Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
1Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
ЖивотМеланија Трамп му испрати предупредување на Бајден пред тужба: Тврдел дека со Трамп ја запознал Епштајн, скапо ќе го чини тоаПрвата дама на САД, Меланија Трамп се закани дека ќе го тужи Хантер Бајден за повеќе од една милијарда долари откако тој рече дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн ја запознал со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.Првата дама на САД, Меланија Трамп се закани дека ќе го тужи Хантер Бајден за повеќе од една милијарда долари откако тој рече дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн ја запознал со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-Би-Си. Можеби ќе ве интересира: Меланија ја опиша првата средба со Трамп: Изгледаше како да сум центар на неговиот свет (ФОТО) Адвокатите на првата дама, која се омажи за Трамп во 2005 година, го опишаа тврдењето на Бајден како „лажно, омаловажувачко, клеветничко и провокативно“. Писмото испратено до адвокатот на Хантер Бајден бара повлекување и извинување, со закана за тужба за „штети поголеми од една милијарда долари“. Се тврди дека првата дама претрпела „огромна финансиска и репутациска штета“ од тврдењето, кое Бајден го повтори. Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, го изнесе тврдењето претходно овој месец во интервју во кое остро ги критикуваше минатите врски на Трамп со Епштајн. Трамп во минатото призна дека го познавал Епштајн, но тврди дека се разделиле на почетокот на 2000-тите затоа што Епштајн ги киднапирал вработените од спа-центарот на Трамп во Флорида. Можеби ќе ве интересира: Дисциплина е второто име на Меланија Трамп, совршената линија ја должи на еден појадок кој секо Во разговор со режисерот Ендру Калаган, Бајден рече: „Епштајн ја запозна Меланија со Трамп - тие врски се многу широки и длабоки“. Адвокатите на првата дама тврдат дека Бајден се потпирал на статија од американскиот портал „Дејли бист“, која подоцна била отстранета откако правниот тим на Меланија ја оспорил нејзината содржина и наслов. Отстранетата статија, која делумно го цитирала новинарот Мајкл Волф, алудирала на тоа дека Меланија била поврзана со познаник на Епштајн и Трамп кога го запознала својот сегашен сопруг. „Дејли бист“ ја повлече приказната по правен предизвик и се извини „за каква било забуна или недоразбирање“. Би-Би-Си наведува дека нема докази дека Меланија и Трамп се запознале преку Епштајн, кој во 2019 година, според тврдењата на поранешната и сегашната американска администрација, извршил самоубиство во затвор додека чекал судење по обвинение за сексуална експлоатација на малолетници. Адвокатот на првата дама, Алехандро Брито, ја упатил Би-Би-Си на изјава од нејзиниот помошник, Ник Клеменс: „Адвокатите на првата дама Меланија Трамп активно обезбедуваат итно повлекување и извинување од оние што шират злонамерни, клеветнички лаги“. Профилот на „Харперс Базар“ од 2016 година вели дека Меланија и Трамп се запознале во ноември 1998 година на забава организирана од сопственик на модна агенција. Меланија потоа изјави дека не сака да му го даде неговиот телефонски број бидејќи тој бил „со придружба“. Трамп потоа се разделил од својата втора сопруга, Марла Мејплс, од која се развел во 1999 година, а претходно бил во брак со Ивана Трамп од 1977 до 1990 година. Писмото на адвокатите доаѓа во услови на притисок врз Белата куќа да ги објави таканаречените досиеја на Епштајн - документи од истрагата за осудениот педофил. Пред неговиот реизбор, Трамп рече дека ќе ги објави ако се врати во Белата куќа, но ФБИ и Министерството за правда во јули изјавија дека нема „инкриминирачки“ список на клиенти на Епштајн.Тагови: Доналд Трамп Епштајн Меланија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„GPS“ или брзиномер: На што да верувате кога бројките не се совпаѓаат?Дали всушност возите побавно отколку што мислите? Постои разлика помеѓу вашиот брзиномер и „GPS“-от.Зошто често постои разлика помеѓу брзината прикажана на инструмент-таблата во автомобилот и брзината што ја покажуваат „GPS“ навигациските системи или апликации? Одговорот лежи во начинот на кој овие уреди ја мерат брзината, како и во прописите што производителите на автомобили се должни да ги почитуваат. Според прописите за возила на европскиот пазар, брзиномерот никогаш не смее да покажува брзина помала од реалната. Сепак, дозволено е да прикажува вредност што е до 10 проценти поголема. Како резултат на тоа, не е невообичаено на инструмент-таблата да стои, на пример, 110 км/ч, додека „GPS“ навигацискиот систем регистрира малку помала бројка. Производителите обично ги калибрираат брзиномерите така што тие покажуваат малку зголемена брзина, за да се осигураат дека прикажаната вредност никогаш нема да биде помала од реалната. Кога „GPS“-от е попрецизен? „GPS“ уредите ја пресметуваат брзината врз основа на времето потребно за поминување на одредено растојание. Кога автомобилот се движи со константна брзина – особено на прав, отворен пат – „GPS“ навигацијата обично може да даде попрецизен податок од фабрички вградениот брзиномер. Сепак, и „GPS“-от има свои ограничувања. Наглото забрзување или забавување може да влијае на прикажаната вредност, бидејќи на системот му е потребно одредено време за да ги прилагоди своите пресметки на промените во брзината. Сличен проблем може да се појави и на патишта со многу остри кривини. Затоа, „GPS“ навигацијата не е нужно попрецизна во секој поединечен момент. При константна брзина, таа генерално има предност, додека брзиномерот во автомобилот реагира побрзо на промените во темпото на возење. Заклучок: Ако возите со рамномерна брзина на отворен пат, „GPS“-от често е подобар показател за вашата реална брзина. Сепак, додека возите, треба да се потпирате на брзиномерот во автомобилот и да ги почитувате ограничувањата на брзината. Извор: Б92Тагови: GPS брзиномер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаГерасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицатаОпштина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата. Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег. „Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита ОрбанВо рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот. Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан. Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook