Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
2Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ФудбалМбапе изненади со нова фризура, соиграчите му се потсмеваат Килијан Мбапе оваа сезона игра одлично во дресот на ПСЖ и заслужено е на врвот на листата на најдобри стрелци во француската Лига 1.Досега има постигнато десет гола, два повеќе од првопласираниот Буле Дија од Ремс. Покрај тоа што го привлече вниманието на љубителите на фудбалот на теренот, тој успева и надвор од него. Имено, тој се пофали со новиот стајлинг на Инстаграм, а мислењата претежно се поделени. Многу соиграчи едвај ја дочекаа неговата нова фризура за да се потсмеваат во коментарите. Поранешниот соиграч Серж Ауриер го нарече зимски човек со низа насмеани емотикони, а Анхел Ди Марија исто така испрати прво емотикони кои се смеат, а потоа и таков што се мрда. View this post on Instagram A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо хотел во Охрид пронајдена почината Германка На 22.09.2026 во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид,била пронајдена почината Б.Х.К.(70) од Германија, информира Министерството за внатрешни работи. -Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, стои во билтенот од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамГерманците донесоа одлука: „Hyundai Ioniq 6N“ освои престижна наградаЦелосно електричниот „Hyundai Ioniq 6N“ го освои првото место во категоријата „Перформанси“ на изборот за Германски автомобил на годината (GCOTY) за 2027 година.Одлуката ја донесе независно жири составено од автомобилски новинари, кои го препознаа моделот по неговите перформанси, управливост и карактер фокусиран на возачот. Оваа награда од „GCOTY“ доаѓа откако „Ioniq 6N“ беше прогласен за „World Performance Car“ пред само неколку месеци. Моделот користи технологии дизајнирани да ја истакнат спортската природа на електричниот автомобил, вклучувајќи ги системите „N e-Shift“ и „N Active Sound+“, за кои „Hyundai“ наведува дека имаат цел да обезбедат подиректно возачко искуство. Развиен за употреба и на јавни патишта и на тркачки патеки, „Ioniq 6N“ се заснова на три столба од филозофијата на „N“: „Corner Rascal“ (мајстор за свиоци), „Racetrack Capability“ (способност за тркачка патека) и „Everyday Sports Car“ (спортски автомобил за секојдневна употреба). „Оваа награда ја потврдува нашата посветеност да го испорачаме возбудливото чувство при возење што го очекуваат љубителите на автомобили со високи перформанси, без никакви компромиси“, изјави Џун Парк, потпретседател и раководител на групацијата за управување со „N“-дивизијата. Тој додаде дека „Hyundai“ ќе продолжи да развива нови технологии и да го користи мотоспортот – вклучувајќи ја и трката „24 часа на Нирбургринг“ – како платформа за развој на идните модели од серијата „N“. Извор: Б92Тагови: Hyundai Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
МакедонијаРегионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во СкопјеГлавните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на.Главните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на обвинители за соработка во постапките за воени злосторства, која денес започна во Скопје. Конференцијата ја продолжува традицијата на регионални средби на обвинителските професионалци и обезбедува платформа за размена на искуства, подобра комуникација и зајакнување на практичната соработка и меѓусебната правна помош меѓу обвинителските институции од Западен Балкан. Посебен фокус е ставен на соработката во истрагите и постапките за воени злосторства, вклучително и размената и преносот на предмети и докази меѓу различни јурисдикции. Истовремено, конференцијата овозможува размена на искуства од други кривични постапки и дискусија за практични пристапи за надминување на заедничките предизвици во регионалната правосудна соработка. Конференцијата ја отвори Ненад Савески, државниот јавен обвинител, кој истакна: „Нас нè обединува не само нашата професија, туку и нашата заедничка, морална и законска должност. А тоа е борбата против неказнивоста за најтешките злосторства против човештвото. Освен тоа, како јавни обвинители, нашиот примарен мандат не е само да ги казниме сторителите, туку да им дадеме глас и да ги заштитиме жртвите“. Тој потенцираше дека одговорноста, дури и за најтешките кривични дела е индивидуална, а преку јасно лоцирање на вината на поединците, се придонесува за подобро разбирање и соживот на идните генерации. Во текот на дводневната конференција, учесниците ќе разговараат за напредокот, предизвиците и новите прашања во регионалната соработка во постапките за воени злосторства. Дел од дискусиите ќе бидат посветени на собирањето и преносот на докази меѓу различни јурисдикции во предмети за воени злосторства и други тешки кривични дела, со посебен осврт на законитоста, прифатливоста и квалитетот на доказите. Роберта Кортезе, раководителка на Секторот за операции 1 при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, изјави: „Европската Унија придава големо значење на правдата, отчетноста и владеењето на правото во Западен Балкан. Тоа се темелни европски вредности, но и суштински елементи на процесот на европска интеграција. Во овој контекст, утврдувањето на одговорноста за воените злосторства е од особено значење. Изминувањето на времето не ја намалува одговорноста на институциите да постапуваат по тешките кривични дела и да обезбедат правда за жртвите и преживеаните. Затоа, Европската Унија силно ги поддржува напорите за зајакнување на соработката меѓу обвинителствата и правосудните институции во регионот. ЕУ го препознава поврзувањето на правдата, регионалната соработка, помирувањето и вклучувањето на граѓаните како важен дел од европската перспектива на Западен Балкан.“ На агендата е и примената на принципот non bis in idem во прекугранични предмети и правните аспекти при повторно отворање предмети кои биле затворени во друга јурисдикција. Посебна сесија е посветена и на идната соработка на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали со јурисдикциите во регионот, по одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на неговиот мандат. Постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија Армен Григорјан, нагласи: „Правдата не зависи само од формалните механизми, туку и од силните професионални врски, довербата и континуираната соработка меѓу институциите. Токму затоа, преку проектот ‘Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан’, финансиран од Европската Унија, создаваме простор обвинителите и другите правосудни професионалци од регионот да разменуваат искуства, да разговараат отворено за практичните предизвици и да ја зајакнуваат меѓусебната соработка. Нашата заедничка цел е правда која е професионална, кредибилна, заснована на човековите права и насочена кон потребите на жртвите,“ изјави Григорјан. Конференцијата се организира во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации УНДП. Една од главните цели на проектот е зајакнување на владеењето на правото и поддршка на ефективната регионална соработка во постапувањето по предмети за воени злосторства и други тешки кривични дела, со примена на пристап заснован на човековите права и насочен кон потребите и правата на жртвите. Конференцијата ќе заврши на 24 септември со усвојување заклучоци и препораки, со цел дискусиите и разменетите искуства да се преточат во практични насоки за натамошно унапредување на соработката меѓу обвинителските институции во регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter