Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
2Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
МакедонијаМеѓународниот аеродром Скопје доби акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми - Ниво 3Меѓународниот аеродром „Скопје“ доби акредитација за управување со емисии на јаглерод - ниво 3 од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International - ACI), глобална трговска организација.Меѓународниот аеродром „Скопје“ доби акредитација за управување со емисии на јаглерод - ниво 3 од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International - ACI), глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и на одржливоста во воздухопловството, во рамките на нивната глобална програма Airport Carbon Accreditation - ACA. Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на аеродроми е единствена институционално одобрена, глобална програма за сертификација за управување со емисии на јаглерод за аеродромите, која им помага да управуваат и да ги намалат емисиите на јаглерод во согласност со меѓународните стандарди. Независно ги проценува и признава напорите на аеродромите за управување и намалување на нивните емисии на јаглерод преку седум нивоа на сертификација: Ниво 1; Ниво 2; Ниво 3; Ниво 3+; Ниво 4; Ниво 4+ и Ниво 5. ТАВ Македонија, кој го управува Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти дека сертификацијата Ниво 3 е „потврда дека скопскиот аеродром ефикасно управува и ги намалува своите емисии на јаглерод и, во исто време, активно ги ангажира и своите партнери во нивното управување со емисиите на јаглерод“. -Овие акредитации се јасна потврда за посветеноста на ТАВ Македонија кон одговорно управување со животната средина и примената на најдобрите меѓународни практики во одржливото воздухопловство. Достигнувањето на Ниво 3 за Меѓународниот аеродром Скопје претставува значаен напредок во нашите напори за намалување на влијанието на јаглеродот и подобрување на енергетската ефикасност, со цел да се обезбеди одржлива иднина за македонското воздухопловство, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија - подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП. За да се постигне ова ниво, стои во соопштението, Меѓународниот аеродром Скопје спроведе низа значајни мерки: имплементација на програма за енергетска ефикасност и мониторинг во согласност со меѓународните методологии, надградби на системите за осветлување на јавната и воздухопловната зона со високоефикасни ЛЕД-инсталации, воведување програми за оптимизација и унапредување на енергетските перформанси на системите за греење, вентилација, климатизација, распоредување на хибридна аеродромска опрема и поддршка во транзицијата кон еколошки прифатлив возен парк, зголемување на производството и набавката на обновлива енергија, заеднички иницијативи со авиокомпании и даватели на услуги, како и воспоставување платформа за засегнати страни за климатска акција за споделување податоци, мониторинг на перформансите и координација на плановите за намалување. Како што информира ТАВ Македонија, по повод добиената акредитација, Оливие Јанковец, генерален директор на ACI EUROPE, изјави дека „достигнувањето Ниво 3 во програмата за акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми за помалку од една година по приклучувањето кон програмата е значајна пресвртница во патувањето за декарбонизација на Меѓународниот аеродром Скопје“. -Со оптимизирање на потрошувачката на енергија, зголемената употреба на електрична аеродромска опрема и инвестирање во инфраструктура за полнење електрични возила, аеродромот ги поставува темелите за долгорочно намалување на емисиите на јаглерод. На Ниво 3, аеродромот, исто така, го проширува опсегот на своето влијание во емисиите на јаглерод со опфаќање на јаглеродните емисии и од трети страни, притоа зајакнувајќи го својот пат кон целта за достигнување нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година. Честитки до целиот тим на ТАВ Аеродроми, порача Јанковец. Преку ова достигнување, посочува ТАВ Македонија, Меѓународниот аеродром Скопје „ја зајакнува својата посветеност на долгорочна климатска одговорност и е во согласност со целите на ТАВ Аеродроми за постигнување јаглеродна неутралност до 2030 година и нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година на сите аеродроми во рамките на групацијата“.Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПремиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресииПремиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии. Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска. Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост? Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете. Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва? „Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ. Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.Тагови: битола НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЕвропаМелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“. Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата. Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери. Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација. Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Утре наместа ќе дува силен јуженСпоред УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.Тагови: ветер УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook