МД „Илинден“: УКИМ да не ги премолчува фактите за Лекторатот по македонски јазик во Тирана - Канал 5

МД „Илинден“: УКИМ да не ги премолчува фактите за Лекторатот по македонски јазик во Тирана

„Избирањето лектор со кој ќе почне да работи Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана е важно и за нас, Македонците во Албанија.“

МД „Илинден“: УКИМ да не ги премолчува фактите за Лекторатот по македонски јазик во Тирана

Македонското друштво „Илинден“ Тирана, кое беше иницијатор за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, регираше во врска, како што стои во реакцијата „пермолчувањето на фактите за Лекторатот од страна на УКИМ“.

-Избирањето лектор со кој ќе почне да работи Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана е важно и за нас, Македонците во Албанија. Затоа и ние, македонското друштво „Илинден“ од Тирана, во е-изданието на нашиот весник ја споделивме веста што УКИМ ја објави преку „Фејсбук“, но мораме да реагираме затоа што УКИМ преку таа објава, заедно со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и неговата нова директорка ги премолчуваат фактите за Лекторатот по македонски јазик во Тирана, вклучително и нашата посветеност и придонес, стои во реакцијата.

Се додава дека УКИМ и Семинарот, во своите објави ги изостават битката и заложбите што доведоа до тоа повторно да се отвори Лекторатот, и премолчуваат кој, она за што мислевме дека би биле потребни децении или години, успеа да го постигне само за неколку месеци – Семинарот со посветеноста на претходната директорка, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и на тогашниот тим на Семинарот, со безрезрвна поддршка од тогашниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски.

-Повторното отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана, претставува историски чин, и тоа ние, Македонско друштво „Илинден“ од Тирана го кажавме многу пред да го каже УКИМ предводен од новата ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова или пред да го каже новата директорка на Семинарот, проф. д-р Кристина Николовска. Но, тие не треба и не смее да ја премолчуваат историјата за сето она што доведе до отворањето на Лекторатот. Затоа, реагираме со потсетување за јавноста, но и на УКИМ, за фактите за Лекторатот по македонски јазик во Тирана што сега се премолчуваат, се нагласува понатаму.

Се потсетва дека иницијативата за Лекторатот беше покрената во 2022 година, и веднаш, тогашната директорка на Семинарот, Мојсова-Чепишевска ги алармира сите институции за иницијативата да се оствари. Во декември 2022 година, претседателот на МД„Илинден“, Никола Ѓурѓај имаше состанок со неа, кога беше доставено и официјалното барање за Лекторатот.

-Кога го доставивме официјално барање, не ни помислувавме дека нашата најголема желба на Универзитетот во Тирана да се слушне македонскиот збор, толку брзо ќе се оствари. Мислевме оти за тоа ќе бидат потребни барем неколку години и дека остварувањето на иницијативата е неизвесно. Но, наместо нашето барање да заглави во фиоките на архивите, уште од првиот ден, Семинарот, односно тогашниот негов тим започна активности што беа потребни за остварување на иницијативата. Од осамостојувањето на нашата македонска држава, досега, ние, Македонците од Албанија, не паметиме друг пример кога македонските институции со толкава посветеност и брзина, одговориле на наше барање или иницијатива. И тоа со конкретен резултат кој не е важен само за нас, туку е важен и за македонската држава. Со тоа, тогаш мислевме дека ни се врати вербата дека има институции што знаат да работат и вистински да се залагаат, стои во реакцијата.

Од доставувањето на барањето, постојано бевме во комуникација со Семинарот, со тогашната директорка, и добро знаеме како Семинарот се залагаше и за дипломатски заложби за Лекторатот. Поради тоа, во мај оваа година, во Тирана имаше состанок меѓу тогашната директорка на Семинарот, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, деканката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, проф. д-р Есмералда Кромида, продеканката за меѓународна соработка, проф. д-р Дрита Рира и македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски. Уште тогаш беше јасно дека заложбите даваат резултат и дека Лекторатот ќе се отвори, затоа што во дискусиите се согледало дека прифаќањето на иницијативата е со взаемна подготвеност за повторно почнување настава по македонски јазик и за афирмација на македонистиката во Тирана.

Уште пред тој состанок во мај, веќе биле направени сите чекори пред македонските институции за да се создадат услови за избор на лектор кој ќе ја изведува наставата по македонски јазик во Тирана, односно за обезбедување финансиски средства за функционирање на Лекторатот. Поради тоа, и сега изразуваме благодарност и до тогашниот ректор на УКИМ што ги поддржа заложбите што ги имавме заедно со Семинарот, со тогашната директорка и тимот на институцијата.

-Во јуни 2023, и ние, МД „Илинден“, по комуникација со Семинарот, и до Факултетот за странски јазици во Тирана доставивме барање за отворање на Лекторатот и за продолжување на активностите. Семинарот, во тоа време го изоде патот што нè доведе до одобрувањето од Факултетот за странски јазици во Тирана за повторно отворање на Лекторат по македонски јазик издадено во јули 2023, а кое ние го добивме во август 2023. И тогаш веќе се знаеше дека историскиот чин се случи – дека Лекторатот ќе почне со работа во текот на оваа академска година и дека УКИМ ќе треба да избере лектор, се посочува во рекацијата.

Убедени сме, се нагласува, дека тој пат не беше ниту лесен, ниту без препреки и притосици, а не беше краток, но упорноста и решеноста да се оствари оваа иницијатива го даде потребниот резултат. Желбата и решеноста да се отвори овој Лекторат не беше само наша, туку тогаш и на Семинарот, со тогашните директор и тим, поради определбата да има лекторати секаде каде што има интерес за македонскиот јазик, литература и култура.

На 15 септември 2023, по стапувањето на функцијата, ние, потсетува друштвото, испративме писмо до новата ректорка на УКИМ, со кое упативме честитка до неа и ја информиравме за нашата соработка со УКИМ и Семинарот во врска со Лекторотот. И тогаш, ѝ напишавме дека не памтиме друга македонска институција со толкава посветеност и брзина да се заложила за наше барање или иницијатива и тоа со конкретен резултат. И упритоа патуваме благодарност до целиот Универзитет, а посебно до Семинарот. Во тоа писмо упативме благодарност и до дотогашниот ректор и посебно до директорката на Семинарот, која секојдневно се залагаше за овој Лекторат и ни ја влеа вербата дека може да се успее, што и се потврди. Ја искажавме нашата желба и подготвеност соработката да продолжи.

Од ректорката добивме одговор во кој нè извести дека УКИМ веќе имал добиено и согласност за вработување на лектор по македонски јазик во Тирана и дека до крајот на оваа година ќе треба да бидат завршени сите адимистративни работи околу објавувањето на Конкурсот и изборот на новиот лектор по македонски јазик во Тирана. Значи, во периодот потоа се завршиле само административни работи, а сето суштинско за отворањето на Лекторатот го заврши друг тим, со заеднички заложби со нас – факти што сега се премолчуваат.

-Од тој момент, комуникација со ректорката, УКИМ и Семинарот немаме. На нашето барање за состанок, ректоката, проф. д-р Биљана Ангелова не нè удостои ни со одговор. Од интернет дознавме дека Семинарот има нов директор. И се разочаравме, затоа што за нас не беше сфатливо како и зошто по толку постигнати успеси за македонскиот јазик, литература и култура и посебно по успехот што се постигна со Лекторатот во Тирана, директор веќе не е проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Вратената верба во институциите поради претходните заложби и постигнатите резултати на Семинарот, кај нас веќе ја снема. Особено откако забележавме дека Семинарот веќе нема активности и дека ништо конкретно не се прави за македонистиката во светот, туку се случува само објавување фотографии од новата директорка на страницата на „Фејсбук“. И денес се прашуваме што воопшто ќе се сработи од многуте планови и цели што требаше да се реализираат, иако претходно, во одговорот на нашето писмо, ректорката ни кажа дека УКИМ максимално ќе ја продолжи заложбата за успешна реализација на сите зацртани планови. Тие планови, ние, Македонците во Албанија, веќе не ги гледаме, откако таа не ни одговори на барањето за состанок. И новата директорка на Семинарот, ниту еднаш не ни се обрати, и ја прекина соработката со нас, наведува „Илинден“.

За тоа дека е избран лектор за Лекторатот во Тирана, и ние што ја доставивме иницијативата дознаваме од објавите на страниците на УКИМ и ма Семинарот на „Фејсбук“, во кои нема ниту еден факт, а се објавуваат фотографии од личности што воопшто немат директен придонес за Лекторатот.

Претходно бевме подготвени и колку можеме финансиски, и со сите наши сили да придонесеме овој Лекторат да се популаризира, да има што повеќе студенти, затоа што интерес има. Но, тоа не можеме да го направиме откако УКИМ и Семинарот немаат соработка со нас и нè екскомуницираат.

-Посебно страшно е што се премолчува фактот дека за лектор е избрана личност што нема студирано македонски јазик и литература и не е македонист. Од интернет дознаваме дека д-р Славица Свидерска има дипломирано, магистрирано и докторирано Општа и компаративна книжевност, а не македонистика. Во ниту една нејзина биографија нема дека држела настава по македонски јазик. Сега нашите надежи се помали и затоа што не знаеме дали некој што не е македонист и што нема искуство со настава по македонски јазик, воопшто ќе може да ја работи работата од која зависи функционирањето на Лекторатот. А знаеме колку е строг Факултетот во Тирана и ако наставата не биде успешна и не се развива интересот, Лекторатот пак би можел да биде затворен и сите заложби и нашата иницијатива да бидат залудни, а тоа не смее да се дозволи и не е во корист и на нашата матична македонска држава, оценува друштвото о реакцијата..

Посочува дека УКИМ како универзитет број 1, не смее да ги премолчува фактите за Лекторатот по македонски јазик во Тирана и за улогата што ја одигра МД „Илинден“ од Тирана со својата иницијатива и со своите активности. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шестмина уапсени во Србија за изборни малверзации- на луѓе од БиХ им наоѓале лажни живеалишта

Во Мали Зворник, мала општина долж границата со Босна и Херцеговина, уапсени се шест лица, за кои обвинителството се сомнева дека им дале адреси на граѓаните на Босна и Херцеговина во Србија за пари за да можат да гласаат на изборите.

Шестмина уапсени во Србија за изборни малверзации- на луѓе од БиХ им наоѓале лажни живеалишта

Меѓу уапсените има вработени во општинската администрација и полициската станица, објави Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, пренесе Индекс.

Обвинителството се сомнева дека од април до јули 2025 година, граѓани од Босна и Херцеговина поднеле барања за престој во Србија за да можат да гласаат на изборите.

Во официјалните записи од терен, наводно, напишале дека овие граѓани живеат на регистрираните адреси, иако тоа не било вистина.

Службени автомобили до Чациленд

Еден од осомничените е обвинет и дека патувал од Мали Зворник до Белград со службени општински возила за да престојува во Пионирскиот парк, познат како Чациленд. Обвинителството наведува дека овие патувања не биле поврзани со работа.

Друг осомничен е осомничен дека одобрил користење на службени возила без информации каде и кога оделе.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа. Потоа се очекува да бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани Инфантино

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари.

ФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани Инфантино

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари (3,5 милиони евра) до крајот на неговиот ангажман во САД, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на интерни документи и извори запознаени со случајот.

Инфантино заработува над пет милиони евра годишно

Инфантино, чија годишна плата е околу шест милиони долари (5,3 милиони евра), се пресели од Швајцарија во Мајами во 2023 година, а во мај 2024 година тричлениот комитет на ФИФА, одговорен за одредување на надоместоците на високите функционери, одобри предлог за надоместување на сите дополнителни даночни трошоци настанати со преселбата во САД. Одлуката беше донесена на состанок во Бангкок по иницијатива на швајцарскиот сметководител Бруно Чиомент, кој е и претседател на тој комитет и раководител на одделот за управување, усогласеност и ревизија на ФИФА.

Но, според документите до кои дојде американскиот дневен весник, таа одлука за даночни олеснувања не била објавена во официјални извештаи, и покрај реформите за транспарентност воведени по големиот корупциски скандал што ја потресе ФИФА во 2015 година. Организацијата негираше какви било неправилности, тврдејќи дека биле почитувани сите внатрешни прописи и законски обврски и дека исплатите на високите функционери биле предмет на независна ревизија.

Поширок модел на бенефиции

Истрагата на „Њујорк тајмс“ укажува на поширок модел на бенефиции што ги уживале Инфантино и оние во неговиот најблизок круг. Меѓу нив е ангажирањето на приватната компанија за обезбедување GRIZ Global Solutions за заштита на претседателот на ФИФА и неговата сопруга за време на Светското првенство во 2026 година, со дневна такса од 1.300 долари по обезбедувач, што не ги вклучува трошоците за изнајмување возило и возач, и привилегиран пристап до натпревари и специјални чартер летови на ФИФА за индивидуални соработници и членови на семејството.

Весникот, исто така, наведува дека промените во статутите и прописите на ФИФА за надоместоците на високите функционери, усвоени пред Светското првенство, ги прошириле овластувањата на претседателот и му донеле дополнителни бенефиции. Новиот правилник ги ублажи ограничувањата за подароци, ВИП покани и користење на приватни авиони, и ги прошири можностите за финансирање на сместувањето на претседателот. ФИФА, која веќе плаќа околу 600.000 долари годишно за изнајмување куќа во Мајами, претходно му обезбеди стан во Швајцарија и сместување во Париз.

А Киоменто има посебни привилегии

Киоменто, кој беше вклучен во одлучувањето за тие бенефиции, исто така имаше посебни привилегии за време на Светското првенство, вклучувајќи ВИП пристап до натпревари и патување со чартер летови на ФИФА. Неговиот годишен надомест, според весникот, е променет од 250.000 американски долари на 250.000 швајцарски франци, што е дополнително зголемување од околу 50.000 американски долари поради разликата во девизниот курс.

Инфантино се соочи со критики во последните години поради неговиот близок однос со американскиот претседател Доналд Трамп, деловните зделки на ФИФА и напорите за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Неговата позиција беше дополнително потресена по откритијата дека водел тајни разговори за продажба на дел од правата за Светското првенство на компанија поврзана со братот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Според „Њујорк тајмс“, откритијата предизвикаа меѓународни критики и ја доведоа во прашање соодветноста на Инфантино да продолжи да го води управното тело на фудбалот, кое ќе избере нов претседател во март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“

Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.

„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“

„Репортери без граници“ го додаде американскиот претседател Доналд Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“ за 2026 година, обвинувајќи го за засилување на кампањата против медиумите откако се врати во Белата куќа за втор мандат. Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.

САД сега се рангирани на 64. место од вкупно 180 земји на светскиот индекс на слободата на медиумите на оваа организација.

Трамп им се придружи на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на листата, објавена по повод меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, признат од обединетите нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер