Меган и Хари ја поделија јавноста поради честите летови со скап приватен авион - Канал 5

Меган и Хари ја поделија јавноста поради честите летови со скап приватен авион

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се на удар на јавниоста , откако за да држат предавања за климатските промени , често користат приватен авион.

Меган и Хари ја поделија јавноста поради честите летови со скап приватен авион

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл денеска допатуваа во Ница , на југот на Франција заедно со тромесечниот син Арчи Харисон. Кралската двојка неодамна се врати од островот Ибица , каде војвотката од Сасекс го прослави 38. роденден.

Медиумите пишуваат дека само за наем на приватниот авион трошат, трет пат за една недела, трошат 20 000 фунти. Таквите трошоци ги налутија дури и политичарите.

,,Изненадена сум од нивниот потег, особено што тие се борат толку напорно за да ја заштитат животната средина“, коментира пратеничката од Лабуристичката партија, Тереза Пирс.

Реагира и Кен Варф, поранешен шеф на одделот за заштита на покојната принцеза Дајана.

- Ќе бидам искрен - тие се лицемерни! Хари проповеда за катастрофалните ефекти од климатските промени , а постојано лета со приватни авиони, рече Варф.

Сепак, има такви што застанаа во одбрана на кралската двојка.

„Имајќи предвид дека тие се многу популарни и не можат да ги избегнат папараците и обожавателите, има смисла да патуваат со приватен авион, особено сега кога имаат бебе“, се согласија многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД му дадоа уште време на „Лукоил“- продолжена е дозволата за продажба на странскиот имот

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата со која му се дозволува на рускиот нафтен гигант Лукоил да продолжи со преговорите за продажба на своите меѓународни средства.

САД му дадоа уште време на „Лукоил“- продолжена е дозволата за продажба на странскиот имот

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата со која му се дозволува на рускиот нафтен гигант Лукоил да продолжи со преговорите за продажба на своите меѓународни средства до 19 септември.

Претходната лиценца требаше да истече на 22 август.

Меѓународните средства на Лукоил вклучуваат рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, како и околу 2.500 бензински пумпи во 19 земји, објави Интерфакс.

Компанијата, исто така, беше вклучена во нафтени проекти во неколку земји пред да бидат воведени санкциите, вклучувајќи ги Азербејџан, Казахстан, Узбекистан, Ирак и Египет.

OFAC првично ја издаде лиценцата за да му овозможи на Лукоил да преговара и да склучува условни договори со потенцијални купувачи за LUKOIL International GmbH (LIG), кој управува со голем дел од неговите странски средства, а секоја конечна продажба сè уште бара посебно одобрение од американските власти.

Лукоил го објави своето повлекување од меѓународните операции во октомври 2025 година по воведувањето на санкциите.

Првиот обид за продажба, договорен со Гунвор, пропадна откако OFAC не ја одобри трансакцијата.

Кон крајот на јануари 2026 година, руската компанија постигна договор со американскиот инвестициски фонд „Карлајл“ за продажба на меѓународни средства, а договорот сè уште чека зелено светло од американскиот регулатор.

„Лукоил“ веќе ја отпиша вредноста на тој бизнис поради санкциите и пријави загуба од 1,66 трилиони рубљи (околу 18 милијарди евра).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата песна на Северина за еден ден собра милион прегледи и стримови (ВИДЕО)

Северина ја објави песната „Свирајте ми 'Раѓај синове'“ („Совршена“), третата и последна песна од најавената музичка трилогија.

Новата песна на Северина за еден ден собра милион прегледи и стримови (ВИДЕО)

Во првите 24 часа, песната собра милион прегледи и стримови на YouTube, социјалните мрежи и платформите за стриминг.

Со ова се заклучува трилогијата што Северина ја објавуваше во изминатите три недели. Прва беше претставена песната „Нисам крива ја“ („Нечувствителна“), по што следуваше „Позови ме ти“ („Анксиозна“), додека циклусот заврши со песната „Свирајте ми 'Раѓај синове'“ („Савршена“), објави Индекс.

Песните се разликуваат тематски

Песните се разликуваат тематски, но се замислени како делови од поврзана целина. „Нечувствителна“ тематизира емоционална затвореност, „Анксиозна“ немир, љубомора и внатрешен конфликт, додека „Совршена“ се занимава со периодот по љубовното разочарување, со поизразени елементи на иронија, хумор и чувство на ослободување. Овој концепт на трилогијата прикажува три различни емоционални состојби - одвоеност, зголемена емоционална реакција и одлука за раскинување со претходна врска и продолжување понатаму.

YouTube video

Претходните две песни, „Безосјеќајна“ и „Анксиозна“, исто така постигнаа повеќемилионски прегледи и стримови на дигиталните платформи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран со закана по најавите на САД за најсериозни санкции досега: Ќе одговориме разорно

Иран денес предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на секоја нова американска закана, откако Вашингтон ги објави најтешките санкции досега со цел дополнително ослабување на иранскиот режим.

Иран со закана по најавите на САД за најсериозни санкции досега: Ќе одговориме разорно

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека ќе ги објави деталите за новите мерки во понеделник. Тој ги најави „најтешките санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се обидат економски да го изолираат Иран, вклучително и вршење притисок врз земјите и компаниите што продолжуваат да соработуваат со Техеран, пренесе Индекс.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно предупреди дека секоја земја што ќе му обезбеди на Иран „каков било вид поддршка за преживување“ ќе се соочи со сериозни економски последици.

„Одговорот ќе биде силен и разорен“

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Али Абдолахи, изјави дека одговорот на Иран ќе биде сеопфатен.

„Со подготвеност на копно, море, во воздух, воздушна одбрана и сајбер-простор, иранските вооружени сили ќе одговорат на новите закани од непријателот силно и разорно“, рече Абдолахи, според иранските медиуми.

Иран е под речиси континуирани санкции на САД уште од Исламската револуција во 1979 година, но администрацијата на Трамп сега најавува многу поширок притисок врз иранската трговија, финансиските текови и земјите што продолжуваат да му помагаат на Техеран.

Калибаф: Мора да најдеме начин да ги надминеме санкциите

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Бакер Калибаф, кој игра важна улога во преговорите со САД, за време на посетата на Ирак изјави дека Иран мора да подготви план за соочување со нови санкции.

„Мораме да направиме планови за справување со неправедните санкции за да можеме да ги надминеме“, рече Калибаф.

Тој оцени дека САД и Израел заклучиле дека не можат да го победат Иран во директен воен конфликт, па затоа сега, според него, посегнуваат по економска и „когнитивна“ војна.

Калибаф, исто така, повика на зајакнување на економските односи меѓу Иран и Ирак и поголема употреба на националните валути во меѓусебната трговија со цел да се намали зависноста од американскиот долар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер