, секој што доаѓа во Италија и сака да ја гради својата иднина тука, мора да го научи нашиот јазик, да ја разбере нашата култура и да ги почитува нашите правила. Тоа е единствениот сериозен начин да ги пречекаме – изјавила Мелони.

Откако ќе биде одобрена од владата, мерката ќе треба да помине и во парламентот во рок од 60 дена за да стапи на сила

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци

Денеска официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци, по повеќегодишни иницијативи и заложби за унапредување на занаетчискиот сектор во регионот.

Јанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци

„Формирањето е поддржано од локалната самоуправа и градоначалникот, а иницијативата ја поддржаа и повеќе од 350 занаетчии од Кавадарци со своите потписи. Регионалната комора ќе претставува институционална поддршка за занаетчиите, со цел унапредување на условите за работа, развој и заштита на занаетчиската дејност.

Честитки до кавадаречките занаетчии за овој значаен чекор.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер Гаши

Собранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство, потврди собранискиот спикер Африм Гаши, откако десетина закони останаа заглавни поради не можноста да се обезбеди двојното мнозинство..

Собранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер Гаши

Гаши уверува дека се бара начин за надминување на разликите преку дијалог, но конкретно решение нема на повидок.

Во моментов поради немање Бадентер тој не ги става на гласање законите за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа, иако одмана ја имаат поминато целата собраниска процедура, а нов тест се очекува да биде и законот за висока раководна служба.

-Јасно е дека во Собрание имаме проблем околу гласањето на закони за кои е потребно двојно мнозинство т.н Бадентерово, но за се во демкоратијата треба разговор, дијалог и треба да има решение. Јас лично заедно со сите пратеници разговараме, бараме начин како да ги надминеме овие разлики. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение и ќе се договориме, ако треба закон по закон или концептуално. Како и да е, важно е Собранието да профункционира, изјави Гаши.

Гаши пред медиумите го бранеше ставот со кој се произнесе за осудителната пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК, откако минатата недела напиша дека за албанскиот народ овие лица се и остануваат ослободители на Косово. Неговата изјава како претседател на македонското Собрание предизвика многу реакции и дома, а беше прозван и од српскиот претседател Вучиќ, но тој изјави дека ставот бил личен и смета дека има право на тоа.

-Личноста Африм Гаши не може да биде 24 часа и од политички аспект само претседател на Собранието. И затоа свесен дека не го кажувам тоа од позиција на претседател на Собрание, тоа беше мој личен став од моето политичко минато и затоа беше јасно дека и затоа беше јасно дека никаде не се повикав на Собранието или на институцијата. Затоа би сакал и вие и граѓаните да ме разберат дека тоа е мој личен став и не треба да се меша со функцијата која ја извршувам, изјави Гаши.

Гаши информираше дека и на денешната координација со пратеничките групи била отворена темата за Изборниот законик, но засега партиите остануваат без консензус за ова прашање.

Гаши од партиите се уште ги чека и предлозите за формирање на анкетната комисија што треба да ги истражи трагедиите Пулс, Модуларна, Ласкарци и Беса транс, а во меѓуврем очекува да се усвојат заклучоците за Кочани на постојаната анектна комисија за човеквои права која заседава уште лани во декември..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс

Седум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс, семејствата на загинатите и повредените сè уште чекаат конечна судска разрешница.

Седум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс

По одлуката на Врховниот суд со која е укината пресудата за обвинетите и предметот е вратен на повторно одлучување пред Апелациониот суд, семејствата излегоа со писмо до јавноста. Велат дека одлуката ја примиле со неверување и чувство на неправда и дека дополнително ја нарушува довербата во правосудниот систем.

-Сметаме дека ваквата одлука дополнително ја поткопува и онака сериозно нарушената доверба на граѓаните во правосудниот систем. Ова не претставува само неуспех на правосудниот систем, туку и сериозен удар врз целото општество,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци.

Семејствата потсетуваат дека во меѓувреме дел од родителите кои ги загубиле своите деца не ја дочекале конечната судска разрешница. Тие бараат новата постапка да се води без понатамошно одолговлекување и одлуката да биде заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес.

-Она што го бараме е правда заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес, кои недвосмислено укажаа на причините што доведоа до трагедијата и врз основа на кои беше утврдена одговорноста во првостепената постапка, а потоа и во второстепената, без понатамошно одолговлекување и без никакви компромиси во утврдувањето на одговорноста за изгубените човечки животи,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци.

На 9 септември Врховниот суд ја укина пресудата на Апелација и предметот го врати на повторно одлучување. Во образложението подоцна наведе дека второстепениот суд не дал конкретни одговори на клучните жалбени наводи, ниту доволно објаснил како дејствијата на секој од осудените придонеле за трагедијата. Посочени се и прашањата околу техничката исправност на автобусот и вештачењата за причините за несреќата, како и тоа дека не било спроведено супервештачење за здравствената состојба на возачот. Сега Апелациониот суд повторно треба да ги разгледа жалбите и да донесе нова одлука.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер