МакедонијаМеџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крајКандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва на централниот митинг во Чаир одржа силен и емотивен говор.Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва на централниот митинг во Чаир одржа силен и емотивен говор, при што им се заблагодари на сите активисти и граѓани за нивната постојана поддршка за време на целата изборна кампања. Во продолжение го пренесуваме говорот на кандидатот за градоналник на коалицијата ВЛЕН во Чаир, Изет Меџити: Почитувани чаирчани, драги мајки, татковци, браќа и сестри, Вечерва сум пред вас, не за да одржам политички говор, ниту за да се занимавам со опонентите, ниту со напади кон нашите противници. Вечерва не сум тука ниту да зборувам за нашите проекти во Чаир, затоа што, каде и да се движите низ Чаир, зборува нашата работа, зборуваат машините кои работат во нашиот Чаир. Затоа, сè што би рекол за тоа што правиме за нашиот Чаир би било помалку од она што реално се случува како промена денес во Чаир. Нема да зборувам ниту за десетиците милиони евра инвестиции што ги донесовме во Чаир, ниту за новите училишта и градинки, ниту за новиот плоштад во Чаршијата, ниту за новиот универзитетски кампус. Вечерва сум овде само за да ви кажам – ви благодарам! Ви благодарам од срце за целата љубов што ми ја подаривте во оваа кампања! Ви благодарам од срце за довербата што ми ја дадовте во оваа кампања! Ви благодарам од срце за насмевките што ми ги дадовте во оваа кампања! Повеќе од победата што доаѓа, доволни ми се вашата љубов, вашата доверба и вашата насмевка! Драги граѓани на Чаир, вечерва на завршницата на оваа кампања, сум овде за да ви кажам дека оваа битка ги надмина димензиите на една обична локална изборна трка. Нашите политички противници сакаа да нè предизвикаат во Чаир, да нè поразат во Чаир, мислејќи дека ќе се повлечеме. Иако имавме многу момци и девојки кои ќе ја водеа оваа битка со успех, како и секогаш, јас ја прифатив оваа одговорност и побарав разбирање од пријателите во ВЛЕН за да се кандидирам лично. Сакав честа на Чаир да ја преземам врз себе и да им покажеме на сите дека Чаир не е трамполина за спас на политичките кариери на истрошени те политичари од Зајас. Чаир не е ниту средство за враќање на власт на оние кои денес тагуваат во опозиција и мислат дека преку победа во Чаир ќе се вратат во владата! На 19 октомври, некои од нив ќе ги испратиме во политичка пензија, а некои во историјата. Затоа, драги мои чаирчани, нашата победа во Чаир има врска со честа на Чаир. Затоа што јас не сум во трка со Бујар Османи, туку со Али Ахмети од Зајас! Втората работа што сакам да ви ја кажам е дека се вратив да се кандидирам во Чаир за да ја претворам нивната замисла за Чаир како запоставена гето општина, во Чаир од нашите соништа. Во изминатите 15 месеци во извршната власт, владата ВЛЕН насочи кон Чаир десетици проекти и околу 100 милиони евра инвестиции, со што Чаир од периферија го претвораме во центар на градот. Иако јас ја водам оваа трка, оваа победа најмалку ми припаѓа мене. Сакам да им се заблагодарам на сите што со својата работа и посветеност во изминатите три недели кампања и три месеци активност дадоа многу за оваа победа! Тука се шефовите на локалните изборни штабови, предводени од шефот на општинскиот штаб на ВЛЕН во Чаир, кои се вистинските победници на оваа изборна трка. Ви благодарам од срце на сите! Тука е и Форумот на жените, кој спроведе извонредна кампања за промоција на нашата работа. Многу од нив ги оставија своите семејства за оваа кауза. Ви благодарам од срце и ви се поклонувам до земја! Присутен е и Младинскиот форум на ВЛЕН, инспираторите на енергијата и ентузијазмот во Чаир. Тие се најдобрите момци и девојки што ги има Чаир и токму за нив вредеше да се води оваа битка! Во истиот дух, особено им се заблагодарувам на носителите на советничките листи за Чаир и за Град Скопје и двајцата од Чаир. Ви посакувам успех во недела! Благодарност заслужува и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, кој беше дел од оваа кампања и кој нè направи горди што сме заедно. Ти благодарам! Посебна благодарност и за пратеникот Беким Сали, кој беше секогаш на мојата десна страна во оваа кампања. Благодарам, Беко. Драги граѓани на Чаир, во текот на оваа кампања, ја почувствував емоцијата на поддршката и љубовта како никогаш порано. Никогаш нема да го заборавам емотивниот момент со еден постар човек во Саат-кула, кој, со солзи во очите и стегајќи ми ја раката, ми рече: „Благодарение на тебе ја спасив мојата фамилија, кога ми помогна да ја добијам дозволата за куќата.“ Се разбира, секој би се чувствувал добро во таков момент, и не можам да го негирам тоа, но мојот одговор до него беше: “Ние само го направивме она што е наша обврска кон граѓаните, ништо повеќе. Нема потреба од благодарност.“ Затоа што, вашата доверба е аманет за нас. Со вакви примери на благодарност се сретнав насекаде низ нашиот Чаир. Иако е невозможно да ги спомнам сите домови, бескрајно сум благодарен што ни ги отворивте срцата и вратите од вашите куќи, што не исполнуваа не само со емоции и инспирација, туку и со уверување дека навистина вреди да се води оваа битка. Затоа што вашата доверба е за нас аманет. Такви примери на благодарност најдов насекаде низ Чаир. Ви благодарам што ни ги отворивте срцата и вратите на вашите домови, што нè исполнувате со емоција, инспирација и верба дека оваа битка вреди да се води. Посебна благодарност упатувам и до просветните работници, спортистите, уметниците, трговците од Битпазар, еснафот на Чаршијата, пензионерите и лицата со посебни потреби. Ви благодарам и ви искажувам голема почит. Почитувани присутни, пред да завршам, сакам да кажам уште нешто. “Битката во Чаир не е само борба за тоа кој ќе ја управува оваа општина во следните четири години. Оваа битка ќе ја одреди и политичката иднина на Албанците: дали ќе се вратат оние што владееја со ароганција и завршија на црните листи или ќе продолжиме ние да владееме со елеганција и да бидеме на светлите страници на нашата историја? Во Чаир се води битка за сите наши населени места, од Липково до Струга. Затоа оваа кампања ја водев внимателно, со идеи и програма, а не со навреди и омаловажувања. Драги граѓани на Чаир, нас и победата нè делат само уште два дена. Искористете ги овие два дена за да разговарате со вашите семејства, пријатели и соседи и да им ја пренесете пораката дека оваа битка е за иднината на нашите деца, младите, родителите и повозрасните. Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум до крај да работиме и да се жртвуваме за да ја претвориме визијата на оние што нè проектираа како гето, во Чаир од нашите соништа – урбана и развиена општина во нашиот град. На 19 октомври, сите заедно да гласаме за број 7, бројот на сигурната победа и на иднината без алтернатива.“ Тој го заврши говорот со порака: “Во недела вечер да се сретнеме сите на плоштадот ‘Скендербег’ за да го прославиме новото поглавје за Чаир и новата политичка историја за Албанците во нашата земја.“ Ви благодарам и се гледаме во недела!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Култура„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски. Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска. Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026. Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли. Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола. Влезници онлајн на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/ Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter