АвтомобилизамМбапе не штеди на автомобили- има и суперавтомобил на Ферари од 550.000 евра (ВИДЕО)Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе, троши дел од своето богатство на автомобили.Ѕвездата на Пари Сен Жермен и Франција поседува флота од луксузни автомобили вредни неколку милиони евра. Сигурно како еден од најталентираните играчи може тоа да си го дозволи, бидејќи неговата вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра. Првата „ѕвезда“ на неговата гаража е Ferrari 488 Pista, кој чини околу 550.000 евра. Тоа е еден од најдобрите суперавтомобили. Има 3,9 литарски Twin-turbo V8 мотор. Овој моќен мотор има 711 коњски сили и вртежен момент од 567 LB-ft. Иако Французин, Мбапе очигледно ја претпочита германската автомобилска индустрија. Значи има три претставници на Фолксваген. View this post on Instagram A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) View this post on Instagram A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) Има „Тигуан“ од околу 70.000 евра, исто така „туарег“ од околу 120.000 евра, како и „Мулти вен“ за кој треба да одвоите околу 80.000 евра. View this post on Instagram A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) View this post on Instagram A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) Мбапе поседува Mercedes V класа вреден околу 135.000 евра, како и по еден Audi, BMW и Range Rover. View this post on Instagram A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) View this post on Instagram A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозии во Ормускиот ТеснецТанкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни.Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена штета врз животната средина. UKMTO во известувањето наведе дека инцидентот се случил на околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен со задоцнување, пренесува Ројтерс. Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормускиот Теснец. अदन की खाड़ी में टैंकर के पास जोरदार धमाका, लाल सागर में समुद्री सुरक्षा खतरे में अदन के दक्षिण-पूर्व में टैंकर के पास धमाका सुना गया। हूती विद्रोहियों द्वारा जहाजों पर हमलों की घटनाओं के बीच लाल सागर में तनाव बढ़ता जा रहा है। क्रू सदस्य सुरक्षित हैं।#RedSea… pic.twitter.com/PjMyZFBxI2 — News 4 Social - Talk About Latest Trend (@newsforsocial) August 6, 2026 Инцидентот се случи во период на зголемени тензии во областа на Ормускиот Теснец, по неодамнешните воени судири меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисГолеми изненадувања во Монтреал! Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле. Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц. Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4. Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев. Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев. Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачиМицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС. Народот ги прочита. Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда. Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ - Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други). Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска. Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас - човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември. Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ. А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас. Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година. Кај нас почна од вчера вечерта. Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ. Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев. Ова не смее да остане неказнето. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода. Сите до еден. Нема да дозволиме и ова да помине неказнето. Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица. Младите не се плашат. Народот е буден. А стравот веќе не им е сојузник! Скопје, 06.08.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter