Меѓународната филмска ѕвезда им одржа на колегите лекција по хуманост

Актерот подари неверојатни 714 милиони долари за хуманитарни цели и им одржа лекција на колегите од филмскиот бизнис.

Светската јавност го познава по улогите во филмовите,,Пирати од Карибите”, ,,Тигар и змеј” и многу други. Најголемата азиска филмска ѕвезда Чоу Јун Фат (63) , со импресивна меѓународна кариера , живее скромно , а парите ги дава за хуманитарни цели.

Тој месечно троши околу 100 долари , купува гардероба на попусти , користи јавен превоз , а наместо во скапи ресторани , со сопругата излегуваат и се хранат на улични тезги.

Чоу деновиве ја шокира јавноста со гестот целото свое богатство кое изнесува 714 милиони американски долари , да го подари во хуманитарни цели.

,,Да се има многу пари , не значи да се биде среќен. Мојот сон е да бидам нормална и едноставна личност . Најтешката работа не е да се заработат многу пари , туку да се задржи мирната состојба на умот и остатокот од животот да се живее на едноставен и опуштен начин.” , тврди филмската ѕвезда.

Колку Чоу Јун Фат е едноставна личност говори фактот дека неодамна си купи паметен мобилен , откако по 17 години му откажа старата Нокиа.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер