РецептиМедитеранско пилешко во кремаст сос од лимон и босилекОва медитеранска комбинација на вкусови ќе ве освои со свежината на лимонот, аромата на босилекот и кремастиот сос што совршено го надополнува сочното пилешко месо. Лесно се приготвува, а впечатокот што го остава – е феноменален. Состојки: 500 грама пилешки стек (пилешко филе) 1 лажица маслиново масло 2 чешниња лук (ситно сечкан) 200 мл неутрална павлака за готвење Сок и кора од 1 лимон Една рака свеж босилек (или 1 лажичка сув) Сол и бибер по вкус 1 лажичка мед 1 лажица пармезан (по желба) Подготовка: Пилешкото месо исечете го на тенки шницли, посолете и побиберете. Загрејте маслиново масло во тава и пржете го месото од двете страни додека не добие златна боја. Извадете го и оставете го на страна. Во истата тава додадете го лукот и кратко пропржете (внимавајте да не загори). Додадете ја павлаката за готвење, сокот и кората од лимонот, како и медот. Измешајте. Вратете го пилешкото во тавата, додадете го босилекот и гответе 5–7 минути на тивок оган. По желба, додадете пармезан за побогат и погуст сос. Послужување: Послужете го јадењето со варен ориз, тестенини или пире од компири. Декорирајте со парче лимон за елегантен изглед и листови бослок или магдонос.Тагови: босилек пилешко кремаст сос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелјиВо тендер коалицијата владее хаос. Партијата ЗНАМ повеќе не постои. Преостанати се само двајца - Максим Димитриевски и Горан Минчев. ВМРО стои зад Минчев, додека Максо си бара подобра позиција за себе. Сите знаат дека им преостануваат уште само неколку месеци за тендери, пред Мицкоски да распише избори. Состојбата во ВМРО не е подобра. Министерот за внатрешни работи е во отворен судир со други министри. Секој сака да остане во својата фотелја. Деновите се бројат до празната државна каса, па сите брзаат со своите тендери. Додека на јавноста ѝ се претставуваат „добри резултати“, зад затворените врати на Белата палата се води тепачка за позиции и лична добивка. Ако резултатите се толку добри на оваа Влада, зошто тогаш реконструкција? Додека граѓаните гледаат во празните паричници и фрижидери, зад ѕидовите на власта се води борба за уште тендери и уште лично богатење. Вака изгледа кога на власт е организирана криминална група. Кога шефот на бандата Мицкоски ја води политиката, настануваат војни меѓу криминалните кланови. Ако не се договорат за позициите, ќе има измислен изговор за избори. Буџетот е празен, а тие брзаат да се задолжат уште повеќе. За само две години натоварија 2,5 милијарди евра нов долг врз грбот на народот. Стотици тендери и стотици милиони завршија во џебовите на овие криминалци со бугарски пасоши и државјанства. Во меѓувреме, обичниот народ чека по 10 часа на граница, младите размислуваат за заминување, земјоделците се борат да преживеат, работниците тешко врзуваат крај со крај, а пензионерите имаат помалку пари од месец во месец. Наскоро ќе дојде време на вистина и правда. Враќање на европскиот пат, кога сите до еден ќе одговараат. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТрамп ја продолжи вонредната состојба за Западен БалканАмериканскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД.Според објавата во федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ Буш 2001-ва година, со извршна наредба која овозможува замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во ГевгелијаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 20 Гевгелија, 14 Претор, 4 Тополчани, 3 Скопје Петровец, 1 Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter