Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветМечка уби мотоциклист во Романија- полицајците занемеле кога ги виделе снимките во неговиот телефонВо трагичен инцидент на Трансфагарасанскиот автопат во Романија, мечка убила италијански мотоциклист во близина на хотел кај браната Видрару.Телото на несреќниот човек било пронајдено во длабока јама и однесено во Институтот за судска медицина на преглед. Мотоциклистот немал никаква шанса Мотоциклистот бил дел од група што патувала кон езерото Балеа. Тие наводно ги запреле мотори покрај патот кога дошла мечката. Еден од мажите бил нападнат и влечен кон шумата. Неговиот мотоцикл со италијански регистарски таблички бил пронајден покрај патот, со ракавици, додека неговиот телефон бил забележан во јамата. Спасувачите подоцна го пронашле безживотното тело. Дивата ѕверка го одвлекла несреќниот човек во ров длабок 40 метри, па затоа немал никаква шанса да се спаси. Мечката подоцна била убиена Телото го извлекле пожарникари и планински спасувачи, со присуство на вооружени жандарми и претставници на Управата за шумарство, бидејќи се претпоставувало дека мечката е сè уште во близина на својот плен. Жандармеријата подоцна ја убила мечката Според „Обсерватор“, полицијата ги пронашла последните фотографии на телефонот на жртвата, кои тој ги направил пред нападот. Мотоциклистот наводно се обидел да му се приближи на дивиот ѕвер за да го нахрани. Трагедија во ловиштето „Арефу 5“ Фотографиите и видеото наводно покажуваат дека мечката се приближува сè повеќе кон него, додека Италијанецот се обидува да му даде храна од неговата рака. Трагичниот инцидент се случил во ловиштето „Арефу 5“, кое го управува Шумарската управа на Аргеш. Властите велат дека во оваа област има 112 мечки. Предупредување за граѓаните и туристите Во регионот Трансфагарасан, известува „Романија Инсајдер“, најмалку 20 предупредувачки знаци, вклучително и оние на англиски јазик, се поставени на точки идентификувани како ризични поради диви ѕверови. Средбите со мечки не се невообичаени во Романија, со оглед на тоа што е дом на една од најголемите популации на кафеави мечки во Европа. Министерството за заштита на животната средина проценува дека во земјата живеат помеѓу 10.419 и 12.770 единки. Експертите ги повикуваат граѓаните и туристите да одржуваат безбедно растојание доколку се сретнат со мечки и да не се обидуваат да ги хранат или фотографираат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook