Мцкоски: Поддршката од нашите меѓународни партнери е клучна во градењето на безбедносен систем - Канал 5

Мцкоски: Поддршката од нашите меѓународни партнери е клучна во градењето на безбедносен систем

Денеска присуствував на свеченото предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ), кое го изврши амбасадорката на САД, Анџела Агелер, објави на Фејсбук, премиерот Мицкоски.

Мцкоски: Поддршката од нашите меѓународни партнери е клучна во градењето на безбедносен систем

-Оваа акредитација претставува значаен чекор во унапредувањето на полициските стандарди и обуки, со што се зајакнуваат професионализмот, ефикасноста и довербата во полициските институции. Поддршката од нашите меѓународни партнери, како што е САД, е клучна во градењето на безбедносен систем кој е во чекор со најдобрите светски практики, стои во објавата на Мицкоски.

Јанчев: Општина Кавадарци вложува во заштитата на животната средина

Општина Кавадарци вложува со визија и одговорност во заштитата на животната средина и создавање на поздрави и поубави јавни простори, напиша на својот Фејсбук, градоначалникот Митко Јанчев. 

Јанчев: Општина Кавадарци вложува во заштитата на животната средина

Зелените површини се наш белег, а инвестициите во нив се инвестиции во иднината на градот.

Во изминатиот период:

• 14,5 милиони денари се вложени за одржување, обновување и подигнување на нови зелени површини, садење дрвја, грмушки и сезонско цвеќе.

• 1 милион денари дополнително се издвоени за хортикултурно уредување низ целата урбана зона.

• Создаден е Зелен Катастар, систем кој овозможува трајна евиденција и планирање на урбаното зеленило.

• Спроведено е пошумување на периферијата на градот со зимзелени и листопадни дрвја, со што се подобрува квалитетот на воздухот и микроклимата.

• Воведено е наводнување со бунарска вода, со што се штеди вода за пиење, а започнато е и дигитално наводнување, за поефикасно и одржливо одржување на зеленилото.

Со редовен меморандум за соработка со СОЗШУ Ѓорче Петров, Општината го вклучува знаењето и ентузијазмот на младите во одржувањето и развојот на зелените површини.

Во изминатите 7 години, Кавадарци ја доживеа целосната обнова на сите јавни зелени површини, меѓу кои:

• Парк Полана

• Парк Киро Крстев

• Паркот на Револуцијата

• Парк Љупчо Шкартов

1000 нови дрвја се засадени во меснота Моклиште на „12-те Ваташки младинци“, а во тек е изградба на нов парк од 14.000 м² во близина на СОЗШУ Ѓорче Петров – простор кој ќе биде ново зеленило и ново место за дружење и одмор за сите генерации.

Ова е нашата заложба:

Кавадарци – чист, зелен и еколошки град.

За зелено Кавадарци!, стои во објавата на Јанчев.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележувањето на празникот Свети Еремија

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вчера присуствуваше на одбележувањето на празникот Свети Еремија, во рамки на кое се одржа и Меѓународниот детски фестивал „Цветови“. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележувањето на празникот Свети Еремија

Настанот се одржа кај манастирот посветен на светецот, каде што со звуците на детската песна, фолклорот и богатата културна програма, се испрати порака на единство, пријателство и духовна поврзаност.

- Со особена чест и радост денес ве поздравувам овде, на ова големо културно случување – Меѓународниот детски фестивал „Цветови“, кој веќе две децении ги обединува децата и културите од целиот свет преку игра, песна и традиција.

Фестивалот, кој се одржува токму денес, кога се чествува Свети Еремија, не е само празник на фолклорот – тој е сведок на нашата историја, нашата духовност и заедничката волја да ги чуваме вредностите кои не дефинираат како народ. Нашата култура и вера се темелите врз кои ја градиме иднината.

Овде, во овој дел на општината, се наоѓа еден од белезите на нашето културно и духовно наследство – манастирот каде што денес го одбележуваме овој настан. И затоа, дозволете ми од сѐ срце да им се заблагодарам на мештаните, на луѓето кои живеат овде, што со децении со љубов и посветеност се грижат за овој простор, го одржуваат и го збогатуваат – за сите нас, и за генерациите што доаѓаат.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на унапредувањето и зачувувањето на ваквите свети и значајни места. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник го помогнавме партерното уредување на манастирот каде што сме денес, а ја поддржавме и иницијативата за поставување на Крстот во непосредна близина.

Неговата симболика е длабоко значајна - тој е симбол на надеж, на сила, на вера, на единство и мир и тоа се пораките кои сакаме да ги пренесеме до секој посетител кој ќе дојде на ова место, сега или во иднина.

Благодарност упатувам и до организаторите – ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“, што со својата визија и енергија го одржуваат фестивалот жив и го прават сѐ попрепознатлив, не само кај нас, туку и надвор од границите на Македонија.

Нека овој фестивал биде симбол на пријателството, на нераскинливата врска меѓу традицијата и иднината, меѓу различноста и заедништвото-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Општина Кисела Вода

Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра

Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра – ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт.

Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува Планот за инфраструктурен бум што беше најавен Македонија 2025, изјави:

„Да, тоа ќе биде еден, би рекол инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено граѓаните ќе патуваат и ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, просек.

А карго возовите, мислам дека еден таков поминува сега, тие ќе можат, наместо сегашните, во одредени делници од 10 до 15 километри на час, да возат 110 километри на час во просек. Што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме, не само зголемена брзина на карго превозот којашто ќе транзитира низ нашата држава, туку очекуваме и зголемен интерес за повеќе по бројност композиции коишто секако поради побрзиот транзит, ќе биде зголемен бројот. Очекувам најмалку десет пати тој да се зголеми. Два пати по основ на интерес и четири до пет пати по основ на брзина. Така што во нето износ тоа да биде најмалку десет пати повеќе од ова што денеска е. И крајната цел е Македонски железници годишен приход од својата основна дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра. Тоа е во делот на железничкиот превоз.

Исто така инвестираме во здравството, јас веќе го најавив тоа. Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип. Зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции од прилика околу помеѓу 190 и 200 милиони евра или во тотал заедно со реконструкцијата на коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра.

И понатаму продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти. Во енергетиката главен фокус ни е проектот Чебрене-Галиште. Пред состанокот на Извршниот комитет имав состанок со министерката вчера, разговаравме околу стратегијата, пристапот и околу начинот на којшто тој проект понатаму ќе го водиме. И убеден сум дека овој пат анализираме, дека државата ќе има можности да направи поинаков договор од тоа што беше во минатото случај.“

Потоа премиерот Мицкоски во однос на реконструкцијата на Коридорот 10, дали е дел од Планот за раст, како услов кој треба да се исполни до 1 јуни, за да може да се повлечат 250 милиони евра од Европската Унија или е најавената инвестиција за новата траса, додаде:

„Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција којашто на основа на Влада со Влада договор ќе го потпишеме. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор.“

притисни ентер