Меган Фокс: Со Машинган Кели секогаш ќе бидам поврзана - Канал 5

Меган Фокс: Со Машинган Кели секогаш ќе бидам поврзана

 Меган Фокс проговоре за две теми коишто ги поттикнаа озборувањата за неа последниве години. Тоа се веридбата со раперот Машинган Кели и нејзината пластична операција.

Меган Фокс: Со Машинган Кели секогаш ќе бидам поврзана

Романсата на Фокс со канадскиот музичар беше предмет на многу гласини поради судирот меѓу нив двајца, којшто таа и официјално го потврди во новата интернет-емисија на Алекс Купер.

Глумицата, имено, навести оти „интимно, сѐ уште може да има нешто меѓу нив“, но потврди дека свршувачката е прекината.

- Она што го научив околу оваа врска е дека таа не е за пред јавноста. Така што, мислам дека засега немам коментар за статусот на оваа врска, изјави Фокс.

Таа сепак призна дека раперот сè уште е нејзина сродна душа, со кого секогаш ќе има поврзаност, без разлика на сè.

- Не можам со сигурност да кажам колкав ќе ни биде капацитетот, но секогаш некако ќе бидам поврзана со него. Освен тоа, не сум подготвена да објаснувам, рече Меган.

На забелешките дека телото на Фокс е „постојано под лупа“, како и промените во тој поглед, но и во интерес на транспарентноста - против предрасудите кон женското тело, Меган ги наведе естетските зафати што ги имала и немала последниве години. Имено, глумицата потврди три зголемувања на градите, ринопластика, ботокс и филери.

На листата „лажни вести“ таа ги вклучи: „Фејслифтинг“, странично подигнување на веѓите, редовно подигнување на веѓите, отстранување телесни маснотии, липосукција, контурирање на телото и „бразилско подигнување на задникот“.

- Колку повеќе ја преземав контролата над моето тело и ги правев работите што отсекогаш сум сакала да ги направам, толку поудобно ми е во телото. Во поглед на операциите, тоа и не е толку многу... Мојот страв од општа анестезија „дестимулирачки спас“ и благослов, додаде Фокс.

Фокс истакна дека тие постапки секогаш се ризични и опасни, и секој треба да биде многу внимателен и темелно да истражи пред да се реши на таков оперативен потфат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче Тошковски

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

„Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски.

Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став.

„Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски.

Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина.

Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори.

Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“.

Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври.

ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери.

Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки.

Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ.

Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер