Мечка нападна четири луѓе и избега- драма во Јапонија (ВИДЕО) - Канал 5

Мечка нападна четири луѓе и избега- драма во Јапонија (ВИДЕО)

Мечка денеска повреди четири лица во станбена област Фукушима во североисточна Јапонија.

Мечка нападна четири луѓе и избега- драма во Јапонија (ВИДЕО)

Ова е последен во низата напади кои се случуваат во дел од земјата каде што мечките во последните години се почесто влегуваат во населени места, пишува Euronews.

Напад во кругот на фабриката

По дојавата од челичарницата Фукушима за напад на двајца вработени, полицијата и пожарникарите се упатиле на местото на настанот во областа Сасакино. На снимката од надзорната камера се гледа како црна мечка брка вработен во близина на влезот. Додека мажот на околу дваесет години се обидува да побегне, мечката го соборува на земја. Животното потоа влегло во комплексот на фабриката и повредило друг работник, маж на возраст од шеесет години.

Мечката потоа нападнала трето лице, вработена во друга фирма, исто така на возраст од шеесет години. Противпожарната служба на градот Фукушима извести дека е повредена и 80-годишна жена од соседството. Тројца мажи се здобиле со полесни повреди, а жената се здобила со умерени повреди, но ничиј живот не бил во опасност.

Пребарување и страв меѓу жителите

Од вторник попладне, мечката се уште не била заробена. Се верува дека тој е во комплексот на друга компанија, кој е опколен од полицијата. Две училишта во близина беа затворени, вклучувајќи го и основното училиште Нода, кое одржуваше настава преку Интернет и издаде предупредување до граѓаните „да избегнуваат непотребно излегување и да останат безбедни“.

Нападот ги вознемири жителите и ги оживеа стравувањата од минатата година, кога армијата беше распоредена и поради напади на мечки на северот на земјата.

Рекорден број на напади

Минатата година во префектурата Акита беа нападнати повеќе од 60 луѓе, од кои четворица загинаа. Според податоците на јапонското Министерство за животна средина, 2025 година била рекордна со повеќе од 230 напади на мечки во кои животот го загубиле 13 лица.

Експертите објаснуваат дека сè почестите упади на растечката популација на мечки се случуваат во регион чие население брзо старее и се намалува, а каде што помалку луѓе се обучуваат да ги ловат животните.

Одговор на владата и совети за безбедност

Во март, јапонската влада процени дека популацијата на мечки брои околу 57.800 единки и усвои план за управување со кој се бара систематско намалување на нивниот број.

Планот предвидува во следните пет години бројот на општински службеници за контрола на мечки да се зголеми тројно на 2.500, а двојно да се зголеми бројот на стапици за мечки. Неодамна, мечки се забележани и во западните предградија на Токио, што ги натера властите во паркот да постават дополнителни стапици и да објавуваат предупредувања на социјалните мрежи.

Владата ја засили својата кампања за информирање на јавноста, повикувајќи ги планинарите и собирачите на печурки да ги проверуваат извештаите за забележани мечки и да избегнуваат да бидат на отворено во раните утрински и вечерни часови, кога мечките се најактивни.

Во прирачникот на Министерството за животна средина на Јапонија се советува да не паничите кога ќе наидете на мечка, туку полека да се повлекувате без да го свртите грбот и да трчате. Во случај на напад, како последна мерка се наведува дека треба да лежите на стомак, да се навивате и да го заштитите вратот со рацете. „Целта е да се избегне фатална повреда“, се вели во прирачникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира.

Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи.

Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит.

Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. 

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер