3Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
КултураМеѓународен фолклорен фестивал од 16 до 18 јули во КумановоДванаесет културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од земјава, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и од Колумбија ќе учествуваат на тридневниот Меѓународен фолклорен фестивал.Од 16 до 18 јули тој ќе се одржува на градскиот плоштад во Куманово, а доколку временските услови бидат неповолни, ќе биде преместен во Центарот за култура „Трајко Прокопиев". Ќе има околу 250 учесници кои ќе дефилираат по градските улици пред почетокот на фестивалот, а еден час во рамки на тридневниот фестивал ќе настапи и националниот ансамбл „Танец". Организатори на фестивалот се КУД „Панче Пешев" и Фондацијата за култура и спорт, со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Тие очекуваат фестивалот да ги задоволи вкусовите на љубителите на фолклорот./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтринава се пукало во Арачиново – ранети се двајца во „Шкода“Се пукало во Арачиново утринава, повредени се двајца во „Шкода“.МВР соопшти дека во 5:45 минути во СВР Скопје било пријавено дека на ул„18“ во селото се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од полициското одделение Арачиново и единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле 34 годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И. Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. се преземаат мерки за расчистување на настанот. – сооошти МВР.Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
БалканИ Бугарија ја одбележа 123 годишнината од илинденското востание – Јотова: Историјата е заедничкаБугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права, порача бугарската претседателка Илијана Јотова. Таа учествуваше на одбележувањето на 123-годишнината од илинденското востание, кое Бугарија го нарекува илинденско-преображенско. Јотова оцени дека историјата е заедничка и не треба да биде повод за поделби. -Колку многу омраза и поделби денес во Македонија се зборува за Бугарите. А, историјата ни е заедничка, што има да делиме. И денес, провокации, понижување. Тоа е наша работа, на политичарите, но тоа е работа и на сите граѓани да се спротивстават на таа омраза и поделбите. Ние вас нема да ве предадеме, нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права. – изјави Јотова. Тагови: Јотова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеткоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и ОхридМакедонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна потврда дека Македонија станува сè по посакувана дестинација и подобро поврзана со Европа и светот. Во периодот јануари до јули 2026 година, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно 2.414.892 патници, наспроти 1.879.195 во истиот период минатата година, што се 535.697 патници повеќе. Додека во истиот период реализирани се 16.280 летови, што во споредба со 14.985 во 2025 година, претставува зголемување од 1.295 летови. Особено значајни се резултатите во текот на јули, кој донесе историски достигнувања и на двата македонски аеродроми. Меѓународниот аеродром Скопје го имаше својот рекорден месец во историјата, со 408.925 опслужени патници, што претставува раст од 29,5% во однос на истиот месец минатата година. Во текот на месецот реализирани се 2.670 летови, а на 20 јули е поставен рекорд од 101 реализиран лет во еден ден, додека на 31 јули, пак, преку скопскиот аеродром патувале повеќе од 16.000 патници. Бројот на опслужени патници на скопскиот аеродром од јануари до јули е 2.239.811, наспроти 1.738.378 во истиот период во 2025 година. Историски резултати бележи и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, така што јули 2026 година е најуспешниот месец во историјата со 52.544 патници, што претставува раст од дури 41,2%. Реализирани се 443 летови, а на 26 јули преку аеродромот поминале околу 3.000 патници во еден ден, што претставува нов дневен рекорд. Охрискиот аеродром бележи значителен раст на бројот на оатници, така во истиот периодоод јануари до јули годинава патувале 175.081, наспроти 140.817 патници во истиот период лани, а бројот на реализирани операции во истиот период пораснал од 1.049 на 1.350. Овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе туристи, повеќе гости во хотелите и рестораните, повеќе работа за туристичкиот сектор и поголем придонес кон економскиот развој на државата. Зголемениот број патници покажува дека Македонија станува сè попривлечна и подостапна дестинација, а растот на воздушниот сообраќај создава дополнителни можности за туризмот, угостителството, транспортот и целокупниот услужен сектор. И сето ова не е случајност, туку резултат на голем вложен труд и две години посветана работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лидија Петкоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter