СветМелони ги осуди фашистичките испади на сопартијцитеИталијанската премиерка Џорџа Мелони ги предупреди своите сопартијци дека секој што го велича фашистичкото минато на Италија треба да биде избркан од партијата Браќа на Италија, чиј лидер е таа.Мелони ова го изјави откако медиумите минатата недела објавија видео на кое се гледа како неколку членови на младинската група на партијата ја креваат десната рака во фашистички поздрав извикувајќи „Зиг хајл“ (Sieg Heil). Во вчерашното писмо до раководството на партијата, Мелони наведува дека е лута и тажна затоа што со овој потег е нарушен угледот на партијата. - Во нашата партија нема место за расизам или антисемитизам, како што никогаш немало место за оние кои носталгично гледаат на тоталитарните режими од минатиот век. Нашата задача е премногу важна за да дозволиме да биде уништена од оние кои не ја разбираат големината на таа задача, изјави таа. Партијата „Браќата на Италија“ потекнува од неофашистичката група која се појави по Втората светска војна, но Мелони се обидува да се дистанцира од ултрадесничарите и вели дека нејзината партија е класично конзервативна. По објавувањето на видеото на порталот Фанпејџ, италијанската опозиција соопшти дека „владејачката партија е рај за екстремните десничари и оти се лажни напорите на премиерката да се претстави како умерена политичарка и во Италија и во светот“. Премиерката, која минатата недела ги осуди методите на Фанпејџ, рече дека нејзината партија мора да биде транспарентна и доследна. - Секој што верува дека јавната слика на членовите на нашата партија не соодветствува со тоа какви се приватно, едноставно не разбира какви сме ние и затоа не е добредојден, рече таа./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возењеВластите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.Тагови: мито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook