СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот - граѓаните не можат да си ги вратат парите од ДДВ
1СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот - граѓаните не можат да си ги вратат парите од ДДВ
3Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија
Други спортовиМејведер се врати во ринг против внукот на мафијашки бос, направи најбизарна сцена (ВИДЕО)Флојд Мејведер уште еднаш ја покажа својата супериорност во рингот, овојпат против Џон Готи трет во реваншот што се одигра во Мексико Сити.„Парите“ доминираше во сите осум рунди, додека внукот на познатиот мафијашки бос Џон Готи беше речиси беспомошен во секоја размена на удари. Иако публиката го исвирка, Мејведер уште еднаш го зголеми своето богатство, и покрај тоа што немаше официјален резултат поради егзибициониот карактер на борбата. Сепак, на сите им беше јасно кој излезе од рингот како победник. „Готи е тврд како клинец“, рече Флојд по борбата. „Ова беше можност да приредам добро шоу за публиката. Благодарен сум на Готи што го одржа зборот.“ Потсетуваме, нивната прва средба во јуни 2023 година заврши во хаос во рингот, но овој реванш помина во нешто помирна атмосфера, иако не помина без бизарни моменти. Во втората рунда, судијата го предупреди Мејведер за удари во задниот дел од главата, што предизвика негови протести и на крајот го натера судијата да го напушти рингот. На негово место дојде нов судија, а тепачката продолжи. Оваа ситуација, една од најбизарните во модерната боксерска историја, ја остави публиката во неверување, а целиот настан можете да го погледнете во приложеното видео. Floyd Mayweather just fired the ref for a bad call in the middle of the fight 😭😭 pic.twitter.com/8XZCm7iESd — Happy Punch (@HappyPunch) August 25, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот - граѓаните не можат да си ги вратат парите од ДДВАпликацијата „Мој ДДВ“ пет дена по ред е нефункционална. Иако се најавува дека денеска била ставена во функција граѓаните и натаму се соочуваат со низа на проблеми. Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават. Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, државата нема ниту намера да им ги врати парите на граѓаните. Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните. Ова е уште еден доказ за тоа како функционира оваа власт. Наместо да се грижи за граѓаните и да обезбеди нормално функционирање на институциите, Мицковски и неговата банда ја доведоа државата до ситуација во која дури и основните услуги за враќање на пари на граѓаните се блокирани. Наместо реформи и одговорно управување со јавните финансии, добиваме нефункционални системи и празни ветувања. Граѓаните плаќаат ДДВ, но сега и тоа што им припаѓа назад - нема да го добијат. Ова е дел од истата политика што ја доведе Македонија до економски колапс. Кога нема пари затоа што се трошат на клиентелизам и корупција, тогаш не функционира ништо - ниту економијата, ниту услугите за граѓаните. Доста е со прикривање на вистината. Реформи сега. Европа сега. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР расчисти насилство во Скопје, лишени од слобода три лица од скопско, следува соодветна пријаваНа 13.06.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Б.(45), М.Б.(36) и Б.Б.(34), тројцата од с.Грчец, општина Сарај. Имено, на 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од с.Семениште, скопско, пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, тројцата со патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“ го пресретнале и запреле неговото патничко возило „мерцедес“, по што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, скопско. По преземени мерки тие се пронајдени и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонијаВо еден глас, со многу емоции и одлична атмосфера, вчеравечер на ,,Плочник“ кај Градски ѕид се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар.Публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова. „Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум што вечерва ве гледам овде, во толку голем број, на уште едно издание на „Центарска симфонија“, истакна Герасимовски пред почетокот на концертот. Во текот на вечерта беа изведени безвременските хитови на Драган Мијалковски и Нина Спирова, како и музичките теми од култните филмови „Валканиот танц“, „Кум“, „Пиратите од Карибите“ и други, кои публиката ги проследи со силни аплаузи и воодушевување. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека оваа манифестација заслужено зазема важно место во културниот живот на Центар. „Интересот и оваа година е одличен. Центарци уживаат во вакви настани и токму тоа ни е поттик да продолжиме да создаваме културни содржини за сите генерации. Музиката обединува, создава убави спомени и носи посебна енергија. Благодарен сум што сите заедно уживавме во уште една прекрасна летна вечер“, рече Герасимовски, Општина Центар продолжува да ја збогатува културната понуда со манифестации што го оживуваат јавниот простор и градското секојдневие.Тагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter