Летот на кој бил и Обрадор од Оахака до Мексико Сити поради дожд бил одлаган , но претседателот останал да чека со другите патници. Тој вели дека му било срам да се вози со луксузниот претседателски авион , додека во земјата има толку многу сиромашни луѓе.
Претседателскиот Боинг 787 го купи неговиот претходник Фелипе Калдерон во 2012 за 218, 7 милиони долари.
Пред две години , кога пристигна авионот , беше прогласен за најлуксузен и најбрз авион што користи некој државник .
Но , новиот претседател не сака да ги прекрши ветувањата дадени во предизборната кампања за скромна влада , која ќе штеди.