Меган Маркл објави снимка од 40. роденден, се гледа и малечката Лилибет (ВИДЕО) - Канал 5

Меган Маркл објави снимка од 40. роденден, се гледа и малечката Лилибет (ВИДЕО)

Меган Маркл го слави својот 40 -ти роденден и по тој повод го објави првото видео во кое се појавува по раѓањето на нејзината ќерка Лилибет Дијана, која е родена на почетокот на јуни.

Меган Маркл објави снимка од 40. роденден, се гледа и малечката Лилибет (ВИДЕО)

Во видеото, кое го објави на профилот на Фондацијата Арчевел на Инстаграм, Меган ја ангажирала актерката Мелиса Мекарти за да го промовира својот нов проект 40X40, со кој што сака да им помогне на жените кои ја загубиле работата поради пандемијата.

Војвотката од Сасекс се појави во едноставна бела маичка и џемпер, а снимена е во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија. Едно од нејзините кучиња ужива свиткано на перницата позади неа.

Во еден момент, камерата го фаќа бирото на Меган, кое содржи досега невидени семејни фотографии, а на една од нив е прикажано бебето Лилибет со нејзиниот татко, принцот Хари, пишува Page Six.

На самиот крај на видеото се појавува и Хари, кој може да се види низ прозорецот како жонглира во дворот.

„Каква убава идеја, се надевам дека и ти ќе поминеш 40 минути со татко ти затоа што времето е подарок“, „Добро е да се види дека имаш кловн за жонглирање“, „Најдобриот дел од целото видео е кучето“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, членовите на британското кралско семејство на социјалните мрежи и го честитаа 40 -тиот роденден на Меган.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зверев на тронот во Њујорк за втора Грен слем круна

Германскиот тенисер Саша Зверев го освои Ју-Ес Опен, триумфирајќи во финалето над Бен Шелтон – 6:3, 7:6 (2), 5:7, 6:2.

Зверев на тронот во Њујорк за втора Грен слем круна

Со победата во Њујорк, Зверев ја освои втората Грен слем титула во кариерата, по онаа освоена во Париз оваа година. Ова беше негово второ финале во Њујорк во кариерата.

Пред шест години загуби од Доминик Тим, иако водеше со 2-0 во сетови.

На патот до трофејот, Зверев ги победи и Лоренцо Сонего и Квентин Алис – и двајцата по пет сета – како и Алехандро Табило, Лучано Дардери, Ботик ван де Зандшулп и Карен Хачанов со максимален резултат.

Најдобриот резултат во кариерата на Шелтон на Грен слем турнирите ќе му донесе највисок пласман во кариерата – четвртото место – почнувајќи од понеделник.

„Сè до оваа година не освоив ниту една титула, а сега освоив две во истата година. Мислам дека Бог виде колку напорно работевме и низ каква болка поминавме. 2026 година е резултат на сите претходни години. Ви благодарам на сите; немаше да бидам овде без вас. Сакам да ѝ се заблагодарам и на уште една личност која никогаш не ги гледа моите натпревари – тоа е најважната личност во мојот живот. Кога на четиригодишен син ќе му дијагностицираат дијабетес, потребна е силна мајка за да излезе од таа ординација и да каже: ’Мојот син ќе биде она што сака да биде; ако сака да биде тенисер, ќе биде тенисер‘. Среќен сум поради она што го правиме. Мајка ми е најважната и најсилната личност што ја познавам; потребна е навистина силна личност за да се направи она што го направи таа“, рече емотивниот Зверев во шампионскиот говор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата

Руски дрон удрил воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и поранешниот премиер на Шведска Карл Билд и високи европски безбедносни претставници поминале низ неа.

Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и  високи европски претставници ја напуштија станицата

Нема информации за жртви по ударот кај Јаходин, во кој беше погодена локомотивата на возот. Сите патници се евакуирани, соопштија украинските власти.

Билд,Џонсон и други европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, поминале по истата линија во друг воз на враќање од конференција во Киев.

Русија соопшти дека погодила „железничка инфраструктура“ во западна украина, но украинската државна железничка компанија соопшти дека „сосема е можно целта на овој дрон да бил дипломатскиот воз“.

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, кој во времето на нападот се наоѓал во друг воз на станицата Јаходин, рече дека инцидентот бил „застрашувачки“.

Возот „ја напуштил станицата порано од очекуваното поради промената на возниот ред... Поради постојаните закани за руски напади“.исто така, се наведува дека наредба за евакуација на патниците во погодениот воз била дадена „само 15 минути“ пред нападот од страна на руски дрон со млазен погон.украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха рече дека „варварските напади“ на украинско-полската граница во Јаходин се еднакви на „терористичко тропање директно на вратите на ЕУ и НАТО“„

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер