Меѓународен фолклорен фестивал и Пијанечко-малешевска свадба во Делчево - Канал 5

Меѓународен фолклорен фестивал и Пијанечко-малешевска свадба во Делчево

 Горанчо Костадинов и Елеонора Мирчовска денеска во Делчево ја крунисаа својата љубов на стар автентичен начин, во рамките на 16. Пијанечко-малешевска свадба.

Меѓународен фолклорен фестивал и Пијанечко-малешевска свадба во Делчево

Горанчо Костадинов и Елеонора Мирчовска денеска во Делчево ја крунисаа својата љубов на стар автентичен начин, во рамките на 16. Пијанечко-малешевска свадба, како придружна манифестација на традиционалниот Меѓународен фестивал „Делчево фест“.

Младоженецот Горанчо Костадинов, кој е по потекло од делчевското село Истевник, и невестата Елеонора Мирчовска од беровското село Русиново, денеска беа примени од градоначалникот Трајковски, кој на младите им ја врачи традиционалната награда од Општина Делчево, парични средства во износ од 12.000 денари.

Посакувајки им долг и среќен заеднички живот со многу дечиња, Трајковски упати срдечни честитки до главните актери на манифестацијата која покажува дека свадбарските обичаи сè уште се живи и се почитуваат.

-Традицијата е таа која го чува нашиот идентитет и наша обврска е да ја продолжиме, да ја промовираме и да се гордееме со неа, бидејќи таа ни е оставена како аманет од нашите предци. Посебно изразувам задоволство што организаторот на традиционалната свадба, КУД „Гоце Делчев“, успеа да ја сочува свадбарската традиција и на тој начин да ја сочува и да ја промовира богатата палета свадбарски обичаи од овој регион. Уште еднаш им посакувам на младите долг и среќен брак, благословен со многу дечиња, рече Трајковски.

Свадбарските адети беа промовирани на летната сцена во рамките на 46. Меѓународен фолклорен фестивал „Делчево-фест“ на кој настапуваат 25 учесници, фолклорни групи и изведувачи од земјава и од Србија, Бугарија и Турција.

Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ во соработка со соседните општини и здруженија од областа на културата.

Покровител на „Делчево фест“ е градоначалникот на Општина Делчево, а поддржувач Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка

Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство.

Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка

На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода А.Н.(35) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, по кратка расправија, со остар предмет го нападнал неговиот брат.

На 16.11.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Џ.Б.(51) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Ноќеска (16.11.2026) во 00:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.Д.(37) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

На 16.11.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2026 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Бутел, С.Д.(34) физички ја нападнал неговата малолетна ќерка.

На 15.11.2026 во 13:15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.11.2026 околу 18:30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Д.(52).

На 15.11.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.М.(48) од Битола, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал.

По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел.

Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел.

Но, за жал, до мене стигна ужасната вест којашто ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка.

Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото коешто се случува.

А, воедно, како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг, сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата, лицето коешто го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роберт Патисон е новиот Џејмс Бонд

Официјалниот профил на Џејмс Бонд на социјалните мрежи објави фотографија од актерот Роберт Патинсон, со која се потврдува дека тој ќе ја игра улогата на новиот Џејмс Бонд.

Роберт Патисон е новиот Џејмс Бонд

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд. Патинсон (40) е официјално најавен како наследник на Даниел Крег и стана седмиот актер што го игра познатиот агент 007 во официјалните филмови за Бонд, објави Би-Би-Си.

„Џејмс Бонд се врати“

Патинсон се појавува во промотивно видео по повод објавувањето на агентот 007.

Видеото кое потврдува дека Роберт Патинсон ќе го игра Џејмс Бонд го прикажува англискиот актер со пиштол во рака, облечен во елегантно одело и вратоврска.

Видеото завршува со пораката:

„Џејмс Бонд се врати“.

Како што е наведено, неговиот избор ќе го означи „почетокот на нова ера за еден од најпознатите ликови во историјата на киното“.

Објавата следеше по долг процес на избор на актерот. Патинсон наводно бил еден од петте кандидати кои влегле во потесен избор, заедно со Џошуа О'Конор и Калум Тарнер. Во петокот беше објавено дека на Патинсон му е понуден попрофитабилен договор од другите кандидати, што дополнително ги разгоре гласините дека тој е фаворит за улогата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер