Мбапе одби 300 милиони евра од Саудијците за трансфер од ПСЖ - Канал 5

Мбапе одби 300 милиони евра од Саудијците за трансфер од ПСЖ

Фабрицио Романо, како и сите шпански медиуми пишуваат дека Ал Хилал испратил официјална понуда до ПСЖ за Килијан Мбапе.

Мбапе одби 300 милиони евра од Саудијците за трансфер од ПСЖ

Тоа е најголемото обештетување во историјата на фудбалот од 300 милиони евра. ПСЖ сака да ја прифати понудата на Саудијците бидејќи сака да се ослободи од напаѓачот кој и онака одбива да потпише нов договор и следната година да замине во Реал како слободен играч.

Исто така, Мбапе, доколку остане оваа сезона во ПСЖ, би добил дополнителни 80 милиони евра од клубот на име клаузула која му ја гарантира таа сума доколку остане до последната сезона од договорот во клубот. Но, Мбапе ја одби понудата.

Тој ексклузивно сака да замине во Реал, ги договорил сите услови со Мадрид и сега единствено се чека одлуката на ПСЖ дали ќе ги прифатат парите што ги нуди кралскиот клуб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“

Ламин Јамал не ја крие својата самодоверба, но смета дека сè уште не го покажал сето она што го може.

Јамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“

Младата ѕвезда на светскиот фудбал, Јамал верува дека најдоброто допрва претстои.

Во интервју за „Movistar Plus“, фудбалерот на Барселона зборуваше за својот развој, советите од Серхио Бускетс и критериумите за доделување на „Златната топка“.

„Ќе биде тешко да се најде некој што е на моето ниво“, изјави Јамал, осврнувајќи се на моментот кога на натпреварите ќе може да го покаже сето она што веќе го прави на тренинзите.

Шпанскиот репрезентативец оцени дека брзо созреал, но и дека на одредени натпревари можел да настапи со поголема самодоверба. Во тоа гледа простор за напредок и причина да верува дека за четири години ќе биде значително подобар. Важна пресвртница бил разговорот со Бускетс по неговата суспензија во младинските категории.

Искусниот Бускетс го потсетил на одговорноста што ја носи играњето за Барселона, по што Јамал одлучи целосно да му се посвети на фудбалот. Тренинзите, натпреварите, семејството и одморот станаа негови приоритети.

Зборувајќи за „Златната топка“, Јамал ​​оценил дека бројот на постигнати голови и освоени трофеи не треба да биде пресуден.

Според него, признанието треба да му припадне на најдобриот фудбалер во светот, чии натпревари ѝ причинуваат најголемо задоволство на публиката.

„Златната топка мора да заврши кај најдобриот“, истакнал Јамал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

.

Фото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот.

За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата.

Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи.

Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот.

Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ураган од четврта категорија се движи кон брегот на Мексико

Моќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.

Ураган од четврта категорија се движи кон брегот на Мексико

Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час.

Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот.

Жителите се повикуваат да се подготват.

Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот.

Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер