Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
1Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
ЖивотМедицинска сестра нападната и избркана од продавница: Шириш бактерии! (ВИДЕО)Медицинската сестра Кимберли Симпсон од Бартон-апон-Трент во британската покраина Стафордшир излегла од продавница во солзи откако жена ја нападнала за ширење микроби.Кимберли влегла во продавницата во униформа на медицинска сестра, а жената ја следела околу продавницата и ја нападнала додека влегувала. Кога сфатила дека нападот нема да запре, таа започнала да ја снима жената. "Знам дека не изгледам убаво додека плачам, но таа жена штотуку ме следеше низ продавницата и викаше дека не треба да ме пуштат да купувам затоа што носам униформа. Таа тврдеше дека не треба да купувам работи што не се основни (не знам како таа знае дека не купувам нешто за лицето за кое се грижам), наводно ширам микроби и корона. Се закани дека ќе ме пријави кај мојот шеф, кој само ми рече дека не сум сторила ништо лошо “, напиша Кимберли по инцидентот. Таа додаде дека никој од луѓето за кои се грижи не е заразен со коронавирус, така што очигледно е добро. "Таа ми викаше десетина минути пред да решам да ја снимам бидејќи ме следеше. Ниту еден од вработените во продавницата не ми помогна, никој не застана зад мене. Двојка од Полска ми рече да не плачам, им благодарам. Бев ужасната од нејзиното однесување , не направив ништо лошо “, напиша Кимберли. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВедро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степениСпоред Управата за хидрометеролошки работи денеска утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook