Митовски од Осоговскиот манастир: Свети Јоаким Осоговски е духовниот симбол што со векови ја обединува Крива Паланка
1Митовски од Осоговскиот манастир: Свети Јоаким Осоговски е духовниот симбол што со векови ја обединува Крива Паланка
3ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за Албанците
Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
1Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
2Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
ФудбалМбапе нема да преговара со ПСЖ во спорот околу неисплатените суми според договоротФранцуската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе не е подготвен на компромис со својот поранешен клуб Пари Сен Жермен.Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе не е подготвен на компромис со својот поранешен клуб Пари Сен Жермен и го одби посредништвото на правниот комитет на Француската фудбалска федерација во нивниот долгогодишен спор околу неисплатените плати и бонуси. Челниците на ПСЖ и претставниците на Мбапе се сретнаа во Париз откако фудбалерот ги побара своите права во комисијата, испраќајќи образложена пријава. 26-годишниот Мбапе, кој летово дојде во Реал Мадрид на слободен трансфер, тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра (60 милиони долари). Претставниците на фудбалерот рекоа дека нивниот клиент побарал од комисијата да го земе предвид неисплатувањето на тримесечните плати и последната третина од бонусот за лојалност вклучен во последниот договор меѓу страните. -Можноста за преговарање и посредување беше изразена утрово. Но, оваа можност е демантирана од нас како претставници на играчот. И таа опција би била бескорисна откако со едноставна проверка на сметката на играчот ќе се утврди дека нема плаќање, кажаа од тимот на Мбапе. За да не ја плати својата обврска, ПСЖ се обидува да докаже постоење на таен договор, но такво нешто едноставно нема, тврдат претставниците на фудбалерот кој на слободен трансфер ја напушти француската престолнина и сега е фудбалер на шпанскиот гигант Реал (Мадрид). Пари Сен Жермен соопшти дека комисијата препорачала преговори меѓу двете страни, нешто за што тие се залагале подолго време. Претставниците на играчот се уште не коментираат кои ќе бидат нивните следни чекори во оваа правна и финансиска војна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитовски од Осоговскиот манастир: Свети Јоаким Осоговски е духовниот симбол што со векови ја обединува Крива ПаланкаВо знакот на верата, вековната традиција и силната духовна поврзаност на Крива Паланка со својот заштитник, Свети Јоаким Осоговски, беше одбележан големиот празник посветен на преподобниот светителВо знакот на верата, вековната традиција и силната духовна поврзаност на Крива Паланка со својот заштитник, Свети Јоаким Осоговски, денес во еден од најзначајните православни духовни центри во регионот – манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, беше одбележан големиот празник посветен на преподобниот светител. На Светата Архиерејска Божествена Литургија, заедно со многубројните верници и гости, присуствуваше и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Манастирскиот комплекс уште од утринските часови беше средиште на празничното чествување, исполнет со верници кои традиционално пристигнуваат од различни краишта за да се поклонат пред моштите на Свети Јоаким Осоговски и да бидат дел од вековната духовна традиција што Крива Паланка грижливо ја чува. „Свети Јоаким Осоговски не е само дел од нашето духовно наследство, тој е дел од идентитетот на Крива Паланка. Особена е глетката кога Осоговието е исполнето со народ, кога илјадници луѓе ги обединуваат верата, молитвата и почитта кон нашата најголема светиња. Нека Свети Јоаким Осоговски биде закрила на нашиот град и нека донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом“, порача Митовски. Празничното чествување на Свети Јоаким Осоговски е еден од најзначајните духовни настани за Крива Паланка, кој секоја година го потврдува посебното место што Осоговскиот манастир го има во верскиот, културниот и историскиот идентитет на градот. За многу години празникот на Свети Јоаким Осоговски!, соопштуваат од општината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајмалку 37 загинати во руски напад на складиште за муниција во близина на Киев (ВИДЕО)Најмалку 37 лица загинаа, а 42 се повредени, меѓу кои и четири деца, во рускиот напад врз регионот Киев, што предизвика голема експлозија и пожар во магацин во селото Мила, објавија локалните власти.Руски дрон вчера околу 20:10 часот по локално време погоди објект во Мила, околу пет километри западно од Киев по автопатот Киев-Чоп. Нападот предизвика голем пожар, проследен со детонации на муниција, објави Канцеларијата на украинскиот генерален обвинител. Меѓу загинатите е и лидерот на локалната заедница Тарас Дидич, раководител на заедницата Дмитривка на која ѝ припаѓа селото Мила, исто така е убиен во нападот, објави гувернерот на регионот Киев, Тимур Ткаченко. Според него, Дидич бил меѓу првите што пристигнале на местото на нападот за да помогнат. Ткаченко предупреди околу 11:30 часот по локално време дека бројот на жртви може да се зголеми дополнително. ‼️ Russians hit a tire warehouse in Bucha district of Kyiv region — local media. A black column of smoke is visible from different parts of the city. pic.twitter.com/kNjyu5RDee — The Ukrainian Review (@UkrReview) August 29, 2026 Спасувачките служби продолжија да гасат пожари, да расчистуваат урнатини и да бараат преживеани утрово. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во операцијата биле вклучени повеќе од 300 служби за итни случаи. 381 лице евакуирано Најмалку 50 станбени згради биле оштетени во нападот и детонациите. Оштетен е и објект за стари лица и лица со посебни потреби, соопштија локалните власти. 381 лице, вклучувајќи 59 деца, биле евакуирани од погодената област. Ткаченко, исто така, објави дека 30 август ќе биде прогласен за ден на жалост во регионот Киев. A Russian Geran-4 loitering munition struck an ammunition depot near the M06 Zhytomyr Highway in Bucha District, Kyiv Oblast. Footage shows a large fireball and shockwave, followed by multiple secondary explosions as stored munitions detonated. pic.twitter.com/zkvsocKjTk — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) August 28, 2026 Експлозиите траеле со часови Поради големиот пожар и секундарните експлозии, властите привремено затворија дел од автопатот Киев-Чоп за да им дозволат на службите за спасување да работат и да го евакуираат населението. Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа огромна експлозија проследена со голема огнена топка што се издига кон ноќното небо. 🇺🇦🇷🇺Close up footage of secondary detonation after Russian Geran-4 drone attack on ammunition depot in Bucha,Kiev. pic.twitter.com/sjhxDW2x8B — Global Surveillance (@Globalsurv) August 28, 2026 Пожарникарите, полицијата, пиротехничарите и другите служби за итни случаи работеа со часови на местото на ударот. Претходно во текот на ноќта, властите пријавија шест повредени и непознат број на жртви, а бројот на жртви расте додека спасувачите се движеа подлабоко во погодената област. Зеленски: Некој мора да биде одговорен за ова Зеленски рече дека разговарал за настанот со премиерот Серхиј Корецки и министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Тој нагласи дека оние кои дозволиле муниција да се складира на таква локација мора да бидат одговорни. „Постојат правила: муницијата не смее да се складира до куќи или други станбени згради. Секако ќе има соодветни заклучоци“, рече Зеленски. Тој додаде дека Националната полиција и Службата за безбедност на Украина спроведуваат истрага и дека е покрената кривична постапка поради сомневање за службена небрежност. Премиерот Корецки, исто така, побара брза истрага и строго казнување на одговорните. „Во петтата година од целосната инвазија, повторувањето на истите грешки е кривична небрежност. И сите одговорни, без исклучок, мора да бидат строго казнети за да не се повторат вакви ситуации“, рече Корецки. Слична трагедија се случи во јули Украинскиот закон строго забранува поставување воени и индустриски складишта за муниција во градовите или во близина на станбени области. Сличен случај се случи на 6 јули во Вишнево во регионот Киев, каде што руски напад предизвика детонации во магацинот за муниција на компанијата во рамките на државниот одбранбен концерн „Укроборонпром“. Осум лица загинаа, а 29 беа повредени. На 11 јули, Зеленски изјави дека двајца службеници на „Укроборонпром“ ја одобриле локацијата на магацинот спротивно на законот и дека ќе бидат повикани на одговорност. Еден ден подоцна, државната компанија објави дека отпуштила двајца менаџери и неколку други службеници чии дејствија или пропусти можеле да придонесат за трагедијата.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
БизарноМу стигнала двојна казна од ист радар за исто место и време, а тогаш забележал еден детал Необичен инцидент од Малага заврши под лупа на експертите откако возач на „Сеат“ добил двојна казна за пребрзо возење.Фиксен радар на Авенида Лопе де Вега го снимил неговото возило на 12 јуни во 11:23 часот наутро на делница со ограничување на брзината од 50 км/ч. Сепак, споредувањето на казните откри бизарен детал: според едната, тој возел 58 км/ч, а според другата, во исто време - 63 км/ч, пишува Тпортал. Двете казни биле по 100 евра, што би го чинело возачот вкупно 200 евра доколку случајот не го преземело здружението за заштита на возачите „Аутомовилистас Европеос Асоцијадос“ (АЕА). Здружението нагласува дека не станува збор за едноставна административна грешка или дуплирање на документ, туку за физички невозможно сценарио кое директно ја доведува во прашање техничката исправност на самиот уред. Спорниот радар на таа локација работи веќе три години и бележи околу 3.000 прекршоци годишно, па затоа AEA бара целосна ревизија за да се утврди дали се оштетени повеќе возачи. Градските власти на Малага првично понудија да поништат само една од казните, што здружението го отфрли со логично прашање - ако уредот покажува две брзини, како знаете која е точна? По притисокот од јавноста, градот привремено ги суспендираше обете процедури и побара официјални изјави од производителот на радарот и сервисниот центар. Сопственикот на Seat на тој начин не мора да плати ништо додека не се разјасни како уредот измерил две различни брзини во истата стотинка од секундата, заклучува Tportal.Тагови: казна радар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40