3Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
ЗабаваМелани Тарчуловска ќе ја претставува Македонија на меѓународен фестивал во МалтаПетнаесет годишната Мелани Тарчуловска ќе учествува на меѓународниот фестивал „Golden Voice“ кој се организира во Малта.Оваа година учествуваат 39 држави а изведбите ќе бидат оценувани од 40 професори членови на меѓународното жири, вклучувајќи ја и Македонија. Мелани Тарчуловска на овој фестивал ќе ја преставува Македонија. Таа во видео записот пред да ја изведе песната од Бруно Марс „When I was your man“ јасно се претставува и кажува дека доаѓа од Македонија. Фестивалот „Golden Voice“ има свој канал на јутјуб на кој е поставено видеото на Mелани, оценувањето трае до 04.07.2020 а победниците ќе се избираат според бројот на позитивните коментари под видеото. Македонката Мелани ќе биде оценета и од меѓународна жири комисија и ќе бидат доделени низа награди, пофалници, дипломи и статуетки во категориите во кои спаѓаат сите изведувачи на фестивалот. Инаку Мелани е ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омразаПо повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза. „Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија. Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби. Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата. По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза. Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов - кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“. Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава - дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на измамиПревентивна активност на тема „Носи кацига“Денеска (13.08.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово реализира превентивна активност на тема „Носи кацига“, насочена кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип, Пробиштип и Делчево. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и да се намали бројот на сообраќајни незгоди. Отсекот за превенција при СВР Куманово, пак, во Куманово спроведе превентивна активност со цел информирање на граѓаните како да се заштитат од измами, особено при купување огревни дрва. На граѓаните им беше сугерирано да бидат внимателни, особено доколку некој им нуди огревни дрва по значително пониски цени, затоа што може да бидат жртви на измама, односно да не ги добијат дрвата кои ги платиле.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter