Мексиканскиот нарко крал „Ел Маро" осуден на 60 години затвор

Еден од најбараните криминалци во Мексико и шеф на озлогласениот нарко картел, Хозе Антонио Јепез, попознат како „Ел Маро", е осуден на 60 години затвор, соопшти синоќа Државното обвинителство.

„Ел Маро" беше обвинет за организирана кражба на гориво и поттикнување на драстичното зголемување на насилството во централната држава Гуанахуато, пренесува весникот „Торонто Сан".

Државното обвинителство во Гуанахуато преку Твитер соопшти дека регионалниот суд „'Ел Маро' и неговите соучесници и сторителите ги прогласи за виновни за киднапирања".

Тој беше уапсен во 2020 година во голем напад врз мафијата и мексиканските картели, организиран од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

„Ел Маро" беше на чело на картелот „Санта Роса де Лима", со седиште во Гуанахуато, кој во последните години интензивно води крвава војна со картелот „Нова генерација на Халиско", еден од најмоќните и најкрвавите мексикански криминални кланови.

МЗ: Хоспитализирани 576 пациенти со Ковид-19, има 183 слободни кревети

На инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со Ковид-19 и има 183 слободни кревети. 

Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември" и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ, информираа за МИА од Минстерството за здравство.

Посочија дека според податоците кои клиниките и болниците секое утро им ги доставуваат, во моментот во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември" и на Институтот за ТБЦ.

Министерството за здравство, како што се нагласува, на дневна основа ја следи состојбата со болничките капацитети во однос на нивната исполонетост, со цел навремено планирање на наредните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

Наплив од новозаразени што бараат болнички кревет – се отвораат нови болнички капацитети

Се бројат последните слободни места за болничко лекување во инфективната клиника, освен намалувањето на болничките капацитети на клиниката намален е бројот на персонал 16 вработени се на боледување.

Директоракта на клиниката Стевановиќ вели дека засега не се отвора модуларната болница додека не се исполнат капацитите во ковид болниците. Во цврстата градба на оваа клиника од болницата може да се сместат 100 пациенти.

Метеж пред инфективната клиника освен болничкото сместување, зголемен е бројот и на пациентикои доѓаат во амбулантите. Во дневните прегледи има граѓани кои имаат и реинфекции, вакцинирани и невакцинирани. Најголем процент од болничките пациенти се возрасни граѓани. Се уште делта сојот е присутен кај болничките, но и омикрон голем дел од пациените им создава тешка клиничка слика и потреба за лекување во болница, пред се возрасните граѓани и оние со други заболувања.

Во болницата ГОБ„ 8 септмеври“се сместени 75 пациенти, од оваа болница велат дека сите се на кислородна поддршка и скоро секој ден се трошат близу два тона кислород. Во Скопје во ковид центрите се сместени 174 пациенти, на ниво на цела држава има над 570 пациенти кои се лекуваат во болница, само 183 празни мести има во сите ковид центри во Македонија

Средба Тренчевска – Дуџак: МТСП и ООН продолжуваат со заедничката соработка

МТСП и ООН продолжуваат со заедничката соработка на полето на социјалните политики, родовата еднаквост и заштита на децата.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак со која разговараа за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработуваат со агенциите на ООН, како и за идната соработка во насока на креирање и имплементирање на уште подобри социјални политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните и поголема заштита на човековите права.

Министерката Тренчевска, информираше дека изминативе денови се одржаа состаноци со сите сектори во министерството при што беше направен пресек на сите досегашни активности, воедно и досегашната соработка и заеднички активности со агенциите на ООН.

„Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со сите агенции на ООН на повеќе прашања кои се во надлежност на министерството. Особено е значајна соработката во подготовката на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и креирањето и развивањето на мобилната апликација за поддршка на жртвите на родово базирано насилство каде во координирана работа работеа двата сектори еднакви можности и социјална заштита со УНДП, УНФПА. Соработката во креирањето на политиките во областа на родовата еднаквост продолжува и понатаму,“ рече министерката Тренчевска.

Во насока на идните заеднички активности министерката Тренчевска го посочи отворањето на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, кој е прв таков во регионот, со можност да прерасне во регионален центар. Центарот треба да обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање.

На средбата стана збор и за процесот на деинституционализација и правата на лицата со попреченост, при што беше истакнат одличниот напредок на нашата држава во ова поле. Во поглед на заштитата и правата на децата беше посочена соработката со УНИЦЕФ, која продолжува и понатаму.

Тренчевска изрази благодарност за досегашната помош и поддршка изминатите години, а особено во време на Ковид 19,која што претставува голем предизвик не само во поглед на здравството и економијата туку и предизвик во поглед на човековите права и нивната заштита.

Двете страни изразија задоволство за можноста за понатамошна продлабочена соработка со агенциите на ООН во областите кои се во надлежност на ова министерство.​

притисни ентер