БалканМеѓународната мрежа "Безбедни новинари“ загрижена за однесувањето на Еди Рама кон новинари во ТиранаМрежата верува дека „острата дебата меѓу новинарите и јавните службеници е составен дел од демократската контрола“.Меѓународната мрежа Безбедни новинари (SafeJournalists), која ги штити правата на новинаритеизрази загриженост за тоа што се случи на прес-конференцијата на премиерот на Албанија, Еди Рама, каде што тој, по жестока дискусија со новинарка, рече дека таа повеќе нема да може да присуствува на неговите прес-конференции, а потоа побара од претседателот на здружението на албански новинари да си замине. Новинарката на „Сити нет“, Амброзија Мета видно го вознемири Рама со прашањето: како може обичен граѓанин за неплатена струја да лежи во затвор, а сега на веќе поранешната вицепремиерка Белинда Балуку за милионска корупција да не и се одзема пратеничкиот имунитет и се движи слободно. „Слични инциденти меѓу премиерот и новинарката Мета веќе се документирани и претходно и веќе предизвикаа реакции од механизмите за следење на слободата на медиумите, вклучително и мрежата Безбедни новинари, се наведува во соопштението. Мрежата верува дека „острата дебата меѓу новинарите и јавните службеници е составен дел од демократската контрола“ и дека „повторените инциденти што водат до исклучување на новинарите или стигматизација на критичките медиуми ризикуваат да создадат преседан што го поткопува еднаквиот пристап до информации од јавно значење и ја ослабува јавната одговорност“. „За време на истата прес-конференцијата, од новинарот Иса Мизирај, претседател на Здружението на новинари на Албанија, исто така беше побарано да го напушти настанот по вербална размена на мислења“, се истакнува во соопштението. Во него се забележува дека „професионалната комуникација со меѓусебно почитување меѓу јавните службеници и новинарите е од суштинско значење за да се обезбеди дека прес-конференциите остануваат простор каде што новинарите можат да им поставуваат прашања на оние на власт за прашања од јавен интерес“. Исто така предупредува и на реториката. Мрежата Безбедни новинари ги повика властите во Албанија да „обезбедат транспарентен и фер пристап за сите новинари до официјални медиумски настани, да се воздржат од селективно исклучување на новинари и да ги решат сите обвинувања во врска со медиумските куќи исклучиво преку законски институционални канали, со целосно почитување на слободата на медиумите и правичното судење“. Мрежата ја сочинуваат Здружението на новинари на Македонија, Хрватското здружение на новинари, Здружението на новинари на Косово, Здружението на новинари на БиХ, Независното здружение на новинари на Србија и Медиумскиот синдикат на Црна Гора. Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Жешки фотографии на српска ТВ водителка ги „запалија“ социјалните мрежиМладата српска ТВ водителка Маша Михаиловиќ објави фотографии од својот одмор по раскинувањето на свршувачката и привлече големо внимание кај своите следбеници.Водителката на популарно реално шоу Маша Михаиловиќ, привлече големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографии од својот одмор. Атрактивната водителка позираше во минијатурно бикини во маслинесто-зелена боја, истакнувајќи ја својата затегната фигура и изгледот на кој со години ѝ завидуваат многубројни следбеници. Фотографиите од песочната плажа, направени за време на зајдисонцето, за кратко време предизвикаа бројни реакции, а комплиментите за нејзиниот изглед постојано пристигнуваа. Со својот изглед, Маша уште еднаш покажа зошто важи за една од најистакнатите телевизиски личности во регионот, а нејзините следбеници особено ја истакнаа самодовербата и енергијата што ги покажа по големата животна промена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето телоХоливудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини . Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини. Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради. Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовата Mazda MX-5 добива електричен погонАвтомобилскиот гигант Mazda потврди дека следната генерација на MX-5 (Miata) ќе може да поддржи целосно електричен погон, иако бензинскиот мотор сè уште не е предодреден за историјата. Извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, изјави дека новиот MX-5 мора да биде подготвен за иднина во која моторите со внатрешно согорување можеби повеќе нема да бидат дозволени поради сè построгите еколошки прописи. Сепак, компанијата има за цел да ги зачува квалитетите по кои моделот е познат – мала тежина и врвно возачко искуство. За разлика од многу производители кои користат скапи материјали како што се јаглеродните влакна, Mazda планира да ја намали тежината на конструкцијата преку употреба на конвенционални материјали и попаметни инженерски решенија. Целта е новиот MX-5 да тежи меѓу 1.000 и 1.200 килограми, што би било исклучително малку за електричен спортски автомобил. Во понудата ќе остане и верзија со бензински мотор. Покрај електричната верзија, се очекува и нова варијанта со бензински мотор – 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат од серијата Skyactiv-Z, кој веројатно ќе вклучува и технологија на благ хибрид. Моќноста би можела да достигне околу 220 КС. Новата генерација на MX-5 нема да пристигне пред 2028 година, додека актуелниот модел – претставен уште во 2015 година – ќе остане во производство сè дотогаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook