Мег Рајан доаѓа на Сараевскиот филмски фестивал да прими почесна награда - Канал 5

Мег Рајан доаѓа на Сараевскиот филмски фестивал да прими почесна награда

Холивудската ѕвезда, Мег Рајан ќе биде меѓу гостите на овогодинешниот Сараевски филмски фестивал...

Мег Рајан доаѓа на Сараевскиот филмски фестивал да прими почесна награда

Холивудската ѕвезда, Мег Рајан ќе биде меѓу гостите на овогодинешниот Сараевски филмски фестивал (СФФ), кој се одржува од 16. до 23. август, а по тој повод ќе и биде врачена почесна награда за нејзиниот придонес во филмската уметност, „Срцето на Сараево“, соопштија организаторите во понеделникот.

Рајан на СФФ ќе им се придружи на Џон Туртуро и Александери Пејн, познати актери и режисери чие доаѓање беше најавено претходно. Таа, како и нив двајца, ќе одржи специјално предавање за младите филмски уметници. Нејзиниот час ќе го води наградуваниот босанско-херцеговски режисер Денис Тановиќ, и тоа ќе биде посебна прилика за увид во клучните аспекти на кариерата на Мег Рајан и нејзиниот нов филм „Што се случува подоцна“ (What happens later), кој исто така ќе биде прикажан на СФФ.

„Таа ги освои нашите срца“

Оваа романтична комедија ја режираше Рајан, таа го напиша сценариото и во него глуми заедно со Дејвид Духовни. Тоа е нејзино второ режисерско дело по независниот филм „Итака“ од 2015 година. Мег Рајан, исто така, на публиката на СФФ ќе ѝ претстави посебна проекција од нејзината хит романтична комедија од 1998 година, „Добивте порака“ (You Have a Message).

„Мег Рајан ги освои нашите срца на прв поглед. Не само што нè шармираше сите со своите незаборавни изведби, туку и ја докажа својата вештина зад камерата како режисер и сценарист. Чест ни е да ѝ го доделиме Срцето на Сараево“, изјавил по тој повод Јован Марјановиќ, директорoт на Сараевскиот филмски фестивал.

Има добиено бројни награди

Мег Рајан стекна широко признание за нејзината прва улога номинирана за Златен глобус како Сали Олбрајт во филмот „Кога Хари ја запозна Сали“, во режија на Роб Рајнер и сценарио на Нора Ефрон. Таа продолжи да глуми во хит романтичната комедија на Нора Ефрон, „Бессони во Сиетл“ заедно со Том Хенкс, што ѝ донесе втора номинација за Златен глобус.

Нејзината последна соработка со Ефрон и Хенкс беше романтичната комедија „Добивте порака“ (You Have a Message), која повторно ѝ донесе меѓународно признание на Рајан и трета номинација за Златен глобус.

Таа, исто така, има добиено признанија за нејзините уникатни драмски портрети, вклучувајќи ја и улогата на првата жена војник номинирана за Медал на честа во „Храброста на воинот“ на Ед Цвик каде игра покрај Дензел Вашингтон, како и за изведбата на улогата на жена со проблем со алкохолот во филмот на Луис Мандоки „Кога човек љуби жена“ ( When а Man Loves a Woman), во кој таа глуми со Енди Гарсија. Таа има освоено и номинација за „Independent Spirit Award“ за филмот „Ветена земја“ од Институтот Санденс.

Почесното „Срце на Сараево“ е основано во 2005 година со цел да им оддаде признание на поединци за нивниот исклучителен придонес во афирмацијата и развојот на филмската индустрија и поддршката и развојот на Сараевскиот филмски фестивал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“

Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41. издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври. 

На 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“

Повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика.

Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други.

„Годинава имаме навистина интересен избор на автори – докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“ “, вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот.

Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаин

Речиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.

Од суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаин

Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми.

Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд.

Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита.

Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата.

Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка.

Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд.

Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:

Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер