Медицинска сестра нападната од семејство на починат на КАРИЛ - Канал 5

Медицинска сестра нападната од семејство на починат на КАРИЛ

Медицинската сестра околу 7.30 часот утринава пред почетокот на утринската смена на КАРИЛ била истепана и навредувана од страна на роднини чиј близок починал на оваа клиника.

Медицинска сестра нападната од семејство на починат на КАРИЛ

Вработената била дежурна кога нивниот близок бил сместен на интензивната нега.

Роднината починал, а напаѓачите ја пречекале и почнале да ја удираат и да ја навредуваат и се заканиле дека ова тука нема да заврши и заминале.

Таа нема тешки телесни повреди, но се уште е во шок и била веднаш упатена на боледување.

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека по инцидентот разговарал со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и побарал полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на овој оддел.

Ова не е прв инцидент во комплексот „Мајка Тереза“.Слична судбина имаше и медицинска сестра на клиниката за гинекологија кога физички била нападната од роднина на родилка.

Пред скоро три години хирург од дигестивна хирургија беше нападнат со огнено оружје, 37 годишниот напаѓач испукал 7 куршуми од кои два завршија во докторот.

Напаѓачот доби 5 години затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.

Да бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!

Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии.

Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години.

Потребни сер 6.000 евра.

Сите кои се во можност можат да донираат на:

143 482 за корисници на А1.

143 109 за корисници на Телеком.

Халк Банка: 270 700 122 675 849

Примач: Марко Џолевски

НЛБ Банка: 210 501 786 673 895

Примач: Марко Џолевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор

Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор, при утврдувањето се води сметка за почитувањето на човековите права ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗМЕП Трајков: “Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава”

 Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните реформи и критериуми.

ЗМЕП Трајков: “Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава”

„ Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните реформи и критериуми. Во исто време, веруваме дека кредибилитетот на процесот на проширување најдобро се зајакнува кога секоја земја кандидат се оценува врз основа на сопствениот напредок и исполнувањето на заеднички договорените европски стандарди. Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес. Тоа е темел за создавање европска држава и за зголемување на довербата на граѓаните во институциите. Истовремено, свесни сме дека пред нас останува значајна работа и сериозни предизвици. Нашиот фокус во наредниот период ќе биде јасен: подобра имплементација, посилни институции и конкретни и одржливи резултати“, истакна заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде, покрај за нашата земја, се разговараше за напредокот на полето на владеење на правото и во Албанија, Црна Гора и Србија.

Истакнувајќи ја посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, Трајков потенцираше дека во изминатиот период се направени значајни чекори во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.

„Нашиот пристап е јасен – реформите не ги спроведуваме само заради исполнување на формални критериуми, туку пред сè заради нашите граѓани, со цел да обезбедиме стабилна, просперитетна и европска иднина. Во областа на правосудството, продолживме со спроведување на реформите насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на судството и обвинителството. Во оваа насока, презедовме и законодавни и институционални чекори за унапредување на правосудниот систем и негово понатамошно усогласување со европските стандарди“, рече заменик-министерката Трајков, додавајќи дека целта е натамошно јакнење на институционалните капацитети, човечките ресурси и условите за независно и ефикасно функционирање на правосудните институции.

Говорејќи за борбата против корупцијата, таа нагласи дека се продолжило во насока на зајакнување на превентивните и институционалните механизми, со посебен фокус на транспарентноста, интегритетот и отчетноста на јавните институции и дека Новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 претставува значаен чекор во оваа насока.

„Донесовме и унапредивме законски решенија со цел да се зајакне системот за превенција и борба против корупцијата и да се создадат поефикасни механизми за постапување во случаи на организиран криминал и корупција. Воедно, спроведуваме реформи во казнената политика со цел поефикасно откривање, процесуирање и санкционирање на овие кривични дела, во согласност со европските стандарди“, истакна Трајков.

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков се осврна и на пристапниот процес, оценувајќи дека тој треба да продолжи да се темели на јасни, објективни и предвидливи критериуми.

„Добрососедските односи и отворениот дијалог се суштински дел од европскиот проект и ние остануваме посветени на нивното унапредување. Сметаме дека отворените прашања најдобро се решаваат преку дијалог, взаемно почитување и европски дух. Веруваме дека токму таквиот пристап ја прави политиката на проширување посилна и покредибилна и испраќа јасна порака дека реформите, постигнатите резултати и исполнувањето на европските стандарди се основата на патот кон членството во Европската Унија“, заклучи заменик-министерката за европски прашања Трајков на крајот од своето обраќање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер