Беркли доаѓа од функцијата државен секретар во министерството за здравство и гласал за излегување на Британија од Европската Унија.
Меј најави дека лично ќе ги надгледува последните десет дена од преговорите со Брисел за идните односи на Британија со ЕУ , додека Беркли ќе се насочи на подготовките во земјата и за усвојување на предлогот на Меј во Парламентот.
Беркли го заменува Доминик Рааб , кој вчера поднесе оставка поради несогласувањата со нацрт планот за Брегзит , откако конечно беше постигнат договор со Унијата.
Поранешната министерка за внатрешни работи , Амбер Рад е поставена за министерка за труд и пензиски систем на местото на Естер МкВеј , која исто така поднесе оставка.