Меѓународната боксерска федерација отстранета од олимпиското семејство

Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана ја потврди одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за отстранување на Светската боксерска асоцијација (ИБА) од олимпиското семејство.

Судот соопшти дека ја одбил жалбата на ИБА со образложение дека организацијата не ги исполнила условите поставени од МОК за нејзино признавање.

Претседателот на ИБА, Рус Умар Кремљев, во ноември изјави дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд на Швајцарија во случај на негативна одлука на највисокиот спортски суд.

Минатата година, ИБА го загуби својот статус во олимпиското семејство по долгогодишен спор поттикнат од неуспехот да се следат советите и упатствата од МОК, кој подолг период изразува загриженост за начинот на кој се раководи со ИБА, потпирањето на парите од руската државна енергетска компанија Гаспром, како и интегритетот на боксерските борби.

Боксот го задржа статусот на олимписки спорт на претстојните Игри во Париз, но МОК ќе ги надгледува квалификациите и турнирите за одличја без вмешаност на ИБА, како што беше случајот на претходните олимписки Игри во Токио. /МИА

Во Пакистан четири лица осудени на смрт поради бласфемија

Судот во пакистанскиот град Равалпинди денеска осуди четири лица на смртна казна поради богохулење откако наводно на социјалните мрежи објавиле навредливи содржини за исламските верски личности и куранот.

Нивниот адвокат најави жалба на пресудата.

Согласно пакистанските закони, секој што ќе биде прогласен за виновен за навреда на исламот или неговите религиозни личности може да биде осуден на смрт.

Судијата Тарик Ајуб изјави дека бласфемија непочитувањето на светите ликови и сквернавењето на Куранот се непростливи злосторства и не оставаат простор за милост.

Покрај смртните казни, судот на обвинетите им изрече парични казни во вкупна вредност од околу 16.500 американски долари, како и затворски казни во случај повисокиот суд да ја укине смртната казна.

Законот против богохулење, воведен во Пакистан во 80-тите години од минатиот век. Оттогаш, многу луѓе се обвинети за навреда на религијата, сквернавење на нејзините свети текстови или пишување навредливи пораки на ѕидовите на џамиите.

Критичарите на законот сметаат дека тој често се злоупотребува за решавање на лични конфликти.

Леклер: Подготвен сум за сезоната, можеме да го победиме Ред Бул

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е „подготвен“ за претстојната сезона во Формула 1 и предвидува дека Ферари може да се натпреварува со Ред Бул во битката за светската титула.

Во 2024 година, Шарл ја забележа својата најсилна сезона во Формула 1 – победи на 3 трки, 13 пати заврши на подиумот и собра 356 поени. На крајот на годината, ова му го донесе третото место во конечниот поредок, со 84 поени зад шампионот Макс Верстапен.

Ферари, пак, до последно се бореше со Мекларен за светската титула во конструктори, а тоа му дава надеж на тимот од Маранело да ја продолжи битката во новата кампања.

-Мислам дека сум подготвен за сезоната. На Ферари му треба болид како оној што го имавме на крајот на минатата година. Апсолутно сум уверен дека Ферари може да биде следниот тим што ќе го победи Ред Бул и ќе ја освои титулата, објасни Леклер.

За 2025 година, Ферари ќе може да смета и на Луис Хамилтон, а 7-кратниот светски шампион ќе треба да се прилагоди на новите работи за него во Скудерија, но дефинитивно ќе биде корисен за тимот од самиот почеток со огромното искуство што го има.

-Сега сум позрел возач. Порано, кога викендот не ми одеше како што сакав или автомобилот не беше како што сакав, се обидував да најдам нешто што навистина го нема. Затоа и правев многу грешки. Сега знам кога сме посилни и кога треба да ги ограничуваме загубите, тоа е чекор напред, додаде Леклер.

УНРВА да го напушти Ерусалим до 30 јануари, изјави израелски претставник во ОН

 Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) „мора да ја прекине својата работа во Ерусалим и да напушти просториите во кои работи во тој град“ до 30 јануари, изјави израелскиот претставник во ОН.

За оваа одлука тој преку писмо го информирал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Законот со кој се забранува работењето на УНРВА на израелска територија и контактирањето со израелските власти стапува на сила на 30 јануари, наведуваат светските агенции.

Израел го анектира Источен Ерусалим, кој мнозинството од меѓународната заедница не го признава.

притисни ентер