РецептиМедени колачињаНаправени од миризливо тесто со мед, многу убаво и вкусно. Состојки: 200 грама мед 10 грама шеќер 10 мл вода (1 лажица) 250 грама обично брашно 1 лажичка прашок за пециво 250 грама брашно од спелта 12 грама сода бикарбона 1/2 лажичка цимет 1/2 лажичка каранфилче 1 јајце 70 мл млеко 50 грама омекнат путер Подготовка: За тестото, загрејте го медот со шеќер, и водата додека шеќерот не се раствори. Оставете да се олади. Измешајте го брашното со прашокот за пециво и просејте го во сад за мешање. Измешајте го брашното од спелта со сода бикарбона и додадете го во смесата од брашно и прашок за пециво. Додадете го јајцето, циметот, каранфилчето, млекото, путерот, изладената смеса од мед и растопениот шеќер и измешајте сè во тесто. Ставете го тестото во фрижидер околу 2 часа. Развлечете го тестото со дебелина од 5 мм на набрашнета површина. Исечете кругови, а може и разни мотиви и наредете ги на намастен и набрашнет плех за печење. Премачкајте ги медените колачиња со млеко и ставете ги на средната решетка од рерна загреана на 180°C. Печете 10 минути со малку отворена врата од рерната. Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над ЛитванијаБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија откако беше издадено предупредување за главниот град Вилнус и околниот регион.Леталото во Литванија дошло од соседна Белорусија и се движело кон запад. Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, утринава објави: „Беспилотно летало што штотуку навлезе во литванскиот воздушен простор беше уништено од борбени авиони на НАТО. Со оглед на тоа што Русија ја засилува агресијата врз Украина, ваквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион.“ Во меѓувреме, Полска ги активираше своите воздухопловни сили како превентивна мерка поради руските напади со беспилотни летала врз Украина. Вчера полската војска извлече сомнително руско беспилотно летало од морето кај балтичкиот брег во северна Полска. Литванија, Латвија и Естонија – сите членки на НАТО на границата со Русија – постојано се соочуваат со навлегувања на беспилотни летала на нивните територии откако Москва ја започна војната против украина.Тагови: дрон НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во КиевРуски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна. Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм. Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев. Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели. russian terrorists have already attacked two gas stations in Kyiv this morning. This is the fucking “nuclear power” the world is so afraid of. A country 28 times larger, reduced to terrorizing gas stations in Ukraine’s capital. This is russia’s “great power.” https://t.co/eSi7IISRBL — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 15, 2026 Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеникКумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17