Мек Ларен што може да го возат и мали деца (ВИДЕО)

Мек Ларен е автомобил , достапен за малкумина луѓе , а сега направи но модел за по него да сонуваат и децата.

Да се поседува спортски Мек Ларен од новиот милениум значи да с епотрошат од 250-300 000 евра . Сега во Мек Ларен може да с евозат и мали деца , а станува збор за електричен модел инспириран од 720Ѕ моделот за возрасни.

Автомобилот е наменет за деца на возраст од три до шест години , а може да биде играчка и за возрасните. Британскиот производител ја продава оваа играчка за 315 фунти.

Освен изборот на неколку бои , родителите добиваат и далечинско управување за да го контѕролираат детето , доколку прави грешки во возењето.

А малиот возач ќе има бна располагање речиси целосен автомобил , со педали за гас, палење со клуч, функционални светла , а особено инфотеинмент , каде може да слуша музика и да гледа видеа.

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри.

Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Граѓаните од подрачјето во близина на епицентарот велат дека се се тресело.

Земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска. Земјотресот е почувствуван и во Загреб.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија. /МИА

Санкционирани 131 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на град Скопје изрече 131 меркa.

Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Три лица загинаа, а три се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса

Командата на силите за специјални операции на Украина денеска соопшти дека во синоќешниот напад со руски балистички ракети врз Одеса загинале три лица, а три се повредени.

Од друга страна, вооружените сили на Украина уништија два руски противвоздушни ракетни системи „бук“ во секторот Суми, се вели во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и треба „значително забрзување“ во испораката на оружје од партнерите за да и се овозможи на нејзината армија да се соочи со унапредувањето на руските сили на неколку фронтови.

„На Украина и треба значително забрзување во испораката на оружје за што поскоро да стигне до војниците на фронтот“, рече Зеленски.

Се огласи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој наложи „поголема и побрза испорака на оружје за специјалната воена операција во Украина“. /МИА

притисни ентер