3Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ЗабаваМеланија ја нарекувала ќерката на Трамп - „змија"Меланија Трамп се пофали дека нејзината јакна „Зара“ ја носи ознаката „Навистина не ми е гајле, нели?“ со што ги полуде либералите и ја нарече змија Иванка и нејзиното семејство, се тврди во новата книга.Книгата ,,Меланија и Јас: Подемот и падот на моето пријателство со Првата дама’ е напишана од нејзината поранешна најдобра пријателка Стефани Винстон Волкоф и ќе биде објавена на 1 септември. Винстон Волкоф исто така тврди дека Меланија ја омаловажувала работата на Мишел Обама како прва дама. "Дали Мишел Обама некогаш отишла на границите? Никогаш не отишла. Покажи ми слика ако отишла", рекла таа. Покрај тоа, Меланија Трамп избрала да ги игнорира напорите на Обама да испраќа пакети со облека, како што е поддршката на афро-американските дизајнери, и одлучи дека таа ќе ги носи креациите само врз основа на тоа дали и се допаѓа. Таа, исто така, наводно, и рекла на поранешната наводна пријателка дека нема да се пресели во Белата куќа додека не се заменат тушевите ,тоалетите и чиниите што ги користела Обама. Покрај тоа, Винстон Волкоф тврди дека Меланија ја обоила својата канцеларија и гардероба во розово и дека ја украсила просторијата каде што се шминка и фризира. Има една тема за која Меланија не зборувала многу. „Секое интимно прашање во врска со нејзиниот брак го избегнува и незабележливо го префрла разговорот кон мене, мојот сопруг, моите деца и мојата кариера со која беше фасцинирана“, тврди Винстон Волкоф. Таа никогаш не кажала ни збор за аферата на нејзиниот сопруг и наводната исплата на жените за да молчат за нивните сексуални односи со него, а таа ја коментирала неговата реченица „фати ги за п***а“ со зборовите: „Тоа е политика“. На сите загрижени коментари за однесувањето на Трамп, Меланија одговорила со: „Знам со кого се омажив“. Винстон Волкоф тврди дека односите на Меланија и Иванка се затегнати, а Меланија ја нарекла јавно својата поќерка како принцеза. Таа наводно и испратила СМС-порака на својата поранешна пријателка: „Знаеш дека се змии“. Наводно, на инаугурацијата била најзагрижена како на официјалните фотографии да ја истурка Иванка од кадарот. Наводно ги изгубила нервите кога сфатила дека Иванка организира неколку настани што дотогаш ги организирале исклучиво првите дами. „Треба да и’ кажеме дека првите дами го прават тоа. Боже мој, таа само сака да ги земе привилегиите “, коментирала Меланија. Винстон Волкоф тврди дека Меланија не сакала да соработува ниту со дизајнерите кои соработувале со Иванка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата. Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции. „Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“. Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените. Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter