Медиуми: Ван Дајк сака да се пресели во МЛС - Канал 5

Медиуми: Ван Дајк сака да се пресели во МЛС

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк размислува да се пресели во клуб од МЛС и покрај понудата од Саудиска Арабија, пишува „Get French Football News“.

Медиуми: Ван Дајк сака да се пресели во МЛС

Ливерпул го гледа 25-годишниот централен бек на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек како потенцијална замена за Ван Дајк. „Црвените“ планираат да за овој трансфер да потрошат околу 50 милиони евра.

Претходно беше објавено дека Ал-Хилал упатил првична понуда до Ливерпул за Ван Дајк, чија вредност изнесува повеќе од 20 милиони евра.

Триесет и тригодишниот Холанѓанец игра за Ливерпул од јануари 2018 година. Оваа сезона забележа 41 настап за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Неговиот договор со клубот истекува на крајот од тековната сезона. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците од струмичкиот регион и денеска со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на капијата, наменета за конзервно преработувачките капацитети.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците трет ден протестираа и организираат блокади, бидејќи велат дека е несфатливо лани пиперките да се откупувале за 35 и 40 денари а годинава за 25 денари.

За проблемот вчера средба имале и со министерот за земјоделство Борче Серафимовски, кој, како што кажаа изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на земјоделците но ќе мора да седне на маса и со преставници на конзервно преработувачктие капацитети.

Земјоделците очекуваат конкретни резултати од средбата до втроник, во спротивно се закануваат со уште помасовни протести и блокади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. 

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска е активно портокалово ниво на опасност од високи температури, заладување се очекува дури следниот викенд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачот

Уапсен е 46 годишен маж, осомничен дека бил причина за вчерашната сообраќајна несреќа во скопско Радишани каде загина 19 годишен мотоциликст.

Трето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачот

Според истражителите од терен обезбедените снимки од местото на несреќата покажуват дека возачот С.О со возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици учествувал во предизвикувањето на несреќата без да има физички контакт со другите возила. Тој заминал од местото на несреќата без да им укаже помош на повредените. Моторот беше целосно уништен, а возилото имаше големи оштетувања и бил повреден возачот на автомобилот алфа ромео. Според извори на Канал 5 најверојатно возачот со возилото „сеат алета“ на едно од возилата им го пресекол патот.

„По преземени полициски мерки, околу 19:40 часот автомобилот бил пронајден во Арачиново, а бил пронајден и возачот С.О. (46). Тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, каде со него бил извршен службен разговор. Несреќата била пријавена вчера во 12:12 часот на улицата „Радишанска“ во Скопје. Во неа учествувале „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (47), и мотоцикл „кавасаки“, управуван од Н.М. (19) од Побожје“, изјави Гоце Андреевски портпарол на МВР.

Мотоциклистот починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Несреќата се случи вчера околу пладне помеѓу возило „алфа ромео“ и мотор. Возачот на алфа ромеото се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер