Меѓународната заедица со загриженост ја следи ситуација во Авганистан

Талибанците тропнаа на вратите на престолнината Кабул, последниот голем град кој што го бранат авганистанските воени сили.  Она што дополнително загрижува е дека во главниот град има Македонци.

Еден од стотината македонски државјани кои се уште се наоѓаат во главниот авганистански град, а кој поради договорот со компанијата за која работи не можеше да говори со име и презиме, за Канал 5 вели дека нашинците таму засега се чувствуваат сигурно, но стравуваат дека ситуацијата може значително да се влоши. Поголемиот дел се вработени во американски фирми кои што имаат план за евакуација. Уверени се дека за месец дена, кога им истекуваат договорите за работа, безбедно ќе се вратат дома.

Од МНР велат дека во последниве 24 часа имале повици од страна на граѓани чии што роднини или пријатели се во Авганистан, но потенцираат дека не е побарана асистенција од министерството за извлекување од државата.

-Според последните сознанија околу 100 наши граѓани се идентификувани дека се се уште присутни во Авганистан и сега за сега се наоѓаат на безбедни локации. Според последните информации кои ги добивме, компаниите кои ги ангажираат работниците не се соочуваат со потешкотии и и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, велат од МНР.

Граѓаните во паника на аеродромите даваат се од себе за карта повеќе да ја напуштат земјата и воената зона. Според последните информации авионските билети до Истанбул кои што чинеле 350, сега се над 2400 евра, од стравот поради исламскиот радикализам граѓаните се повеќе купуваат бурки чии цени драстично се зголемени.

Талибанците денеска објавија дека ја контролираат целата територија на Авганистан, Преговори за мирен трансфер на власта се водат во претседателската палата во Кабул.

-Нашите сили не влегоа во Кабул, а и нема тоа да го направат. Посветени сме на преговорите и чекаме мирен трансфер на власта во главниот град на Авганистан. Предвидено е постигнување на посебен договор кој што ќе овозможи сигурност во градот, за да се заштитат имотите. Во моментов нема борби, но ако не нападнат авганистанските сили, ние ќе одговориме, вели Сухаил Шахин – гласник на Талибанците.

Според последите информации, претседателот Ашраф Гани е евакуиран од Авганистан, и сега е во Таџикистан, а на чело на преодната влада е Ахмад Џалали, досегашниот министер за внатрешни работи.

Меѓународната заедница будно и со загриженост ја следи состојба во Авганистан. Британскиот премиер Џонсон го свика парламентот поради влошената ситуација, а претседателот на САД, Џо Бајден, реши да испрати околу 5.000 американски војници за да се овозможи безбедна евакуација американски дипломати и авганистански цивили.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

притисни ентер