И покрај заканите од Иран, Бугарија им дозволи на САД да ги користат базите за напади на Блискиот Исток
1И покрај заканите од Иран, Бугарија им дозволи на САД да ги користат базите за напади на Блискиот Исток
3Седница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застој
ФудбалМбапе: Сакам да испишувам историја со Реал Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ги искажа впечатоците од синоќешниот реванш против Манчестер сити (3:1) во плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.Дваесет и шестгодишниот Французин комплетираше хет-трик, погодувајќи во 4., 33. и 61. минута. Реал Мадрид победи и на првиот натпревар со 3:2 и се пласираше во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. -Сакам да испишувам историја со овој клуб и овие соиграчи. Баер или Атлетико во 1/8 финале? И двете екипи се тешки, но јас би го претпочитал Атлетико за да заштедиме време на патувањето, изјави Мбапе по натпреварот со Сити. Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи утре (21 февруари).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
БалканИ покрај заканите од Иран, Бугарија им дозволи на САД да ги користат базите за напади на Блискиот Исток Бугарскиот парламент го одобри користењето на воздухопловната база Безмер од страна на американската војска за поддршка на американските операции на Блискиот Исток.Бугарскиот парламент го одобри користењето на воздухопловната база Безмер од страна на американската војска за поддршка на американските операции на Блискиот Исток, додека некои пратеници стравуваат дека Бугарија би можела да биде вовлечена во војна со Иран. Претставниците го поддржаа предлогот на владата со 136 гласови „за“, 13 „против“ и два воздржани. Одлуката овозможува распоредување до осум американски авиони за полнење гориво KC-135, до 250 лица и помошна опрема во воздухопловната база Безмер од 24 јули до 1 октомври. Не се потребни дополнителни одобренија. Базата е оддалечена околу 260 километри од Софија Базата Безмер се наоѓа околу 260 километри југоисточно од Софија. Според договорот за одбрана меѓу САД и Бугарија од 2006 година, тоа е објект што го користат двете земји. Секој пат кога САД сакаат да ја користат базата за нова намена, потребно е одобрение од бугарскиот парламент. Новото распоредување на американските сили следеше по барање од амбасадата на САД во Софија. Досега нема официјален коментар од САД. Премиер: Воени операции нема да се спроведуваат од Бугарија Пред гласањето, бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека е „категорично исклучено“ воените операции на Блискиот Исток да се спроведуваат од бугарска територија. Радев на состанокот на кабинетот изјави дека распоредувањето на американски танкери во Безмер е наменето исклучиво за логистички мисии на полнење гориво од воздух надвор од бугарскиот воздушен простор. Министерот за одбрана Димитар Стојанов им рече на пратениците дека се преземени сите потребни мерки, на национално и сојузничко ниво, за Бугарија да не биде вовлечена во конфликтот. „Побаравме и добивме гаранции од нашиот стратешки партнер со цел да се намали ризикот за нашата национална безбедност“, рече Стојанов. Некои земји од ЕУ не сакаат да им помогнат на американските операции Одлуката доаѓа во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со отпор од некои европски сојузници за користење на воздухопловни бази за поддршка на војната на САД со Иран. Американските авиони KC-135 се користат за полнење гориво во воздух, што овозможува подолги операции на борбени и други воени авиони. Бугарските власти тврдат дека нивната улога ќе биде ограничена на логистичка поддршка и дека нема да се вршат напади на Блискиот Исток од бугарска територија.Тагови: Бугарија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени.Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, ги обиколи погодените земјоделски површини во Дабиље, а со градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, и површините во Пиперово. Земјоделците ги запознаа министерот и градоначалниците со штетите врз градинарските култури и пластениците, како и со последиците врз тековното производство и очекуваните приноси. „Зад секоја оштетена градинарска култура стојат многу работа, знаење и вложување. Затоа внимателно ги слушаме земјоделците и врз основа на точни информации да добиеме целосна и реална слика за обемот на последиците што невремето ги остави врз производството“, истакна министерот Серафимовски. Во разговорите со градоначалниците Јанков и Андонов беа договорени натамошните координирани активности со локалните самоуправи во двете општини, неопходни за спроведување на постапките за евидентирање, процена и надоместување на штетите. „Нашата обврска е земјоделците да не останат сами кога временска непогода го загрозува нивниот труд и производството. Институциите мора да бидат присутни, достапни и одговорни. Треба да бидеме вистински партнери со земјоделците во текот на целиот процес“, порача министерот Серафимовски. Во услови на сè почести климатски ризици, министерот Серафимовски ги повика земјоделците редовно да ги следат известувањата и предупредувањата на Управата за хидрометеоролошки работи, како и специјализираната веб-платформа „Агрометео“, на која се достапни временски и агрометеоролошки прогнози и податоци значајни за планирањето на активностите и навременото преземање превентивни мерки, соопшти МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗдравјеКомплетно реновираното одделението за трауматологија во стара градска болницаПуштено во употреба комплетно реновираното одделение за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски" во Скопје.Одделението е опремено со со нови кревети, комплетно нова електрична и водоводна мрежа, нови тоалети, како и нови врати според стандардите за превенција од ширење инфекции. Директорот на болницата информираше дека одделението за трауматологија располага со капацитет од 26 кревети и дека во него на годишно ниво се вршат над илајда оперативни интервенции со девет хирурзи трауматолози. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter