Меган и Хари ја покажаа раскошната куќа ,луѓето откриле нешто чудно зад нив (ВИДЕО)

Меган Маркл и принцот Хари навистина не излегуваат надвор поради пандемијата на коронавирус, но редовно известуваат од нивниот дом во Санта Барбара на разни онлајн самити и конференции.

Со оглед на тоа што последните три пати известувале од каучот, британските медиуми забележале дека тие внимаваат не само на нивниот изглед, туку и на изгледот на домот.

Вчера попладне, 39-годишната Меган и 36-годишниот Хари се појавија за специјалното издание на Time100 Talks од нивниот дом вреден 14 милиони долари, и очигледно е дека ставиле стратешки наредени книги во позадина за таа пригода, за да можат јасно да се видат насловите.

Темата на разговор била создавање на подобар свет, а зад Меган јасно се гледале книгите Жени: Национална колекција на слики и Црниот кум.

Книгите биле таму и во септември кога Меган се појави во шоуто „Америка има талент“.

За време на разговорот со Малала Јусафзаи минатата недела, книгите биле на масата десно од Хари, додека просторот зад Меган бил празен.

Мноштвото свеќници што претходно стоеле зад Меган се заменето со кристал, за кој некои шпекулираат дека е аметист, за кој се верува дека има лековита моќ. Оние кои се занимаваат со кристали тврдат дека аметистот е природен седатив кој помага да се постигне смиреност и да се намали вознемиреноста.

Засега, каучот, сликите и бојата на ѕидот зад нив се постојани.

Книгата Women: National Geographic Image Collection е за животот на жените ширум светот, а во неа се појавуваат и пријателите на Меган, Опра Винфри и Џејн Гудал.

Црниот кум е за продуцентот Кларенс Авант, кој е наречен „кум на афроамериканската музика“. Нетфликс минатата година сними документарен филм за него, а интересно е што Хари и Меган претходно објавија дека потпишале договор со таа платформа.

Иванка Трамп сослушана поради злоупотреба на средства

Иванка Трамп, ќерка и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше испрашувана под заклетва во граѓанска постапка поврзана со злоупотреба на непрофитни средства за инаугурацијата на нејзиниот татко пред четири години.

Обвинителството на округот Колумбија, Карл Расин, вчера во судски допис откри дека се опдржало сослушување.

Во судска постапка од јануари 2020 година, Расин тврди дека компаниите за недвижнини и други субјекти на доналд трамп злоупотребиле непрофитни фондови за да го збогатат семејството Трамп.

Според тужбата, непрофитна корпорација ослободена од даноци, наречена „58. Претседателски основачки комитет“, координирала со семејството Трамп значително да преплати за простор за настани во хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон.

Енергетската иднина е во добивање енергија од вода

Енергетската иднина е во добивање енергија од вода. Златен фонд за обновлива енергија на планетата е водородот!

Македонската компанија Металотехника Прилеп разви специјална технологија за добивање енергија од вода!

Енергијата добиена од вода, со раздвојување на водород и кислород по посебна технологија може да се искористи во секојдневието и индустријата од мали, до средни и големи проекти, тоа да биде ефтин и неисцрпен ресурс и притоа да не се загадува животната средина, сметаат од Металотехника Прилеп.

Енерегетската иднина на Македонија е во искористувањето на обновливите извори на енергија добиени од ветар, сонце, биомаси и вода. Потреба што особено се наметнува во услови на зголемена потрошувачка на енергија, на константно зголемување на цената на енергетските ресурси, посебно на цената на суровата нафта, и особено важно поради константното загадување на животната средина која е неповратен ресурс.

Станува збор за извори на т.н зелена енергија кои се добиваат со релативно ниска цена, не ја загадуваат околината, нема потреба од увоз и се високо ефективен извор. Ветерниците, хидро централите, како и енергија од биомаси се познати на македонската јавноста, но она што е новитет во светот, што во некои високо развиени земји е хит, е добивање на енергија од вода, односно со нејзиното раздвојување на водород и кислород. А токму македонската компанија Металотехника Прилеп која оваа година слави 34 години од своето постоење, има создадено специјална технологија за раздвојување на водород и кислород, која може да се искористи на различни нивоа во секојдневието како и во индустријата од мали, до средни и големи проекти.

“Водата е материја во која најмногу се крие топлина, само е прашање на начинот и цената за одвојување на таа топлина. Водата гори, но за да даде топлина претходно треба да ги одвоиме водородот од кислородот. Благодарение на нашите повеќегодишни истражувања, како и анализа светските трендови за добивање енергија од обновливи извори, создадовме специјална технологија со која може да произведуваме ефтина, сигурна а еколошка енергија, која при нејзино добивање ќе емитува 40 пати помалку штетни гасови од дозволените. А резервите и ресурсите на вода во Македонија се огромни, и не треба да стравуваме дека овој ресурс ќе биде во недостиг во иднина”, смета Јандре Здравески Директор и еден од сопствениците на Металотехника Прилеп.

Со овој проект ние сакаме да изградиме мини термоцентрала до 1 Мегават јачина, а со тоа би добиле ефтина и чиста обновлива енергија, а би користеле водород кој нема потреба од складирање или дистрибуција на истиот, бидејќи се произведува на лице место според потребите на капацитетот на мини термоцентралата, односно обезбедува 100% автономност. Прашање е дали Државата е спремна, овој вид на енергија кој во светот е на далеку познат да го уврсти во обновливи видови на енергија и во нашата земја, додава Здравески.

Македонија има обврска, 20% од вкупното производсто на електрична енергија да ја добива од обновливи извори на енергија, што е просек и на дел од земјите членки на ЕУ, како Бугарија и Естонија, а што е предвидено и според ЕУ регулативите. Исто така и генералната светска политика ја задолжува секоја држава во наредните години до 2025 година да обезбеди од сопствени извори чиста енергија, односно енергија од обновливи извори, и да има своја енергетска стратегија. Македонија е планинска земја богата со вода, со предуслови за енергија која ќе се добива од вода. Во земјава најзастапени се хидропотенцијалот, ветерната енергија, сончевата енергија, и во сосем мали количини енергија добиена од био маса и био гас. Додека енергијата добиена од геотермални води, како и производство на енергија од водород е нешто што постои само во теоријата. А токму енергијата добиена од вода може да биде најефтината

Што би добиле: подобрување на енергетскиот баланс, помала увозна зависност на земјава, помал буџетски и трговски дефицит, на долг рок постабилни извори на енергија и секако намалена цена на електричната енергија, што ќе влијае позитивно на конкурентноста на домашните индустриски капацитети, кои и се најголеми потрошувачи на електрична енергија, и кои поголемиот дел од нив ја добиваат по субвенционирана цена, смета Здравески.

Ковид Центарот на Клиничка Болница во Битола доби најсовремена опрема од Ротари Клубот

Донирани се пет хемодинамиски монитори за возрасни, деца и новородени, два бронхоаспиратори со вакум и четири протокомери за кислород во вредност од 2.144 390.00. 

Ротари Клуб Битола Широк Сокак, предаде во употреба најсофистицирана опрема во Ковид Центарот на Клиничка Болница Битола, а ова е најголемата донација во своето 12-годишно постоење, а воедно и една од најголемите донации на опрема во Ковид Центрите во земјава.

Донирани се пет хемодинамиски монитори за возрасни, деца и новородени, два бронхоаспиратори со вакум и четири протокомери за кислород во вредност од 2.144 390.00. Со оваа опрема пациентите згрижени во Ковид Центарот во Битола ќе добијат можност нивната состојба да се следи со помош на врвна медицинска апаратура на реномираниот производител Дрегер Германија .

Средствата се обезбедени од лични донации на членови на клубот кои се мечирани во Ротари Интеранационал , донации од партнерски Ротари клубови Логатец, и Љубљана 25 од Словенија, Галезбург Санрајз САД , Ротари Дистрикт 1912 , Ротари Дистрикт 2483 Р. Србија како и средства на граѓаните на Битола кои беа донирани за време на минатогодишниот Втор Битолски Новогодишен базар.

Инспирирани и поттикнати од оваа голема донација на Ротари Клубот Битола Широк Сокак , добавувачот Винора одлучи кон оваа донација да се приклучи и да ја надгради со донирање на опрема која е од витално значење во справување со пандемијата со Ковид 19 и тоа два апиратори на струја, два протокомери за кислород со овлажнувач, ларингоскопски сет, 20 маски за висока концентрација на кислород.

Еден од клучните елементи што оваа донација ја прави уште по значајна е фактот што се работи за апаратура која после завршување на пандемијата ќе биде ставена во функција во операционите сали на Клиничка Болница Битола.

притисни ентер