Мексиканскиот претседател се огради со ѕид за да се спаси од женските протести за 8-ми март

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор вчера рече дека металната бариера околу претседателската палата пред планираниот марш на жените на Меѓународниот ден на жената е да се заштити историската градба од вандализам.

Во земја во која бројот на феминистките се зголеми за скоро 130% помеѓу 2015 и 2020 година, критичарите велат дека одлуката за подигнување на ѕисор висок 3 метри е симптоматска за апатијатата на Лопез Обрадор кон кризата и насилствата што ги мачат жените.

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената во понеделник, се поставени бариери и околу другите јавни згради и споменици во центарот на Мексико Сити, каде пред една година десетици илјади луѓе протестираа против неконтролираното насилство врз жените и неказнивоста.

„Мораме да избегнеме провокација од луѓето кои сакаат само да предизвикаат штета“, рече Лопез Обрадор на настан во Јукатан. „Замислете, ако не се грижиме за националната палата и тие ја вандализираат. Која слика ќе му ја испратиме на светот? “

Лопез Обрадор повтори дека жените имаат право да протестираат и го навел неговото движење во 2006 година како соодветна форма на мирен протест.

„Претседателството ни беше украдено и ние протестиравме, но никогаш не скршивме стакло. Марширав два, три пати целиот пат од Табаско до Мексико Сити “, рече тој. Лопез Обрадор во текот на годините повеќепати ги обвинувал противниците за изборни измами.

Најмалку 939 жени биле жртви на насилство минатата година во Мексико, покажуваат официјалните податоци.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер