3Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканМеханизмот за реформи и раст на Западен Балкан главна тема на денешното заседание на КореперПредлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, во прво читање, е главна тема на денешното заседание на Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер). Регулативата за создавање на Механизмот е ставена на дневниот ред на денешната седница на Корепер, откако во четвртокот белгиското претседателство со Советот на ЕУ и претставници на Европарламентот во рамки на процесот на „тријалог“ постигнаа политички договор за содржината на законскиот текст. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Механизмот за реформи и раст е финансиски инструменти за имплементација на Планот за раст на Западниот Балкан, кој Европската комисија го претстави лани во ноември, како нова алатка за забрзување на подготовките на земјите од регионот за членство во ЕУ, со можност за користење на некои од неговите придобивки за граѓаните и бизнисите уште пред зачленувањето. Тоа би требало значително да ги забрза процесот на проширување на ЕУ и растот на економиите на земјите од регионот. Во рамки на Механизмот за периодот од 2024 до 2027 година за земјите од Западниот Балкан ќе бидат одвоени шест милијарди евра, од кои две милијарди евра неповратни грантови и четири милијарди евра позајмици под поволни услови. Од вкупната сума најмалку 800 милиони евра ќе бидат предвидени за Македонија. За финансирање на позајмиците ЕУ ќе обезбеди средства од финансискиот пазар, а за неповратната поддршка веќе е обезбедена сумата со последната ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година. Овие средства ќе претставуваат надополнување на постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА 3), со што значително ќе се зголеми финансиската помош од ЕУ за државите од Западниот Балкан. Механизмот треба да им обезбеди поддршка на земјите до регионот во спроведувањето на реформите поврзани со приближувањето кон Унијата и да го стимулира нивното економско поврзување со блокот, врз основа на амбициозни реформски агенди. Механизмот, исто така, има за цел да промовира усогласување на овие земји со вредностите, законодавството, правилата, стандардите, политиките и практиките на ЕУ, со цел нивно подготвување за идно членство во Унијата. Финансиската помош е условена со спроведување на социо-економски и фундаментални реформи дефинирани во амбициозните реформски агенди што самите ги подготвуваат земјите од Западен Балкан и ги доставуваат на одобрување до ЕУ. Најмалку половина од целокупниот пакет помош ќе биде распределен преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) за поддршка на инвестиции во транспортната инфраструктура, енергетскиот сектор и за зелената и дигиталната транзиција, а останатиот дел ќе биде наменет како директна поддршка за националните буџети на земјите од регионот. Средствата ќе бидат исплаќани двапати годишно, врз основа на барањата на земјите од Западниот Балкан и по одобрение од Комисијата, а за некои прашања и од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), доколку бидат исполнети сите релевантни услови. Станува збор за услови поврзани со квалитативните и квантитативните оценки за постигнатиот напредок и резултати во имплементацијата на реформските агенди, како и општите услови поврзани со макрофинансиската стабилност, управувањето со јавните финансии, транспарентноста и контролата над буџетот. Доколку некои услови не се исполнети, Комисијата може делумно или целосно да ја прекине исплатата. По ваквата суспензија и во случај партнерите од Западен Балкан да не ги исполнат поврзаните услови за време на грејс период од една година, односно две години во првата година од имплементацијата, суспендираниот износ ќе биде повлечен и може да биде прераспределен меѓу другите корисници во следните години. Еврокомисијата очекува комбинирањето на зголемената финансиска помош заедно со реформите да го забрза напредокот на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, да ја поттикне нивната економска конвергенција и тие подобро да се интегрираат во единствениот европски пазар уште пред зачленувањето во Унијата. Согласно процедурите на ЕУ, покрај од претставниците на земјите членки, односно Европскиот совет, Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан треба да биде одобрен од страна на Европарламентот. Комисиите за надворешни работи и за буџет на ЕП треба да се изјаснат за документот на заедничката седница закажана за утре, по што тој би можел да се најде на пленарното парламентарно заседание што ќе се одржи в среда и четврток. По формалното одобрување, Регулативата ќе стапи во сила следниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ. Инаку, на денешната седница на Корепер, претставниците на членките на ЕУ, меѓу другото треба да се изјаснат и за Предлог-регулатива за автономни трговски мерки поврзани со Украина, коко и за одлуката за именување член на Европскиот ревизорски суд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднинаРесен и Преспа со нови проекти за подобра иднина, пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, нови улици и грижа за најмладите.Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните. Во изминатава година реализирани се повеќе активности во оваа област како реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите. Исто така отпочнати се градежни активности за изградба пешачко-велосипедска патека од 180 километри низ Преспа, со поддршка од Европската Унија, за развој на туризмот и промоција на природните убавини. Се работи на подобрување на комуналните услуги преку набавка на два камиони за отпад, кипер и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие. Се прави реконструкција на улици и водоводна и канализациска мрежа, со цел подобра инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните. Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош. Со континуирани инвестиции и посветена работа, Општина Ресен гради подобри услови за живот и нови можности за развој на Ресен и Преспа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно време со сончеви периоди и температура до 21 степен Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштуваат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -1 Берово, 1 Битола, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Лазарополе, 3 Тетово, Прилеп, Велес, Куманово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 5 Претор, Крушево, Маврови Анови, 6 Охрид, Виница, 7 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинствоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта.Во рамките на меѓународната програма, таа ја проследи свечената седница на Националното собрание на Унгарија, на којашто се обратија неговата претседателка, Агнеш Форстхофер, унгарскиот претседател Андреш Бака, претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и министерот за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг. Унгарскиот претседател Бака се осврна на идеалите и историското значење на револуцијата во 1956 година. За него, седум децении потоа, европската демократија и солидарност повторно се исправени пред голем предизвик. Тој повика на меѓусебна почит, одговорност и разбирање. Вон дер Лајен и Кошта го потенцираа европското единство, ги поздравија демократскиот напредок и реформите во Унгарија и ги нагласија придобивките коишто земјата ги стекнала со членството во ЕУ изминативе 22 години. Со едноминутно молчење, присутните оддадоа почит кон жртвите на револуцијата. На свечената седница беше прикажан и документарен филм. За Сиљановска-Давкова Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ. Според неа, чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа. „Убаво е да се чујат највисоките претставници на ЕУ, кога велат дека Унгарската револуција има голем придонес во изградбата на демократијата, дека вреди да се бориме сите за Европа, како наш заеднички дом“, изјави претседателката. Централниот комеморативен собир се одржа на плоштадот „Лајош Кошут“. Сиљановска-Давкова присуствуваше на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter