Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници
Српската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризик
1Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници
2Српската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризик
СветМедиуми во Австралија: Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид АкрамЛокалните медиуми ги објавија имињата на двајцата напаѓачи врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, во Австралија, наведувајќи дека нападот го извршиле Саџид и Навид Акрам, татко и син, објави Би-Би-Си.Таткото (50) е убиен на лице место, додека синот (24) е во болница, во критична состојба, откако вчера попладне по локално време извршија вооружен напад на плажата Бонди и убија 16 лица кои го славеле еврејскиот празник Ханука, вклучувајќи и 10-годишно девојче, а повеќе од 40 повредени лица биле префрлени во болница. Австралиската Еј-Би-Си објави дека Навид Акрам, роден во Австралија, претходно бил испрашуван за неговите блиски врски со терористичката ќелија на Исламска држава (ИД) со седиште во Сиднеј, и дека полицијата за борба против тероризмот верува дека напаѓачите се заколнале на верност кон оваа терористичка група. Полицијата верува дека нападот го планирале во објект за краткотрајно изнајмување, на околу 30 минути возење од плажата Бонди. Саџид Акрам пристигнал во Австралија со студентска виза во 1998 година, која во 2001 година била претворена во виза за партнерство, а подоцна во виза за враќање на жител. Тој имал дозвола за огнено оружје за рекреативен лов и бил член на стрелачки клуб. Неговиот син, Навид Акрам, првпат го привлекол вниманието на властите во октомври 2019 година, но австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека „во тоа време била направена проценка дека нема индикации за каква било актуелна закана или закана дека ќе се вклучи во насилство“. Полицијата првично ја истражувала можноста дека имало трет напаѓач, но подоцна објавила дека биле само двајцата.Тагови: Австралија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаВо Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратенициПредлог Извештајот на известувачот Вајц за Македонија помина во Комисијата за надворешни работи на ЕП, и кон крајот на јуни ке се најде и на пленарна седница на Европскиот парламент.Изгласани се 11 компромисни амандани и два на бугарски европратеници, едниот од нив се однесува на историската комисија. Усвоените амандмани европарламентот официјално ќе ги објави, по што ќе се знае дали мегу нив е и амандманоит на Вајц за вториот протокол со Бугарија. Од Европскиот парламент соопштија дека ја реафирмираат поддршката за македонските евроинтеграции, но дека напредокот во преговорите зависи од трајни и длабоки реформи, не само за усвојување на потребните уставни амандмани. Вајц во пишано соопштение информираше дека е задоволен од исходот, а нагласува и дека земјава направила важни реформски чекори и дека од клучна важност е да се продолжи со напорите и да остане силно посветена на евроинтегративниот пат.Тагови: ЕП Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
БалканСрпската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризикСрпската Безбедносно-информативна агенција (БИА) му препорача на српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват поради утврден висок безбедносен ризик.Во соопштението објавено на веб-страницата на БИА се наведува дека според оперативните сознанија на агенцијата, водачот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора. Се додава дека безбедносната проценка што постојано беше барана од службата домаќин на собирот во Црна Гора не беше доставена до БИА, спротивно на сите правила на професијата и одговорен став. „Од причини од најголема важност за задачите што ѝ се доверени на Агенцијата за безбедност и информации, соопштуваме дека е потребно да објавиме дека поради непријателските дејствија на странски служби и криминални кланови во Црна Гора, Агенцијата за безбедност и информации официјално го советуваше претседателот на Република Србија да не патува во Црна Гора бидејќи е утврдено дека постои висок безбедносен ризик“, се вели во соопштението. Вучиќ треба да присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват на 4 и 5 јуни. Црногорските медиуми објавија дека повеќе од 1 500 полицајци ќе го обезбедуваат самитот на 4 и 5 јуни во Тиват, на кој треба да се соберат учесници на највисоко политичко ниво. Меѓу нив се претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, шпанскиот премиер Педро Санчез, италијанскиот премиер Џорџа Мелони и бројни други европски и регионални лидери.Тагови: Александар Вучиќ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзраел и Либан постигнаа договор за прекин на војната под два условаИзраел и Либан постигнаа договор за прекин на огнот со цел прекин на непријателствата, објави администрацијата на Трамп. Со тоа, САД се стремат да отстранат една од најголемите пречки во постигнувањето поширок договор за прекин на војната со Иран. Во заедничка изјава објавена од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон, се наведува дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е условен од целосен прекин на огнот од страна на Хезболах, милиција поврзана со Иран, и евакуација на сите нејзини оперативци од југот на земјата. Двете страни, кои немаат формални дипломатски односи, се согласија и за создавање „пилотски зони“ во кои либанските вооружени сили ќе „преземат ексклузивна контрола врз територијата, исклучувајќи ги сите недржавни актери“. Израел и Либан објавија заедничка изјава за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Документот ги поставува темелите за смирување на ситуацијата на терен и продолжување на преговорите. Според соопштението, двете страни се обврзале на брзо воспоставување пилотски зони. „Двете страни, под водство на САД, се согласија дека брзо ќе започнат со воспоставување пилотски зони во кои либанските вооружени сили ќе ја преземат ексклузивната контрола врз територијата, без присуство на какви било недржавни актери“, се наведува во договорот. Беше разјаснето дека „недржавни актери“ се однесува на Хезболах, милитантна група поддржана од Иран, која со години е дестабилизирачки фактор во Либан и честа цел на израелски напади. Договорот, исто така, содржи обврска за иднината. „Израел и Либан потврдија дека немаат непријателски намери еден кон друг и се обврзаа да продолжат со директните преговори за градење доверба, решавање на сите преостанати прашања и постигнување сеопфатен договор меѓу двете земји“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter