Мажите денес “губат глава“ по оваа русокоса, а не ја знаат правата вистина (фото) - Канал 5

Мажите денес “губат глава“ по оваа русокоса, а не ја знаат правата вистина (фото)

Пред 15 години Касандра Кас ја напуштила родната Ајова и се преселила во Холивуд за да изгради кариера.

Мажите денес “губат глава“ по оваа русокоса, а не ја знаат правата вистина (фото)
Сепак, тогаш не изгледала како денес бидејќи била момче.

Уште во детството сонувала еден ден да стане “гламурозна жена“, а штом се преселила од Ајова, прво тргнала на пат кон Флорида за да побара помош од пластичен хирург. Досега на естетски корекции и третмани потрошила 250 илјади долари.

foto: coverimages

Со многубројните операции на градите и задникот го достигнала посакуваниот изглед, а како што кажува самата само уште срцето не го оперирала.

Моментално во Холивуд е позната како танчарка во бурлески и актерка и многу ценет изведувач.

foto: guliver/coverimages

Во текот на трансформацијата не ја имала поддршката од семејството, па сите членови се одрекнале поради одлуката да го промени полот.

foto: screenshot

За своето детство изјавила дека било одбележано од строгото воспитување на нејзиниот татко.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски дом

Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.

Бруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски дом

Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти.

Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок.

На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови.

Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакар

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.

Тројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакар

Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици.

Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката., велат од обвинителството..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион.

Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки.

Филипче вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите.

Со ова Филипче е директно против Македонија.

На Филипче му смета успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани.

Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ.

Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДС. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер